Таг архива: премиера

Кон „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски

Розевата овца не’ пречекува пред киното и не’ мами да се сликаме со неа. Чекај, прво да го видиме филмот, велам, па ќе се фотографираме, да не не’ измами! Таа изгледа розево, невино и наивно, но сепак ќе судиме за неа по гледањето на филмот, не паѓајќи во стапицата на многумина околу нас кои се дрзнуваат да го споделат своето мислење пред да погледнат, пред да прочитаат, пред да истражат… Живееме во површни времиња.

И да!!! Имајќи го на ум краткиот филм „Налепница“ со преку 30 фестивалски награди ширум светот, кој сериозно ме помести предизвикувајќи ми солзи на очите во таа последна клучна сцена во која се соочуваат таткото и ќерката, дебитантското остварување на младиот Георги М. Унковски е полн погодок од многу аспекти. Ќе се обидам во продолжение што е можно поедноставно да ги објаснам, како што тој го прави тоа во приказната која навидум е едноставна, а истовремено е и филозофска и длабоко човечна.

Читај повеќе

Премиера на „Франц“ на Агњешка Холанд

Синоќа стартуваше новото издание на угледниот филмски фестивал во Торонто, Канада, каде вечерва продолжуваат возбудувањата со веројатно најочекуваната премиера годинава, онаа на филмот „Франц“ на полската режисерка Агњешка Холанд. Се радувам што после три ипол децении некој се нафати да се наврати на приказната за омилениот Франц Кафка, откако во 1991 година Стивен Содерберг сними незаборавно црно-бело ремек-дело со Џереми Ајронс во главната ролја, во кое суптилно се испреплетуваат биографските елементи од животот на писателот со фикцијата од неговите класици како „Процес“, „Замок“ и се разбира, „Америка“.

Читај повеќе

Сокуров се враќа „дома“

Синоќа стартуваше 82-то издание на венециската Мостра, со филмот „La Grazia“ на Паоло Сорентино. Програмата “Хоризонти”, пак, ја отвори новиот филм „Мајка” на Теона Митевска. На најстариот филмски фестивал во светот многу славни филмаџии ги претставуваат своите нови проекти, а меѓу нив и големиот руски режисер Александар Сокуров, кој се враќа „дома“, во Венеција, со документарниот филм „Дневникот на режисерот”.

Читај повеќе

„Крстопати“ на фестивал во Берлин

Утре започнува второто издание на Интернационалниот фестивал за краток филм „Абас Кјаростами“ во Берлин, посветен на магот на иранската и светската кинематографија, кој во 1997 година ја освои „Златната палма“ во Кан за прекрасниот филм „Вкусот на црешите“.

Читај повеќе

Промовиран едукативно-документарниот филм „Бела книга – женско писмо“

На Денот на македонската азбука и на македонскиот јазик, денес точно напладне, во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ беше промовиран едукативно-документарниот филм „Бела книга – женско писмо“ на Снежана Младеновска Анѓелков.

Читај повеќе

Кон „Кајмак“ на Милчо Манчевски

Откако маркетиншки одлично беше одработена задачата по светската премиера на Интернационалниот филмски фестивал во Токио, на која се надоврза учеството на ценетиот фестивал „Golden horse“ во Тајван, новиот филм „Кајмак“ на Милчо Манчевски ја доживеа и својата домашна премиера, а веќе од следниот ден и широката дистрибуција низ македонските кина. Информациите за одличниот прием на филмот во азиските земји, каде вообичаено се бара билет повеќе за проекциите бидејќи љубителите на седмата уметност, за разлика од нашите фестивали, ги полнат кино-храмовите до последното место, беа навистина пријатни за конзумирање. Во време кога баш и не слушаме и читаме позитивни информации на сите полиња од општественото живуркање, епиететот „мрсна сатира“ ја заголицка фантазијата на овдешната јавност, надополнет со еротските сцени од трејлерот на филмот. Со тоа беа создадени сите услови за филмски спектакл, кој со повторувањето на промотивната формула од претходникот „Врба“, се случи во прекрасната филхармониска сала во Скопје.

Читај повеќе