Архива за категоријата: Градови

Секој град си има своја сопствена приказна. Овие текстови се обид да се долови моето искуство во дел од градовите кои сум ги посетил. И за сите нив можам да кажам: навистина вредеше!

„Музеј на играчки“ во Прага

Едно од најпопуларните и најпосетуваните места во Прага е Музејот на детски играчки, кој содржи колекција од околу  5000 различни примероци, со што се смета за втор по големина од ваков вид во светот.

Читај повеќе

„Национален технички музеј“ во Прага

Прекрасната Прага нуди многу можности, а за љубителите на музејските поставки особено атрактивен за посета е Националниот технички музеј. Оформен во далечната 1908 година, овој музеј е најголемата чешка институција специјализирана за музејски поставки од техничка природа. Векови наназад исполнети со технички иновации се презентирани во оваа атрактивна зграда на неколку ката, во која можат да се посетат 14 постојани поставки и неколку периодични изложби, секогаш тематски поврзани со намената на музејот.

Читај повеќе

Славните париски гробишта „Пер Лашез“

Кога си во Париз, една од неодминливите туристички атракции се славните гробишта „Пер Лашез“. Иако, според многумина, посетата на домот на мртвите спаѓа во т.н. „бизарен туризам“, бидејќи оние со послаб стомак не можат туку-така да се шетаат меѓу надгробните плочи, сепак на ова парче земја кое се простира на 44 хектари во 20-от париски арондисман се погребани славни имиња од француската и светската историја и токму затоа е вредно за посета, а тоа во просек го прават три ипол милиони туристи годишно, со што претставува најпосетувана некропола во светот.

Читај повеќе

Музеј на Иван Мештровиќ

Кога сте во Сплит, морате да одвоите барем половина ден, ако не и повеќе, за посета на „Музејот на Иван Мештровиќ“ и неговото ателје/летниковец. Со тоа барем одредено време ќе ги задоволите сите духовни потреби за уметност, затоа што она што ќе го видите и доживеете е нешто навистина исклучително. Најзначајниот хрватски скулптор, сликар, архитект и писател во 20 век со своето дело ги воодушевува сите кои случајно или намерно ќе го посетат некогашното престојувалиште, а денес дом на она што тој ни го остави како културно наследство.

Читај повеќе

„Лудвиг“ во Будимпешта

Музејот на современа уметност „Лудвиг“ во Будимпешта се наоѓа на неколку станици со трамвај од центарот, во комплексот „Мупа“, во чии рамки има и коцертна сала за филхармониски и разни други музички настани. Музејот е животно дело на Ирене и Петер Лудвиг, љубители на уметноста, поддржувачи, колекционери, кои во далечната 1989 година успеале да ја освежат уметничката сцена на Будимпешта со отворање на ваков прекрасен објект. Нивната визија и ден-денес го облагородува градот и го држи на мапата на светски градови во кои може да се проследи современиот уметнички крик на актуелните уметници, но и на оние од поблиското минато.

Читај повеќе

Сплит, коноба „Хваранин“

Гостите, или подобро, „одомаќинетите“ гости во коноба „Хваранин“ велат дека во оваа прекрасна сплитска кафеана (која се наоѓа на почетокот од старото маало Вели Варош, веднаш по завршетокот на Рива-та кон Марјан) се сретнуваат секој вторник веќе 15, односно 18 години, во зависност дали сеќавањата се повикуваат на почетокот или на крајот од дружбата. Но сите се сложуваат дека ова е вкупно 22 година по ред откако во 1997 година, на нечија иницијатива, веќе не се сеќаваат чија, но тоа не е ни важно, почнале да се собираат токму во овој термин, вторник навечер после осум часот, и така тоа прераснало во дружба со најдолга традиција во Хрватска во поново време.

Читај повеќе

„Szimpla Kert“ во Будмпешта

Во последнава деценија многу популарни места во Будимпешта, кои функционираат во текот на целото деноноќие, се таканаречените „руинирани пабови“. Приказната започнала со популарниот Szimpla Kert (на сликите), кој се претвори во она што денес е, свратилиште на сите генерации мештани и туристи.

Читај повеќе

Будимпештанско метро – Жолта линија

М1, или „Жолтата линија“, е најстарата делница на метрото во Будимпешта, кое има уште три линии. Таа е третата по старост воопшто во Европа, по London underground и Mersey railway, а прва во овој дел од Стариот континент. Изградена е од 1894 до 1896 година од страна на германската фирма Siemens & Halske AG со помош на 2000 работници.

Читај повеќе

„Пинбол музеј“ во Будимпешта

Едно од најатрактивните и најзабавните места за посета во Будимпешта е „Pinball museum“, на 5-6 минути одење од главната туристичка улица „Ваци“. По посетата, по долги години пауза, си го остварив сонот повторно да заиграм на флипери, барем за момент чувствувајќи се како „Томи“ (Роџер Далтри) на Кен Расел 🙂

Читај повеќе