Дејствието на романот „Малите прсти“ на Филип Флоријан, окарактеризиран како дело со оригинален, нов јазик, се случува во еден малечок град во Романија, во кој е откриена масовна гробница покрај една римска тврдина. Прашањето кое сите си го поставуваат е дали се работи за жртви на средновековието, или за безимени мртви од времето на комунизмот? Младиот археолог Петруш решава да ги преземе работите во свои раце и да ја расветли мистеријата која сите ги измачува. Во кратки црти, во овој возбудлив роман од двесте страници авторот успеал на едно место да ги спакува вистинската историја, верскиот аџилак, водењето на кривична постапка, рецептот за печење на гулаби, и секако, љубовната приказна. Антологиски!
Архива за категоријата: Скопје
„Првобитните нешта“ од Бруно Виејра Амарал
Во својот прв роман „Првобитните нешта“, Бруно Виејра Амарал се навраќа во замисленото маало Амелија, кое се наоѓа на јужниот брег на реката Тежо, во Вале да Амореира, во регионот Сетубал, кадешто самиот тој пораснал, и од каде што секојдневно го гледал градот Лисабон, токму отаде брегот од другата страна на Тежо. Имено, делото комуницира со биографијата на Амарал, но, самото по себе не е автобиографско.
„Во 3 наутро“, изложба на фотографии на Иван Блажев
Во галеријата на Кинотеката на Македонија, на 14 декември (среда), во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии и ќе биде промовирана фотокнигата „Во 3 наутро“ од фотографот Иван Блажев. Промотори на книгата се Владимир Мартиновски и Игор Анѓелков, а изложбата ќе може да се посети до 28 декември 2016 година.
Обраќањето кон бројната публика отприлика течеше на оваа линија:
„Најпрвин, му благодарам на Иван Блажев за поканата да бидам еден од промоторите на вечерашнава изложба, и секако, благодарност и за Вашето присуство вечерва, во едно мачно, постизборно Скопје.
Кога го прашав Иван: Зошто јас како промотор на неговата нова изложба?, тој ми спомена дека му дошле два аспекта на ум – издавачкиот и филмскиот, но јас би го додал и третиот аспект – неверојатното слично, да не речам исто размислување во однос на неговата работа сиве овие години наназад.
Кон „Ослободување на Скопје“ на Раде и Данило Шербеџија
Како и во многу наврати во блиското ни минато, и премиерата на филмот “Ослободување на Скопје” беше долго најавувана вест, за конечно (светската) да се случи летово на легендарниот филмски фестивал во Пула, а македонската на стандардното место, на фестивалот на филмска камера “Браќа Манаки” во Битола. Судбината на скопската кино-премиера пак, ја одложија неочекуваните тектонски поместувања на плочата под нашево Скопје, на што не беше имун кровот на киното “Милениум”. Во меѓувреме филмот беше прикажан и во Сараево и Финска, за конечно, на 1 октомври , да дојде до пошироката македонска кино публика.
„ГОТЛЕНД“ од Мариуш Шчигел
Готленд“ е трогателна приказна за критичкиот ум под стегите на комунистичкиот режим, соочен со апсурдни ситуации, додека приватниот живот перверзно бил искористуван од властите, со цел да биде замолчен.
Главните ликови на „Готленд“ се: основачот на познатата фабрика за чевли „Бата“, славниот естраден пејач Карел Гот, љубовницата на нацистот Гебелс, скулпторот на најголемиот споменик на Сталин во светот, внуката на Кафка, која им го давала своето име на користење на автори ставени на црна листа во комунистичкиот режим за да може и понатаму да издаваат, младото момче кое се самозапалува по угледот на Јан Палах, 30 години по неговата смрт, познатиот чешки драматург Јан Прохаска и многу други.
„Аквариум“ од Кристина Тот
Во овој роман сите се сираци. Девојчето посвоено кон крајот на четириесеттите (Ромче посвоено од Евреи што го преживеале Холокаустот), нејзините воспитувачи, родителите, нејзиното дете и сопругот, сите роднини и познајници: сите без исклучок недостатокот на љубов го сметаат за единствена прифатлива состојба што можат да ја доживеат. Луѓето си го живеат својот живот во една трошна галерија на една зграда со излупени ѕидови и мириси на варила, тука се борат за живот, на дофат на бедата и оддалечени светлосни години од животот што го замислуваат како нормален. Сепак, задушените емоции понекогаш избиваат и на тие точки се менува нивниот живот. Тој потиштувачки, тесен, но истовремено и проѕирен свет го преставува аквариумот. Читај повеќе
„ЈУГОСЛАВИЈА, МОЈА ДЕЖЕЛА“ од Горан Војновиќ
„Југославија, моја дежела“ раскажува за триесетгодишниот Владан Боројевиќ, кој со својата мајка живее во љубљанскиот кварт „Фужине“, метафора за „Југославија во мало“, место кое постојано се менува и добива нов облик. Тој преку Интернет дознава дека неговиот татко, поранешен офицер на ЈНА, не е мртов, како што му кажала неговата мајка пред седумнаесет години. Владан, кој е дете од мешан брак, веднаш тргнува на патување низ бившите југословенски републики за да ја дознае вистината за сопствениот татко и неговото семејство. На тоа патување, Војнович на прекрасен начин успева попатно да ги протне големите прашања за смислата на војната, семејството, жртвувањето, отуѓувањето… Насловот на романот е мотивиран од популарната парола во осумдесетите години во Словенија, која гласи: „Словенија, моја дежела“.
Кон “ЏГАН” на Вардан Тозија
– Јас во оваа држава никогаш не сум бил млад.
– Го делам истото чувство.
– Веројатно и јас!
„Филм.мкд“, промоција, press release
Почитувани,
утревечер започнува 14. издание на фестивалот на европски филм (Хотел) Синедејс, во чии рамки во понеделник, на 16 ноември, во 19 часот, во Галеријата на МКЦ, ќе се случи промоцијата на книгата ФИЛМ.МКД на Игор Анѓелков. За книгата ќе зборуваат Роберт Насков и Мими Ѓоргоска Илиевска.
„Физика на тагата“ од Георги Господинов
Како ретко која книга од балкански автор досега, „Физика на тагата“ го „полуде“ светот. Еве дел од импресиите:
Оваа книга е лудост! Таа е неверојатна и нервозна, сентиментална, одразувачка, страшно смешна, потресителна , колку филозофска, толку и поетична, микроскопска и грандиозна. Накратко: чудесна! Berliner Zeitung
Читај повеќе