Потентниот британски бенд Рејдиохед со новиот албум In rainbows во меѓупросторот на Радио Равел. Но предност и’ даваме на рокенрол дамата Пи-Џеј Харви. Уживајте.

Потентниот британски бенд Рејдиохед со новиот албум In rainbows во меѓупросторот на Радио Равел. Но предност и’ даваме на рокенрол дамата Пи-Џеј Харви. Уживајте.
Во 217 издание на меѓупросторот на Радио Равел, музики од македонската музичка сцена во 2007 година: Беи д фиш, Пиколомини, Мугер Фугер, Дени те чува, Бадмингтонс…
Во ова издание на меѓупросторот на Радио равел, француската кавер-атракција „Нувел ваг“ со снимки од нивниот настап во Универзалната сала во Скопје, но и низ компилации по нивен избор.
Освен дневната обврска со водењето на магазинот од културата „Извесен поглед“ од 12 до 15 часот, и секако, омилениот „Мезанин“, кон крајот на 2007 година сум имал чест да го најавам и концертот на Нувел ваг, бендот кој стекна светска слава со одлични босанова кавери на песни од познати бендови и изведувачи.
Еве едно пост-фестивалско издание на емисијата, во кое слушаме музика од учесниците на деветтото издание на „Таксират“. Тука се Дени те чува, Рундек Карго оркестра, Лајбах…
Еден од најинтересните бендови во првата декада од новиот милениум на домашната сцена, „Дени те чува“, неколку пати беа гости во емисијата. Ова е во очи на излегувањето на новиот материјал. а се навраќаме и на нивниот настап во живо претходниот пат, кога снимивме неколку песни кои останаа во архивата на радиото.
Во последното ноемвриско издание во 2007 година, емисија посветена на мојот омилен чикашки бенд Смешинг пампкинс, по повод излегувањето на нивниот нов албум „Zeitgeist“, кој, секако, го слушаме во целост во вториот дел од емисијата.
Музиката на скопскиот бенд на Сецко е честа појава во магазинот. Овој пат го славиме нивното ново издание насловено „Luckiest woman“.
Во Мезанин број 211, во фокус женските вокали на актуелната музичка сцена, а во целост го преслушуваме новиот соло албум на Трејси Торн, Out of the woods. Екс-вокалистката на Everything but the girl снимила прекрасно остварување, слушнете го 😉