Архива за категоријата: Книжевност

Како долгогодишен ко-сопственик и уредник во ИЛИ-ИЛИ, во оваа рубрика ќе се обидам да го претставам најдоброто во нашето издаваштво, но и интересот како писател за книгите кои ме воодушевиле и оние кои штотуку треба да ги откријам.

Машина за пишување – кога светот стана покнижевно место за живеење

Неодамна како подарок за роденден добив машина за пишување, иста онаква на која ги пишував своите први прозни обиди. Стариот ми ја носеше од работа за време на викендот, и така добивав прекрасна „играчка“ со која од својата детска фантазија создавав нови светови. Исто така неодамна, посетив еден индустриски музеј во Германија каде дел од поставката содржеше и стари машини за пишување, кои беа вистински празник за очите. Овие среќни околности ги споив во текст посветен токму на тие „чуда“ на кои беа напишани еден куп значајни книги во минатиот век, текст кој, ете уште едно чудо, се случи да биде јубилејната, илјадита (и со бројка: 1000!) содржина на „Херој на еден ден“. Време е за мало славјe, но претходно, читнете го текстот за убавиците кои го обележаа 20 век 😉

Читај повеќе

Гласна дебата со раскажувачот

Кон романот „Мина“; пишува: Павлина Манавска

Со Павлина прв и единствен пат се сретнавме летово во книжарница. Ми кажа дека живее и работи во Германија, и дека ревносно ја следи македонската книжевна сцена. Ми беше драго што во изборот книги беше и мојот актуелен роман. Еве ги нејзините впечатоци по читањето. Сигурен сум дека Мина не била во Келн, но ете, никогаш не вели никогаш 😄

Читај повеќе

Латински цитати, изреки и фрази

Денес од печат излезе „Латински цитати, изрази и фрази“, нова книга во едицијата „Арго“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. Изданието содржи 516 страници и 4856 единици, подредени по абецеден редослед, во предговор, избор, превод од латински и коментари на Светлана Кочовска Стевовиќ.

Читај повеќе

Фото галерија + видео од промоцијата на романот „Мина“

По се’ изгледа, синоќа го дофативме оној магичен момент што нетрпеливо се очекува да се случи на промоциите. Тоа ми го посведочија присутните со насмевките на нивните лица, и тоа е најважно: кога посетителите се супер задоволни. Драги пријатели, Ви благодарам на Вашето присуство на синоќешниот настан во „Буква“, полно ми е срцето!

Читај повеќе

Промоција на романот „Мина“

Почитувани пријатели, утревечер, петок, 15 септември, со почеток во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“, ќе се одржи промоцијата на романот “Мина“. Промотори ќе бидат Ана Мартиноска и Максим Ристески, кои низ разговор со авторот ќе се обидат да дојдат до суштината на ова дело, кое беше објавено во мај како 222 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“. Ова е шеста прозна книга на писателот, а негов четврти роман. Промоцијата е воведен настан на фестивалот „АртАреа“, кој за време на викендот нуди и други возбудливи книжевни доживувања.  

Читај повеќе

Кон изложбата „Ветар параклет“ на Димитрие Дурацовски

Датумот први септември секогаш носел убавини и изненадувања. Едно од нив станува и изложбата „Ветар параклет“ на Димитрие Дурацовски во Националната галерија на Македонија, триесет и кусур години по неговото последно самостојно ликовно претставување пред јавноста. Каква  возбуда!  

Читај повеќе

Кристалот на трпеливоста

Кон романот „Мина“; пишува: Никола Пијанманов

Се радувам на секој осврт кон книга: кус, експресивен, долг, есеистички… Во време кога оние кои тоа треба да го прават не се на ниво на задачата, многу ми значат илуминациите од драги луѓе. Всушност, во нив и единствено верувам.

Никола Пијанманов минатата недела на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ и’ ја „подари“ скулптурата инспирирана и посветена на песната „Есен“ од Рајнер Марија Рилке. Токму германскиот поет е една од референците во освртот кон романот „Мина“, кој Пијанманов го дочитал деновиве, во време кога и тој има причини за прослава на својата уметност. Велат дека писателот целиот живот пишува само една книга. Но Никола во освртот споменува и еден многу битен, клучен збор – трпеливост. Чинам дека тука лежи сета магија при создавањето на едно дело.

Читај повеќе

„Хрониките за Мало и Вело мисто“ од Миљенко Смоје

По повод 100-годишнината од раѓањето, промоција на реизданијата на култните книги на Миљенко Смоје, „Хрониките за Мало и Вело мисто“, на затворањето на „Сплитско лето“. Учествуваа Феѓа Клариќ, Јосип Антиќ, Ивица Иванишевиќ и дизајнерката на кориците (и кутијата), Тисја Кљаковиќ Браиќ.

Читај повеќе

Промоција на творештвото на Снежана Младеновска Анѓелков во Сплит

Во пријатна атмосфера и со убава посетеност (со оглед на тоа дека се работи за врв на летната сезона), синоќа во градината на одделот „Далматина“ на градската библиотека „Марко Марулиќ“ се одржа меѓународниот книжевен разговор „Диску(р)сија“ со Снежана Младеновска Анѓелков и Лујза Бухаруа од Хрватска, во рамките на „69. Сплитско лето“. Разговорот одлично го водеше преведувачката и промоторка Патриција Хорват.

Читај повеќе

Куса импресија за романот „Мина“

пишува: Максим Ристески

Игор, здраво, како си? Ја прочитав „Мина“, и многу ми се допадна. Настрана од тоа што Мина објективно била изразито колоритна личност (статистички контрастна), ти мајсторски топло ја сугерираш нејзината субјективна особеност за тебе, често новооткриена (во процесот на градење на романот), со сила на откровение што ја пренесуваш и низ симболиките со многу питка асоцијативна, интерактивна моќ.

Читај повеќе