Како “кец на десетка” ми дојде можноста на сребрениот екран да го гледам актуелното остварување на Иво Трајков, “Медена ноќ”, на фестивалот “Браќа Манаки” во Битола, откако пролетта, кога се случи неговата премиера во отворањето на Скопскиот филмски фестивал, не бев во можност тоа да го сторам. Два македонски нови филмови (по премирата на “Лазар”) за само два дена, и тоа не било какви, туку две квалитетни домашни остварувања – полна капа!
Таг архива: трајков
Будење на типичен чешки начин
Кон „Созерцание“ (OCAS JESTERKY aka WINGLESS, 90 мин.) на Иво Трајков
улоги: Давид Швехлик, Карел Зима, Верица Недевска-Трајкова, Магдалена Сидонова
Македонскиот режисер со чешки бекграунд Иво Трајков, професор на ценетата ФАМУ во Прага и почесен амбасадор на македонската култура во Р. Чешка, по адаптацијата на романот на Живко Чинго, „Големата вода“ (2004), се враќа на големото платно со неговото шесто целовечерно остварување насловено „Созерцание“, снимено со чешки пари, но потпомогнато и од македонскиот Филмски фонд. Секако, во меѓувреме да не го заборавиме и авангардниот „Филм“, проект што авторот го снимал со години наназад, а календарски го финишираше во 2007 година.
Иво Трајков во „Филмополис“ 254
Новиот филм „Созерцание“ на Иво Трајков во вечерашниот магазин, во кој гледаме и содржини од Кан, вклучувајќи ги и новите остварувања на Вуди Ален и Стивен Содреберг.
Читај повеќеРазговор со Иво Трајков и екипата на филмот „СОЗЕРЦАНИЕ“
Сè започна од прекрасните инсерти што ги добив, со музика од сугестивните „Ентони енд д Џонсон“. За жал, на крајот не успеале да ги добијат правата за користењето на музиката, и истите сцени изгледаа сосема различно во рамките на филмот. Нејсе. По повод светската претпремиера на филмот, во КИЦ во Скопје прес-конференција за новинарите, која ја покривме во „Филмополис“ број 225, и на која беа присутни, покрај Иво Трајков и Верица Недевска-Трајкова, и тогашниот директор на Филмскиот фонд, Дејан Илиев, кој нагласи дека стратегијата е поддржување условно мали филмови со големо срце, алудирајќи на буџетот од 650 илјади евра со кои беше снимен филмот на Трајков. На пресот во Скопје присуствуваше и дел од чешката екипа во филмот: Јиржи Конечни – продуцент, Давид Швехлих – актер, и Клаус Фуксјегер – кинематографер од Австрија. По половина година, официјална кинопремиера на 12. издание на Скопскиот филмски фестивал, кој по кризата што го зафати, се бараше себеси, сместувајќи се моментно во Кинотеката на Македонија. Еве го и официјалниот кавер на таа фестивалска премиерна вечер на „Созерцание“ (или „Патот на Јозеф“, за оние што заборавија) во „Филмополис“ 251.
Интервју со Иво Трајков, „ФИЛМ“ (MOVIE, 2007)
Овој филм иако е комплетно снимен во Чешка, сепак, претставува македонска копродукција, која соодветно беше промовирана и во нашата држава. Она што Трајков претходно го спомена во интервјуто за „Големата вода“, релативно набргу и се оствари. Недовршениот проект што беше тргнат настрана токму поради екранизацијата на романот на Живко Чинго, конечно ја виде светлината на сребрениот екран. „Movie“ e експеримент пар екселанс, при чие гледање, без исклучок, треба да се вклучат сите сетила, бидејќи станува збор за филозофско промислување на филмската уметност преку концепт зад кој целосно стои Трајков, и како автор и како лик во филмот во кој (наводно) се игра себеси (режисерот). Поради специфичноста на овој едноиполчасовен филм, тој играше во терминот од 22.30 во киното „Милениум“, или во превод: исклучиво за филмофили, иако, ќе прочитате, Трајков не мисли баш така за своето интимно чедо. Читај повеќе
Интервју со Иво Трајков, „ГОЛЕМАТА ВОДА“
Македонскиот режисер со чешко педигре, Иво Трајков, беше еден од првите кој го откри филмскиот потенцијал на Хамзи-пашините конаци во Бардовци за снимање на поголемиот дел од сцените во филмот „Големата вода“. За таа цел беа ангажирани многу локални натуршчици, особено од помладата генерација, поради потребата за снимање масовни сцени, кои во рамките на стариот турски конак и тоа како добија на автентичност.