Малкумина режисери можат да се пофалат со идеална филмографија во која секој наслов е навистина посебен. Еден меѓу нив дефинитивно е италијанскиот автор Џузепе Торнаторе, кој, според критичарите и филмофилите, нема промашување во својата кариера. Тоа пред се’ се должи на големата доза на носталгија која се провлекува во неговите остварувања, но навистина треба да си мајстор сите тие чувства суптилно да ги дозираш и на крајот да излезеш како победник. Затоа, во следните редови фрламе поглед врз био-филмографијата на еден од најчесто споменуваните и најгледани италијански филмски автори во последниве 20 години – мајсторот Торнаторе!
Читај повеќеАрхива за категоријата: Филм
„Трето полувреме“ во „Филмополис“ 363
Бевме на снимањето во конаците во Бардовци на новиот филм на Дарко Митревски.
Читај повеќеИнтервју со режисерот Владимир Блажевски, „ПАНКОТ НЕ Е МРТОВ“
„Во една здодевна врнежлива вечер ја посетивме екипата на филмот ‘Панкот не е мртов’, која во фабриката ‘Треска’ имаше тешки услови за работа. Но ентузијазмот беше на ниво, особено кај авторот на филмот Владимир Блажевски, кој дури по 17-годишна пауза влегува во реализација на нов целовечерен проект.“ Ова беа воведните зборови во прилогот што одеше во „Филмополис“ број 272, кога со авторот и екипата на филмот зборувавме за предизвиците што ги носи филмот кој тие денови го снимаа, за мали пари, но со многу љубов. Меѓу другото, тогаш Блажевски ни кажа дека сценариото е готово веќе 4 години, по што во игра влегле 4-5 копродуценти, но откако можноста за соработка пропаднала, останал само доделениот буџет од Филмскиот фонд, што е многу малку и за домашни услови. Блажевски призна и дека музички панкот не му е близок, но дека ги препознава пораките што тој ги прокламира и токму тој дел од приказната бил провокативен за пишувањето на сценариото. Констатираше дека транзицијата во Македонија си го стори своето и дека на некој начин и ние овде со години живееме панкерски. Сепак, тој ќе се обиде филмот да кореспондира со поширокиот дел од публиката. И успеа во тоа. „Панкот не е мртов“ е еден од најнаградуваните македонски филмови, кој успеа, поради својата универзална мака за која раскажува, да биде препознаен од публиката и критичарите каде и да се прикажа. Инаку, премиерата на филмот се случи на отворањето на 14. издание на Скопскиот филмски фестивал. „Филмот е радикално и луто скопски, и затоа е природно премиерата да се случи токму на новото издание на СФФ“, заклучи Блажевски на пресот. Во кината низ Македонија се прикажуваше од 15 април. Интервју со Блажевски го направивме за стартот од новата сезона на „Филмополис“, по летната пауза и успехот на филмот на неколку фестивали на кои учествуваше, што навистина беше прекрасен повод за разговор. Читај повеќе
Разговор со екипата на „ОВА НЕ Е АМЕРИКАНСКИ ФИЛМ“
Во „Филмополис“ број 273 направивме прилог за снимањето на новото македонско остварување „Ова не е американски филм“, чија мобилност на екипата во тие денови се забележуваше на разни локации низ главниот град. Нам ни дозволија да ги снимаме на покривот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, каде што се одвиваше една гангстерска филмска сцена, во чија реализација беше вклучен поголемиот дел од актерскиот ансамбл. На покривот, со скопското сонце над нас, позборувавме со истите протагонисти како и при подоцнежната премиера на филмот, па затоа одлуката падна да го претставиме интервјуто со екипата на веќе гледан филм, по кинопремиерата во „Милениум“, за разлика од зафркантските изјави за време на снимањето, кога многу работи во однос на филмот сè уште беа отворени и лебдеа во воздухот. Но, забележав и за време на тоа снимање дека работата некако лабаво делува, како да се снима телевизиска драма, а не игран филм. Токму тоа ќе се забележи и во крајниот производ. Но, да не должиме многу, следува интегралниот текст од најавениот прилог, вклучувајќи ги, секако, и изјавите на продуцентот, режисерот, „несудениот“ сценарист и актерите во филмот.
Владимир Блажевски во „Филмополис“ 359
За филмот „Панкот не е мртов“ во вечерашното интервју со сценаристот и режисер Владимир Блажевски, со што стартува новата, деветта сезона на Вашиот омилен филмски магазин на ТВ Телма.
„Балканот не е мртов“ + Астер фест во „Филмополис“ 351
Присуствувавме на снимањето на филмот на Александар Поповски на Скопскиот саем, и пост фестум разговараме со Горан Тренчовски за новото издание на струмичкиот фестивал.
Читај повеќеМентална револуција за човечка еволуција
Интервју со ЈОРДАН СИМОНОВ и КАМКА ТОЦИНОВСКИ, главните актери во филмот “ПАНКОТ НЕ Е МРТОВ” на Владимир Блажевски
14 издание на Скопскиот филмски фестивал го отвори премиерата на филмот “Панкот не е мртов” на Владимир Блажевски, а веднаш потоа ова ново македонско остварување играше и во кината во неколку градови низ државата.
„Ова не е американски филм“ + Оскари во „Филмополис“ 337
Премиерата на деби филмот на Сашо Павловски и церемонијата на Оскарите во вечерашниот филмски магазин на ТВ Телма.
Читај повеќеИнтервју со Марија Џиџева и дел од екипата на омнибусот „НЕКОИ ПОИНАКВИ ПРИКАЗНИ“
Џиџева во своето портфолио има многу повеќе документарни од играни проекти, со кои неретко добиваше и награди на фестивалите, кои благовремено, низ разговор ги покривавме и во магазинот. За „Списокот на Тони Манџа“ и наградата на Блекбокс фестивалот во Берлин, со авторката зборувавме во „Филмополис“ број 32, а премиерата за битолските ергени во потрага по руски жени во „Барајќи ја среќата“ ја покривме во „Филмополис“ број 454. Џиџева рамноправно влегува во овој преглед, пред сè поради прекрасниот проект чиј составен дел беше и таа. Станува збор за остварување што својата премиера во Македонија ја доживеа на фестивалот „Браќа Манаки“, но ние разговорот со Џиџева го направивме следната пролет, кога филмот ја имаше својата кинопремиера во Кинотеката на Македонија. „Некои поинакви приказни“ е омнибус составен од пет приказни режирани од пет режисерки, кои доаѓаат од петте новонастанати држави од поранешна Југославија. Деловите едноставно насловени словенечка, хрватска, босанска, српска и македонска приказна ги потпишаа младите авторки Хана Слак, Ивона Јука, Инес Тановиќ, Ана Марија Роси, и секако, Марија Џиџева, која беше особено возбудена поради домашната премиера на филмот.
Милчо Манчевски во „Филмополис“ 323
Интервју со сценаристот и режисер Милчо Манчевски по повод премиерата на неговото ново остварување „Мајки“.
Читај повеќе