Како и нашето „Кале“, и Сплит си има своја легендарна тврдина над градот со име „Грипе“, која датира од 17 век и која одиграла значајна улога во одбраната од Османлиите. До неа се стигнува по една од најживописните сплитски улици, „Радуница“, со карактеристичните далматински камени куќи, која од која поубава. Денес во тврдината се сместени Хрватскиот поморски музеј со илјадници артефакти, и, интересно, средното уметничко училиште. „Грипе“ нуди еден од најубавите погледи врз градот од сите страни, а од нејзините ѕидини се гледа и имењачката, легендарната спортска сала „Грипе“, која, како и „Пољуд“, е изградена за потребите на Медитеранските игри во 1979 година.
Архива за категоријата: Илуминации
Сплит, коноба „Хваранин“
Гостите, или подобро, „одомаќинетите“ гости во коноба „Хваранин“ велат дека во оваа прекрасна сплитска кафеана (која се наоѓа на почетокот од старото маало Вели Варош, веднаш по завршетокот на Рива-та кон Марјан) се сретнуваат секој вторник веќе 15, односно 18 години, во зависност дали сеќавањата се повикуваат на почетокот или на крајот од дружбата. Но сите се сложуваат дека ова е вкупно 22 година по ред откако во 1997 година, на нечија иницијатива, веќе не се сеќаваат чија, но тоа не е ни важно, почнале да се собираат токму во овој термин, вторник навечер после осум часот, и така тоа прераснало во дружба со најдолга традиција во Хрватска во поново време.
Полуостров „Пељешац“, Хрватска
Вообичаена пракса при гостување на една писателска резиденција е да имате книжевно претставување во градот во којшто претстојувате, меѓутоа, поради екстремно зголемениот број на туристи и бегството на мештаните и локалната книжевна и културна сцена којзнае каде подалеку од Сплит, мудар потег на домаќинот Маја Вранчиќ и нејзината „Удруга Курс“ беше гостувањето на прекрасниот полуостров Пељешац, кадешто, заедно со хрватските автори Игор Рајки и Дени Борозан, во две последователни вечери, дискутиравме на тема „Книжевност во живо: Разговараме за идентитетот“ и „Низ книжевни средби до ревитализација на заборавените места“, притоа, секако, претставувајќи го и сопствентото творештво пред заинтересираната публика.
Спортско ретро интермецо (Шибенка, Дражен Петровиќ)
При денешната посета на прекрасниот Шибеник, неизбежно беше да тркнам и до Дражен. Овој месец, на 07 јуни, се навршија 26 години од неговата прерана смрт, и многумина во медиумите и на социјалните мрежи го поздравија великанот со вообичаеното „Времето лета, капетане“.
Спортско ретро интермецо (Пољуд, Хајдук)
Да си во Сплит, а да не го посетиш Пољуд, храмот на Хајдук, или сплитските „били“, иако е сезонска пауза, навистина е грев. Стадионот кој асоцира на школка со отворен поглед кон морето над јужната трибина, изграден за потребите на Медитеранските игри во 1979 година, долги години беше најубавиот европски, па и светски стадион, чудо на архитектурата, со кровна конструкција која се држи самата, без додатни столбови.
Охрид и Трпејца, 24 мај 2019
Париз 2012
Во убаво сеќавање на Париз 2012-та, пред да му се случат „Батаклан“ и „жолтите елеци“.
Star ocean – кисело и слатко
Речиси секој ден поминувам покрај него, зад книжарница ми е, и конечно му дојде редот да биде посетен и конзумиран – кинескиот ресторан „Star ocean“ во Скопје.
„Szimpla Kert“ во Будмпешта
Во последнава деценија многу популарни места во Будимпешта, кои функционираат во текот на целото деноноќие, се таканаречените „руинирани пабови“. Приказната започнала со популарниот Szimpla Kert (на сликите), кој се претвори во она што денес е, свратилиште на сите генерации мештани и туристи.
Будимпештанско метро – Жолта линија
М1, или „Жолтата линија“, е најстарата делница на метрото во Будимпешта, кое има уште три линии. Таа е третата по старост воопшто во Европа, по London underground и Mersey railway, а прва во овој дел од Стариот континент. Изградена е од 1894 до 1896 година од страна на германската фирма Siemens & Halske AG со помош на 2000 работници.