По повод настанот „Скопје звучи добро“, вечерва ги слушаме Faithless, Express 2, и секако, фаворитите Тивери. Енџој 😉

По повод настанот „Скопје звучи добро“, вечерва ги слушаме Faithless, Express 2, и секако, фаворитите Тивери. Енџој 😉
Француската босанова кавер атракција „Нувел ваг“, крстена според „Новиот бран“ во француската кинематографија на Годар, Шаброл, Мал и останатите махери, во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел. Опуштено и фино поминато време крај радио приемникот 😉
Како што кажува и самиот наслов, една медли емисија со домашни и странцки музички убавини. Ставајте слушалките и уживајте 😉
Современите њујоршки блуз херои во вечерашниот блуууууз Мезанин. Бидете подготвени за добро шоу!
Доволно темни за да ги споредат со Џој дивижн, доволно модерни за да фураат свој звук. Дами и господа, во вечерашниот фокус неизбежните њујоршки даркери „Интерпол“.
Панк, Њу вејв и што уште не од музички богатите 70-ти години на минатиот век. Олди, бат голди. Стеј тјунд 😉
Сто емисии, сто двочасовни шоуа со ултра квалитетна музика, време е за прослава и за слушање на Грејтес хитс, или Грејтес шитс, како сакате. Бидете со нас на 96ФМ!
Џони Штулиќ со интервју повторно ги разбранува страстите на екс-ЈУ просторите. Вечерва посветa на неговата Азра, но и на останатите музики кои ги сака(в)ме и со кои пораснавме и созреавме.
Real gone е новот музичко чедо на „лошото момче“ Том Вејтс, доволно причини да се потсетиме и посветиме на неговата богата дискографија.
Мистер мадрфакин мјузик Гад со неговата дружина има нов албум, и тоа двоен! Дами и господа, време е за прослава!!!