Авторска архива: Игор Анѓелков

12. Cinedays во „Филмополис“ 462

Дванаесеттото издание на скопскиот филмски фестивал во новото издание на магазинот.

Читај повеќе

Актуелни наслови на познати филмски имиња во „Филмополис“ 461

Сталоне-Шварценегер, Џеки Чен, Роберт Родригез, Харисон Форд, браќата Коен, Џад Ло, браќата Вачовски… во главните ролји во новото издание на магазинот.

Читај повеќе

Изабел Ипер, интервју/омаж

Триесетминутната средба со фестивалската ѕвезда Изабел Ипер на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола предизвика голем интерес кај публиката, која имаше можност да се сретне со една од најдобрите европски актерки на својата генерација. Ипер со својот настап покажа и докажа како треба да се однесува една наградувана актерка од француска провиниенција: одговараше кратко и јасно, со дозирана иронија што можеби ќе ви се допадне, а можеби и не, зависи од тоа колку лично го сфаќате нејзиното гостување на фестивалот што го следите со години.  Читај повеќе

4. Ехо фестивал во „Филмополис“ 459

Се’ за новото, четврто издание на фестивалот на планински филм од интервјуто со Александар Зарапчиев во новото издание на филмскиот магазин на ТВ Телма.

Читај повеќе

„Балканот не е мртов“ во „Филмополис“ 458

Конечно, кино премиера на „Балканот не е мртов“ на режисерот Александар Поповски. Разговор со продуцентот, актерите…

Читај повеќе

Новиот германски филм во „Филмополис“ 457

Новите остварувања од германската кинематографија новите актуелни документарни и целовечерни филмови во новото издание на магазинот.

Читај повеќе

Разговор со Игор Иванов Изи, „СОБА СО ПИЈАНО“

Како и снимањето на филмот на Поповски, „Балканот не е мртов“, и второто играно остварување на Игор Иванов се случуваше во една од халите на Скопскиот саем, каде што во камерна атмосфера исполнета со електрицитет токму за време на присуството на екипата на „Филмополис“, протагонистите во филмот, продуцентот и режисерот се обидуваа да останат ментално „во филм“ за да го истераат планираниот дневен план на снимање во целост. Сето ова го покривме во магазинот со реден број 397, преку чиј текст ги кажуваме речиси сите поединости за филмот. Секако, самиот прилог содржеше и изјави на режисерот Иванов и продуцентот, истовремено и директор на фотографија Томи Салковски, меѓутоа поради некои други настани што следеа, сметавме дека е посоодветно да оди целото интервју со Иванов по премиерата на филмот. Читај повеќе

Интервју со Игор Иванов во „Филмополис“ 456

Разговор со режисерот на новиот актуелен македонски игран филм „Соба со пијано“, кој својата премиера ја имаше минатиот месец на „Браќа Манаки“.

Читај повеќе

Изабел Ипер во „Филмополис“ 455

Фокус на животот и делото на единствената Французинка, една од најдобрите европски актерки во последниве пар декади, со која имав чест да помуабетам за време на нејзиното гостување на битолскиот фестивал.

Читај повеќе

34. ИФФК „Браќа Манаки“ во „Филмополис“ 454

Случувањата на 34 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола во новото издание на филмскиот магазин на ТВ Телма.

Читај повеќе