Задолжителни места за посета при шетање низ некој европски град се безбројните книжарници расфрлани ваму-таму низ центарот и по квартовите. Секоја од нив си има свој шарм и раскажува своја автентична приказна, но една од највпечатливите дефинитивно е „Alta acqua“ во Венеција, самопрогласената „најубава книжарница во светот“ поради можноста, доколку имате среќа, да ја посетите токму во моментите кога е поплавена, односно, кога настапува период на… погодувате – acqua alta!
Архива за категоријата: Книжевност
Можноста на еден роман
Во првиот дел од „Шрапнел“, двата гласа разменуваат ракописи на кои работат во моментот, но нивната финализација е крајно неизвесна. Еве еден од нив како романескен потенцијал со интересна идеја, која можеби еден од ликовите ќе ја реализира во иднина. Засега текстот се чува во фиока.
„Виртус“, нова едиција на ИЛИ-ИЛИ
Деновиве од печат излегоа две нови книги од ИЛИ-ИЛИ во новоотворената едиција насловена „Виртус“, латински збор со значење „храброст, доблест, вредност…“, од кој се изведени „виртуоз“, и следствено на тоа, „виртуозност“. Чест да ја отвори доби францускиот писател Антоан Компањон со двете негови книги „Едно лето со Бодлер“ и „Едно лето со Монтењ“, издадени во соработка со Францускиот институт во Скопје. Всушност, токму неговите две извонредни книги беа инспирација за отворање на нова едиција, која во иднина треба да вдоми многу автори со еднакво возбудливи дела.
„Мојот маж“ и жолтите капки на капакот од тоалетната школка
Вчера од печат излезе шестото издание на збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска. Иако се’ уште е актуелна нејзината последна збирка раскази „Не одам никаде“ од крајот на 2018 година, третата книга на Бужаровска деновиве се реактуелизираше поради истоимената претстава во Драмски театар во Скопје во режија на Нела Витошевиќ, која по премиерата доби одлични критики од оние што успеаја да ја видат. За разлика од претходните пет изданија, овој пат корицата на книгата е навистина провокативна, и веќе предизвикува поделени реакции, што значи, не ве остава рамнодушни. Фотографијата и идејата за корицата е на Јана Јакимовска, а дизајнот на Марија Смилевска.
Книжевноста стана последното уточиште кадешто може да се бара вистината
Интервју со Љупчо Јолевски за „Слободна Европа“ на денот на излегувањето на романот „Шрапнел“ од печат
„Мислам дека во последно време, поради влијанието на социјалните мрежи, книжевноста како да стана последното уточиште кадешто може да се бара вистината, макар таа да била и книжевна“.
https://www.slobodnaevropa.mk/a/30451538.html?fbclid=IwAR1Z5MncbGF5fA1w3CLur2xz2BSdA7QNE25LxEPEfdR9SzGJC-pBNdXAlqw
„Шрапнел“, промотивно
Почитувани,
Ве информираме дека во понеделник, на 24 февруари, од печат ќе излезе новиот роман „Шрапнел“ од Игор Анѓелков. Седум години по „Фото синтеза“, во неговиот трет роман Анѓелков низ неколку наративни линии ги преиспитува суптилните релации меѓу историјата, личното сеќавање, односот со најблиските и општествените околности кои влијаат врз емотивното и приватното.
„Prague intima“ на Влатко Деков
„Постојат места кадешто времето е запрено, како и приказните на луѓето кои живеат таму. Се вљубуваме во овие места, тие не’ пленат и не’ претвораат во ликови од приказните кои за нив ќе ги раскажуваме подоцна. Оваа изложба е визуелна сторија токму за едно такво место. Личен, интимен портрет на еден од најубавите и најмагични места на светот, Прага“.
„Овци од гипс“ од Јурица Павичиќ
Денес од печат излегува последната планирана книга од нашата работилница за оваа година, одличниот роман „Овци од гипс“ на мојот сплитски колега, писателот и филмски критичар Јурица Павичиќ, со кого летово имавме фина дружба на негов терен. Не ја пропуштајте книгава, одлична е! Истата предизвика мноштво реакции кога премиерно излезе во Хрватска, поради тоа што обработува многу чувствителна тема, со дејствие во 1992 година во Сплит, родниот град на авторот. Преводот од хрватски јазик е на Дејан Василевски.
„Средни години“ од Алеш Мустар
Денеска од печат излегува новата книга во едицијата „Поеза“ на ИЛИ-ИЛИ, и за прв пат – превод, поточно, препев. Се работи за збирката поезија „Средни години“ на словенечкиот автор Алеш Мустар, во препев на Лидија Димковска.
Два огледи, еден роман: Молчи со отворена уста
Во четвртокот (28 ноември) во МКЦ клуб ресторанот се одржа промоцијата на вториот роман „Молчи со отворена уста“ од Снежана Младеновска Анѓелков. Во прекрасна атмосфера со многу насмеани лица, која музички ја обликуваше маестро Мухамед Ибрахими на акустична гитара, промоторките Елизабета Баковска и Калина Малеска со својот настап успеаја во целост да го привлечат вниманието на присутните, кои внимателно и љубопитно ги проследија нивните промотивни говори. Молкот беше и повеќе од посакуван за да се чујат излагањата на двете писателки, токму оној молк за кој и зборува авторката на книгата, а за кој и Баковска и Малеска се осврнаа во своите текстови. Во продолжение, интегрално, нивните гледишта за романот кој отвора многу прашања и кој треба да предизвика интересни книжевно-политички полемики, доколку сме нормално општество со здраво интелектуално јадро.