„We could be heroes just for one day“, David Bowie
Архива за категоријата: Книжевност
Како долгогодишен ко-сопственик и уредник во ИЛИ-ИЛИ, во оваа рубрика ќе се обидам да го претставам најдоброто во нашето издаваштво, но и интересот како писател за книгите кои ме воодушевиле и оние кои штотуку треба да ги откријам.
Не знам колку е општо познат тој податок, но Боуви многу сакал да чита книги. Во неговите неофицијални и авторизирани биографии, неретко се нагласува и тој податок. Покрај музиката, и литературата била неговата страст. Се’ е фино објаснето во следната изјава, која покажува колку момакот бил срце од човек. Затоа што, човек што чита и има голема домашна библиотека – не може да биде лош човек 😉
Утрово ме дочека веста за заминувањето од овој свет на мојот омилен современ американски писател Пол Остер. Тој беше единствениот автор од другата страна на Атлантикот чии книги ги чекав со голема нетрпеливост. За жал, не на македонски јазик, бидејќи кај нас, ако добро паметам, му се преведени вкупно четири книги, од кои само за едната сум сигурен дека има совршен превод. Со останатите три се обидов, но набргу ги ставив на страна и ги заборавив. А работата добро тргна: „Табернакул“ на македонски јазик ја објави „Њујоршка трилогија“, камен-темелникот во неговиот книжевен опус, но потоа Остер беше заборавен, освен оние неколку неуспешни обиди за кои не сакам да пишувам.
На денешен ден во 1926 година е родена американската романсиерка Нел Харпер Ли, чиј роман „Да се убие птицата подбивница“ (To kill a Mockinbird) ја освои Пулицеровата награда во 1961 година. Со тоа Ли стана вистински раритет меѓу писател(к)ите, бидејќи само со една објавена книга таа стана класик во модерната американска и светска литература.
Црешата во дворот расцветала до крајност. Најавува сочна пролет. Сашо ужива во уреденоста на дворот на неговата мајка, која ја посетува кога може, најчесто за време на викендот. Татко му почина пред неколку години и оттогаш мајка му остана да живее сама во куќата, која беспрекорно ја одржуваше. Исто како и дворот и градината пред неа. Десетици цвеќиња наредени по вид и боја ги красеа леите крај бекатонските патеки што водеа кон влезот од куќата. Таа беше на два ката, со намера на горниот да живее Сашо со неговото семејство. Барем таков беше планот. Но, тој фати друг правец во животот, отиде да живее во градот и, еве, викендите останаа единствени денови за посета на неговата мајка. Секако, тој и во текот на неделата тркнуваше до родната куќа доколку се појавеше потреба за тоа, и онака живееше недалеку оттаму, на петнаесетина минути, во зависност од густината на сообраќајот. И како што поминуваше времето, сè повеќе сакаше да престојува тука, каде што порасна и каде што навистина имаше безгрижно детство. Едноставно, тука го наоѓаше својот мир, оној што одамна се загуби со безглавото трчање од една до друга обврска што од ден на ден го изморуваа и обезглавуваа.
Деновиве од печат излезе нова ИЛИ-ИЛИ книга. Се работи за романот „Црвените очи“ од белгиската писателка Миријам Леруа, во превод од француски на македонски јазик на Светлана Јовановска.
Во вторникот вечер имавме прекрасна можност да присуствуваме на двоен настан во чест на славниот руски писател Антон Павлович Чехов. Во 19 часот во фоајето на Македонскиот народен театар се одржа промоцијата на книгата „Иванов, две верзии (1887/1889)“, а еден час подоцна ja гледавме и театарската претстава на сцената на МНТ, кој продукциски стои зад обете задоволства.
По повод роденденот на славниот дански писател Ханс Кристијан Андерсен (1805-1875), на 2 април се прославува Меѓународниот ден на книгите за деца. Оваа година пораката стигнува од Јапонија, а насловот е „Преку морето на крилјата на фантазијата“, а авторка е Еико Кадоно, познатата јапонска писателка, добитничка на наградата „Х. К. Андерсен“ за 2018 година. Ликовното решение на постерот е на популарната јапонска уметница Нана Фурија.
Деновиве од печат излезе новата книга од Калина Малеска насловена „Светот што го избрав“. По збирките раскази, теориската книга и сликовницата за најмладите во издание на ИЛИ-ИЛИ, Малеска по десет години објавува и нов роман.
Малкумина знаат дека САД и Русија копнено се разделени само неколку километри. Имено, Диомедовите острови кои се наоѓаат во Беринговиот теснец меѓу себе се раздалечени само 4 километри, што ја означува и најблиската копнена раздалечина меѓу овие две држави. Островите ги заплиснуваат водите на Чукотското море од север, и на Беринговото море од југ, и му беа голема инспирација на италијанскиот писател Умберто Еко да го напише својот трет роман.