Едно од местата кои беа на листата за посета во Будимпешта беше „Миниверзум“, сместен на најстарата и најубавата улица во градот на Дунав, Андраши утца. Отворен во 2014 година, оваа атракција наменета и за децата и за возрасните е една од најпосетуваните локации во градот. Зошто? Па затоа што е одлична забава за децата (и не само за нив), затоа што е нешто сосема поинакво од вообичаената понуда, има постојана програма со која се анимираат посетителите, и поставката е сместена во прекрасна палата со историско значење, која е достапна од сите делови на градот.
Читај повеќеАрхива за категоријата: Градови
А Place To Be – Кочани!
Минатиот викенд градот Кочани во источна Македонија беше „местото каде треба да се биде“, затоа што понуди програма за сите сетила. Добро е кога малите општини низ државава ќе покажат чувство за вистинска културна понуда и со тоа ќе ги анимираат не само сопствените граѓани, туку ќе привлечат публика и од другите градови.
Читај повеќеМузеј на Огист Роден во Париз
Едно од најпријатните места за посета во Градот на светлината е музејот на славниот скулптор Огист Роден, сместен во самото срце на Париз. Неверојатно е каков мир во овој простор може да почувствува човек, знаејќи дека насекаде околу него се простира еден таков динамичен град преполн со туристи. Стигнувањето до музејот е многу едноставно, со линијата број 13 се симнувате на фреквентната метро станица „Varenne“, каде уште на самата платформа ве пречекуваат неколку скулптури од уметникот; потоа, со RER линија „Це“, или пак ако сакате на скопски начин, со автобус, со линиите број 69, 82, 87 и 92 низ задолжителното викање „мајсторе, задња“ на француски јазик 😉
Читај повеќеПрашки музеј на пивото
Недалеку од Стариот град во Прага, на 10-тина минути одење од Карловиот мост, се наоѓа симпатичниот музеј посветен на драгоцената златна течност, кој, всушност, е еден од многуте музеи посветени на пивото кои можете да ги посетите не само во главниот град на Чешка, туку и низ целата држава. Едноставно, еден од првите синоними поврзани со оваа централноевропска земја секогаш е квалитетното пиво, надалеку познато низ целиот свет.
Читај повеќеМузеј „Пеги Гугенхајм“ во Венеција
Синоќа заврши 71-то издание на Венециската Мостра, каде престижниот „Златен лав“ го доби американската драма „Nomadland“ на кинеската режисерка Клои Жао. Но, овој пат нема да правиме кавер на случувањата на најстариот филмски фестивал во светот, туку ќе одиме на едно заедничко патување во светот на уметноста, благодарение на репрезентативниот музеј „Пеги Гугенхајм“ сместен на „Grand canal“ во најмагичниот град на планетата.
Сарајот на Нијази бег – дом на Ресенската керамичка колонија
Поради големите турканици на охридското крајбрежје, ова лето вистински избор за летување (беш)е Преспа поради нејзината природа и убавините кои ги нуди. А кога сте веќе таму, секако дека мора да го посетите Ресен, кој се наоѓа на петнаесетина километри од крајбрежјето, и особено неговата репрезентативна знаменитост, Сарајот (Дворецот) на Нијази бег, кој денес претставува градски Дом на култура, во чии рамки може да се видат две исклучителни поставки. Во овој текст ќе ја претставиме онаа на првиот кат, која содржи преку 400 експонати од угледната и почитуваната Ресенска керамичка колонија.
Прашкиот Планетариум
Денеска се навршува 51 година од првите чекори на човекот на Месечината. Нил Армстронг го стори тоа токму на овој датум во 1969 година, во 20ч17м40с според американско време. По тој повод, денеска ќе ѕирнеме зад магичните врати на Планетариумот во Прага како еден од најинтересните во централна Европа, место кое има голема традиција зад себе.
Салвадор Дали во Париз
Секако дека најдобар начин за запознавање одблизу на Надреализмот е посетата на „Театарот-музеј Дали“ во Фигуерес, Каталонија, меката за љубителите на откачената уметност на големиот Салвадор, но и неговата париска приказна не е за потценување. Иако скриен во пазувите на Монмартр, музејот „Espace Dali“ претставува врвно доживување за секој посетител, затоа што на едно место може да се видат дури 300 експонати од овој славен уметник, еден од најпознатите во минатиот, 20-ти век.
(Во) Главата на Кафка
Книжевен туризам! Колку тоа интересно звучи, особено доколку добро е осмислен, бидејќи дел од туристите не се секогаш заинтересирани да ги посетат само оние, најизвиканите места во понудата, туку сакаат да видат и нешто друго, поинакво. За мене првата асоцијација на Прага отсекогаш била Франц Кафка. Познавајќи го неговото книжевно дело, сигурен сум дека тој се превртува во гробот знаејќи на каков комерцијален начин се „користи“ неговата оставина. Но, живееме во 21 век, каде „се’ е дозволено“ и „се’ мора да помине“.
Фрида Кало – болка, страст, љубов
За да го одбележи 111 роденден на една од најзначајните жени-уметници во 20 век, „Унгарскиот национален музеј-галерија на убави уметности“ во 2018 година (07 јули – 04 ноември) ја приреди изложбата на селектирани дела од Фрида Кало, според написите, можеби најдобрата и најкомплетна досега на европско тло. Повеќето од изложените дела пристигнаа од Музејот „Долорес Олмедо“ во Мексико сити, а покрај нив имаше и објекти од Етнографскиот музеј во Будимпешта во контекст на животот на Фрида, алудирајќи на мексиканската историја, култура и традиција.