Архива за категоријата: Моите книги

Моите книги низ краток синопсис, извадоци и рецензии за нив, вклучувајќи ја и првата, самиздат книга од средината на 90-те ;-)

Рецензија, „Кротки приказни“

пишува: Оливера Ќорвезироска

Непретенциозно, топло, лично колку што треба, сензибилно, спроврено низ секојдневието, но и низ филмовите и стриповите,.. сведоштво за едно растење, духовита прозна ургенција за успех на сопствените доживувања (но и болки)…

Како сите први книги, „Кротки приказни“ на Игор Анѓелков го носи багажот на сопството, на самиот себе спакуван во текст. Но, како сите први добри книги, „Кратки приказни“ носи и навестување дека по „отпакувањето“ на текстот, од него ќе излезат многумина (покрај авторот, се разбира). Конкретно кажано, прозниот првенец на Игор Анѓелков наполно и безрезервно заслужува што станал книга, најмалку поради две причини:
1. расказите се ослободени од општите места и секој одделно носи внимателно одбрана наративна боја;
2. автобиографското стрчејќи од приказните се обидува и да ги извиши. Анѓелков е чесен раскажувач, не го поткаструва автобиографското, но не го ни декорира: му дозволува да
беснее низ текстот толку колку што самото има сила.

Читај повеќе

„Четири“ (Нулта книга, самиздат)

Во пресрет на излегувањето на „Филмски град“, мојата петта книга, се потсетив на книжевните почетоци од средината на 90-те, кога желбата да се објави книга, како и кај секој почетник, беше голема. И тогаш следеа натчовечки напори напишаните раскази да се претворат во самиздат, чии корици станаа рентген снимките на сега покојната ми баба Мина, која сесрдно ми ги отстапи нејзините колена ли, граден кош ли, бубрези ли, сеедно.

Читај повеќе