Таг архива: Лабина

Нормалноста како привид

Кон „Господ постои, името и’ е Петрунија“ на Теона Митевска

Со широко отворени порти за експериментирањето со филмскиот јазик, Берлинскиот филмски фестивал во последнава деценија се одвои од неговите „соперници“, филмските фестивали во Венеција и во Кан, и наметна свој критериум при вреднувањето на новините во седмата уметност. Во очекување на можност за гледање на годинашните победници во различни категории, се’ уште се свежи сеќавањата на минатогодишниот лауреат, контроверзниот романски доку-филм „Touch me not“ на Адина Пинтили, потоа, на унгарскиот победник во 2016 година „On body and soul“ на авторката Илдико Ењеди, како и на редица случаи претходно, кои само го потврдија непишаното правило дека еден од трите престижни „А“ фестивали на Стариот континент си фати своја траекторија на движење, и нема враќање назад.

Читај повеќе

Кон „Кога денот немаше име“ на Теона Митевска

Изминативе денови се крена многу врева и прав околу новото остварување на Теона Митевска, „Кога денот немаше име“. Како фино маркетиншко надоврзување на фокусот врз филмот, продуцентите се решија, по македонската премиера на „Браќа Манаки“ минатиот месец, а во пресрет на неговата кино-прикажувачка премиера која стартува в четврток, на 12 октомври, да организираат две бесплатни претстави во рамките на „Бела ноќ“ во саботата, што беше одлична можност да се види овој едноиполчасовен филм заедно со шаренолика публика љубители на Седмата уметност, без помпезностите кои ги носи гала премиерата.

Читај повеќе

Интервју со Tеона и Лабина Митевски, „ЖЕНАТА ШТО СИ ГИ ИЗБРИША СОЛЗИТЕ“

По осумте фестивалски денови исполнети со, за разлика од претходните години, помал број филмови, и секако, релативно солидната посетеност од страна на домашната публика, 15-тото издание на Скопскиот филмски фестивал најдоброто го чуваше за последниот ден. Еден домашен фестивал мора во рамките на својата програма да има македонско целовечерно остварување, и ако лани тоа беше случај со Панкот не е мртов на Владимир Блажевски на отворањето, овој пат го видовме Жената што си ги избриша солзите’ на Теона Митевска на затворањето на фестивалот.  Веројатно со воведот во емисијата сум кажал сè, па останува само да го пренесам комплетниот текст од прилогот во „Филмополис“ број 392, во кој ја покривме премиерата на третото остварување на сестрите Митевски. И овој пат свесен за одредени слабости на филмот, сепак, во однос на нејзините две претходни остварувања, „Жената што си ги избриша солзите“ е солиден филм, кој има европски шмек. Токму затоа и доби позитивна и преодна оценка во рецензијата во „Нова Македонија“. На крајот од краиштата, важно е работите да одат напред… или можеби само стареам и омекнувам? Којзнае.   

Читај повеќе

Не, Чехов не живее тука!

Кон „Јас сум од Титов Велес“ (I AM FROM TITOV VELES, 102 мин.) на Теона Стругар Митевска

улоги: Лабина Митевска, Ана Костовска, Николина Кујача, Џевдет Јашари, Петер Мусевски


Читај повеќе

Разговор со Теона и Лабина Митевски, „ЈАС СУМ ОД ТИТОВ ВЕЛЕС“

Како и „Сенки“ на Манчевски, и второто остварување на Теона Митевска „Јас сум од Титов Велес“ го следевме во неколку етапи. Првата од нив беше фестивалската премиера во Битола. Сестрите Митевски ги интервјуиравме во горниот хол, веднаш по импресиите од првата прикажувачка претстава на нивниот нов филм. И додека Лабина загрижено гледа и внимава што ќе каже нејзината сестра, Теона опуштено зборува за истражувањето, градот Велес и машко-женските односи во филмот. Еве ги интегрално текстот на прилогот и изјавите на соговорничките.  Читај повеќе

Разговор со Сергеј Станојковски, „КОНТАКТ“

„Контакт“ на Сергеј Станојковски го следевме уште од неговиот зачеток. Првата клапа се случи на 8 ноември, а последната на 18 декември 2004 година. Се снимаше на локации во Скопје и околината. Сè тоа беше во ред, освен приказната за Сергеј Станојковски, кој беше тотална непознаница за пошироката македонска јавност. Човекот што студирал камера на филмската академија во Загреб, па се префрлил на документарен филм и режија на славната ФАМУ во Прага, доби шанса да го сними своето прво целовечерно остварување со тежината на фактот дека неговиот филм е прв од Македонија што доби поддршка од европската Еуроимаж, сон на секој европски филмаџија. Продуцент од германска страна беше Марчело Бусе, а од македонска Томи Салковски.

Читај повеќе

Кон „КАКО УБИВ СВЕТЕЦ“ на Теона Митевска

За жал, филмот на Митевска е единствениот македонски филм за кој не успеав да интервјуирам барем еден од авторите на филмот или членовите на екипата. Подоцна, кога кинематограферот Ален Маркоен ќе биде гостин на фестивалот „Браќа Манаки“ (оној контроверзниот, што се одржа во Скопје) го прашав за искуството од снимањето во Македонија, но тој не кажа ништо особено што би можело да влезе како импресија и која вреди да се спомене и запише.

Читај повеќе