Таг архива: Скопје

Конечно, скопските графити скоцкани во прекрасно книже насловено „(До)Живеј го Скопје“

Да, да, конечно сето она што со години наназад го архивирав, а беше создадено од скопските графити мудреци и уметници, ќе ја види светлината на денот благодарение на книгата насловена „(До)Живеј го Скопје“. Главен „виновник“ за нејзиното излегување е Матеј Богдановски, кој откако по којзнае кој пат постирав пар графити на ФБ, ми пиша дека и тој го прави истото со години, и се согласивме дека мораме да ги споиме архивите и дека од ваквите заеднички соработки можат да произлезат само убави нешта. Така и се случи.

Читај повеќе →

Шапкар Перо

Секогаш кога шетам низ чаршијата, поминувам крај „Шапкар Перо“. Ова дуќанче во златарската улица морам да го ѕирнам, фрлајќи поглед врз актуелната понуда, особено откако во последниве години лете-зиме носам качкет.

Читај повеќе →

Урбаниот профил на Скопје во современата проза

Денеска во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик, во организација на Институтот за македонска литература од 10 до 15 часот се одржа конференцијата насловена „Урбаниот профил на Скопје во современата проза“. Проектот кој Институтот го реализираше со поддршка од Град Скопје имаше за цел да ни го претстави главниот град како инспирација во прозното творештво на македонските писатели од старата, средната и новата генерација. По воведното обраќање на директорката Наташа Аврамовска, најпрво ја проследивме промоцијата на зборникот „Писменото и книжевното културно наследство на Скопје и скопско“ на Маја Ангеловска-Панова, а потоа претседателката на одборот Соња Стојменска-Елзесер направи пресек на проектот кој ќе се случува и во следните две години.

Читај повеќе →

Осврт кон збирката раскази „Двојна експозиција“

Доктор Тони Ќосев е ценет професионалец од Струмица, љубител на уметностите, и пред се’, пасиониран читател. Како редовен впивач на изданијата на ИЛИ-ИЛИ, тој одвои време и напиша осврт кон новата збирка раскази „Двојна експозиција“, која ја пренесувам во целост. Голема благодарност!!!

Читај повеќе →

Излетничко место и парк „Сарај“

Пријатно изненадување беше прошетката низ паркот во Сарај, кој многу одамна не сум го посетил. Излетничкото место каде вообичаено не’ носеа на екскурзија во основно училиште и понатаму е вистински бисер за опуштена прошетка.

Читај повеќе →

Скопски графити 2.0

Почнувајќи нешто пред пандемијата, па се’ до денес (што значи – цирка две години), одејќи или возејќи велосипед низ скопските улици ги забележував актуелните скопски графити и ги ставав на ФБ, каде наидуваа на прекрасни коментари – од политички до хумористични. Во овој текст ги собирам на едно место, фино надоврзувајќи се на претходните текстови на оваа тема.

Читај повеќе →

„Скопје во високата зона“ од Калина Малеска

Денес од печат излезе нова книга во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, збирката раскази „Скопје во високата зона“ од Калина Малеска.

Читај повеќе →

Суптилните бои на Бит-пазар

Еден од најубавите пазари на Балканот го посетував уште од мал. Во меѓувреме, признавам, одамна не сум стапнал таму. Денес, по игра на случајот, се втурнав во богатството од бои и мириси на ова парче автентично скопско тло. Приказната тече низ фотографии, штракнати ад хок, како моментна инспирација. На нив има од се’ по нешто. Или, како што вели еден ФБ пријател, тие го содржат „целиот Блиски исток, ориент, па се’ до централна Азија, но и северна Африка и земјите на Магреб“. Уживајте 😉

Читај повеќе →

„Интермецо“ во „Нова машина“

Повеќето од нас се сеќаваат кога ЈРТ правеше пауза во програмата, на еден телоп беше испишано „Интермецо“ и одеше музика до следната програмска содржина. Деновиве се интермецо од летните горештини. Всушност, најбитните работи се случуваат во „интермецата“ од нашите животи, а не во она рутинско секојдневие.

Во магазинот „Нова машина“, кој најчесто ја третираше алтернативната македонска музичка сцена, во просторот помеѓу, во една фина меѓу-рубрика едноставно наречена „Интермецо“, успевав да провлечам триминутни клипчиња, колку што отрпилика е времетраењето на една песна, како оддишка од „сериозните“ музички теми. Во архивата сум успеал да зачувам еден од нив, во кој можете да видите многу карактеристични „скопски ситуации“: љубење крај Вардар, кучиња скитници, шмекање во парк, комарџии под мост, рибари денгубџии и уште еден куп драгоцености.

Читај повеќе →

Графити за Вас, прекрасни луѓе!

Отсекогаш сум ги обожувал графитите како слободна форма на изразување, бидејќи приказната е толку едноставна: имате ѕид, имате спреј во раката, добра мисла или талент за цртеж, и магијата се случува веднаш, тука и сега. И не ви треба ништо повеќе! Ова се моите два ТВ обида за сублимирање на графити искуствата во неколкуминутни прилози емитувани во магазинот „Нова машина“.

Читај повеќе →