– Јас во оваа држава никогаш не сум бил млад.
– Го делам истото чувство.
– Веројатно и јас!

– Јас во оваа држава никогаш не сум бил млад.
– Го делам истото чувство.
– Веројатно и јас!

Оваа филмска 2015 година во Македонија, како ретко која досега, ни понуди неколку премиери што ги задоволуваат сите критериуми на квалитетно целовечерно остварување. По филмовите „Медена ноќ“ на Иво Трајков и „Лазар“ на Светозар Ристовски, годината триумфално завршува со првенецот на Даријан Пејовски, „Три дена во септември“.

Интервју со Вардан Тозија, режисер
– Помина долго време откако на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”, во рамките на активностите на „Сценаристичкото катче”, ја добивте наградата за развој на сценарио токму за филмот „Безимени“. Каков во меѓувреме беше животот на овој текст, дали можеби учествувате на некои слични настани пред да дојде до моментот на негова финална реализација во оваа, 2015 година?
Вардан Тозија: Сценариото за филмот „Безимени“ (сè уште под работен наслов) имаше долг и напорен, но „школски“ развој. Иницијалниот импулс го доби со учеството на EAVE, каде уште во рана фаза беше ставено „под лупа“ на голема група на интернационални филмски професионалци, пред сè консултанти за сценарио и продуценти. Следуваа уште неколку меѓународни работилници за развој, по што пристигна и валоризација за сработеното преку освоените награди на SEE Cinema Network и споменатото „Сценаристичко катче” во Битола.
По 11-годишна пауза, режисерот Светозар Ристовски се врати со ново остварување на големото платно, уште едно хируршки прецизно сецирање на премрежијата во едно просечно македонско семејство, како надоврзување на успешниот првенец „Илузија“. Или, пубертетлијата Марко од дебитантскиот филм како одеднаш да се претворил во адолесцентот Лазар, но проблемите и по десет години се истите – неможноста да се побегне од оваа зачмаена средина, а како единствен излез од тој лавиринт авторот на филмот ни ја нуди љубовта, чијашто чистина не е гарант за комплетна исполнетост.
Филмаџијата Трајков е познат по тоа што во секој нареден филм сака да третира поинакви теми, па дури и помалку или повеќе успешно да експериментира со самиот филмски јазик (се сеќаваме на “Филм”, “Проектот Берлин”…). По адаптацијата на романот „Големата вода“ на Живко Чинго, овој пат тој приказната во новелата “Уво” на чешкиот писател Јан Прохаска ја прилагоди на случувањата на актуелната македонска политичка сцена, каде веројатно по гледањето на филмот многумина ќе се препознаат во матриксот, што е еден вид одење по жица на авторот на овој филм, секако, доколку истите имаат потенцијал да ја сфатат неговата намера.

Интервју со Кристијан Даниловски
Кога размислував за репрезентативно интервју од областа на филмската уметност за јубилејниот број на МОЈ КЛУБ, изборот се наметна природно – едноставно, компанијата за визуелни ефекти „FX3X“ е најуспешниот македонски извозен бренд на филмски план. Приказната фино се заокружи на почетокот од јули со промоцијата на универзитетското помагало и збирка бизнис-студии на случај, насловена „Кршење мраз на претприемачки начин: Процеси и студии на случај за успешни претприемачи од Централна и Источна Европа“, во која македонската компанија влезе меѓу петнаесетте фирми чии стории зборуваат за освојување на меѓународните пазари, доаѓајќи од економии во транзиција, чија движечка сила е трансформацијата кон поконкурентни економии. Во исто време, се случи и скопската и светската премиера на петтиот дел од серијалот „Терминатор“, во кого прсти вмешаа и нашите аниматори. За сево ова, и многу повеќе, низ разговорот со еден од основачите на „FX3X“, Кристијан Даниловски.
Интервју со Ѓорче Ставрески, режисер
Едно од најталентираните имиња меѓу новите македонски филмаџии со сигурност е Ѓорче Ставревски, чие портфолио содржи неколку кратки филмови наградувани на фестивалите ширум светот, по што природно се наметна потребата од снимање прв долгометражен филм. Неговиот работен наслов е „Тајната состојка“, чие сценарио во изминатите месеци имаше забележлив успех на европските фестивали и форуми, добивајќи неколку парични награди. Ѓорче во интервјуто ветува интересен филм, а во што се состои ‘тајната состојка’ на приказната (иако во еден момент тој вели дека ја нема!), останува да проценат гледачите кога филмот следната година ќе се појави на големото платно.
Третото целовечерно остварување на Митриќески следува по „Преку езерото“ (1997) и „Како лош сон“ (2003). По првите два релативно камерни филмови, овој пат режисерот се одлучува за поголем актерски ансамбл, составен од различни генерации македонски актери, надополнети со понекој странец, и интересно, со неколку деца-натуршчици. Токму работата со актерите е една од неколкуте клучни нешта за успешен финален продукт.

Премиера на „Деца на сонцето“ во кино „Милениум“, третото целовечерно остварување на режисерот Антонио Митриќески + преглед на актуелните филмски остварувања во светската кинематографија.

Во ова издание на магазинот ја проследивме првата клапа на деби филмот „Три дена во септември“ на Даријан Пејовски, како и лауреатите на 35 издание на „Браќа Манаки“.
