
Кон романот „Малите прсти“ од Филип Флоријан (ИЛИ-ИЛИ, 2017)



(документаристичка приказна)
На покана на мојот драг пријател Владимир Јанковски, и на обострано големо задоволство, и оваа приказна стана дел од збриката раскази која навлегува во темата за ‘Другиот’, нешто што интелектално ме провоцира со години наназад, иако по прифаќањето за создавање на истата и’ претстоеше обмислување, пишување, оживување… За нејзиното присуство на овие страници пред се’ е заслужен Благоја Иванов, кому и му го посветувам овој мој краток ракопис, пишуван по неколкугодишна апстиненција, чувствувајќи дека ова враќање на страниците од бела хартија кои треба да бидат испишани со безброј зборови и значења, е добар мотив конечно да седнам и да го напишам мојот следен роман, кој долго го пишувам во главата, но никако да го оформам во конкретен текст.
Читај повеќе„Готленд“ е трогателна приказна за критичкиот ум под стегите на комунистичкиот режим, соочен со апсурдни ситуации, додека приватниот живот перверзно бил искористуван од властите, со цел да биде замолчен.
Главните ликови на „Готленд“ се: основачот на познатата фабрика за чевли „Бата“, славниот естраден пејач Карел Гот, љубовницата на нацистот Гебелс, скулпторот на најголемиот споменик на Сталин во светот, внуката на Кафка, која им го давала своето име на користење на автори ставени на црна листа во комунистичкиот режим за да може и понатаму да издаваат, младото момче кое се самозапалува по угледот на Јан Палах, 30 години по неговата смрт, познатиот чешки драматург Јан Прохаска и многу други.

Во овој роман сите се сираци. Девојчето посвоено кон крајот на четириесеттите (Ромче посвоено од Евреи што го преживеале Холокаустот), нејзините воспитувачи, родителите, нејзиното дете и сопругот, сите роднини и познајници: сите без исклучок недостатокот на љубов го сметаат за единствена прифатлива состојба што можат да ја доживеат. Луѓето си го живеат својот живот во една трошна галерија на една зграда со излупени ѕидови и мириси на варила, тука се борат за живот, на дофат на бедата и оддалечени светлосни години од животот што го замислуваат како нормален. Сепак, задушените емоции понекогаш избиваат и на тие точки се менува нивниот живот. Тој потиштувачки, тесен, но истовремено и проѕирен свет го преставува аквариумот.
Читај повеќе
„Југославија, моја дежела“ раскажува за триесетгодишниот Владан Боројевиќ, кој со својата мајка живее во љубљанскиот кварт „Фужине“, метафора за „Југославија во мало“, место кое постојано се менува и добива нов облик. Тој преку Интернет дознава дека неговиот татко, поранешен офицер на ЈНА, не е мртов, како што му кажала неговата мајка пред седумнаесет години. Владан, кој е дете од мешан брак, веднаш тргнува на патување низ бившите југословенски републики за да ја дознае вистината за сопствениот татко и неговото семејство. На тоа патување, Војнович на прекрасен начин успева попатно да ги протне големите прашања за смислата на војната, семејството, жртвувањето, отуѓувањето… Насловот на романот е мотивиран од популарната парола во осумдесетите години во Словенија, која гласи: „Словенија, моја дежела“.

„Календарот на Маите“ е роман за љубовта, но и за староста, за минливоста на времето. За насловот, авторот бил инспириран од романот „Под вулканот“ од англискиот автор Малколм Лаури, кој зборува за елиптичноста и релативноста на времето и во него впишаните животни судбини. Календарот е симбол на двојственостa што времето во својата минливост, во своето течение и во новото започнување, секогаш ја подразбира. Во верзијата на Фериќ тоа е приказна која жанровски покрива разнолико подрачје, тоа е семејна сага, љубовен, еротски, општествен роман, роман за убавината и за ужасот, за сѐ она што на овој или оној начин го дефинира животот на човекот. Или да се „заузди“ смртта, што е еден од лајтмотивите на Фериќ.
Читај повеќе
Врз основа на членовите 1, 2, 7, 12, 16, 17 и 18 од Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на Р.М.“ бр.52/06, бр.54/07 и 74/12) и Правилникот за работа, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев –Јасмин“, на седницата одржана на 30.11.2015 година донесе Одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев –Јасмин“ во 2015 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија на м-р Игор Анѓелков и проф. д-р Мишо Нетков.

Игор Анѓелков, автор на „Филм.мкд“: Отсекогаш знаев дека она што го работам еден ден ќе осамне во книга
Денес во Македонија се снимаат многу повеќе филмови од порано, но гранката која потфрлува е издавање филмска литература која ќе се надоврзе на таа тенденција, вели Анѓелков во интервју за „Република“
Разговараше: Александра М. Бундалевска
Фото: Ѓорги Личовски

Почитувани,
утревечер започнува 14. издание на фестивалот на европски филм (Хотел) Синедејс, во чии рамки во понеделник, на 16 ноември, во 19 часот, во Галеријата на МКЦ, ќе се случи промоцијата на книгата ФИЛМ.МКД на Игор Анѓелков. За книгата ќе зборуваат Роберт Насков и Мими Ѓоргоска Илиевска.
