Не сум човек кој сака свечености, отворања и останати формалности. Затоа бирам некој од следните денови за посета на одредена изложба, која вообичаено трае подолг период, за да можам на раат да го видам изложеното. Возбудата околу најавениот јубилеј „70 години Музеј на град Скопје“, како што гласи и насловот на изложбата, во чии рамки ќе се промовира и луксузна монографија, во јавноста траеше веќе одредено време. И, само еден ден по официјалното отворање, ете ме мене во познатиот простор на старата железничка станица, каде во изминатите децении се случиле безброј настани, поминале безброј уметници, се размениле еден куп енергии.









