Архива за категоријата: Мезанин

Мојата прва радиска музичка емисија беше „Анексија“ на Стотројка, која одеше од 1997 до 2003 година. По трансферот во Радио Равел, до 2009 година ја уредував и водев „Мезанин“. И ден-денес слушателите знаат да се/ме потсетат на ова радио-шоу, кое навистина го водев со срце. Од зачуваната архива на емисии може да се забележи во какви граници во тие години се движел мојот музички вкус. Башка, има и многу интересни интервјуа со домашни бендови како значајна музичка архива, а тука се и драгоцените извештаи од фестивалот „Егзит“ во 2008 година, каде настапија и Секс пистолс. Ѕирнете, случнете, истражете… во години кога класичните радио емисии на нашите радија речиси и да ги нема, „Мезанин“ може да ви претставува фино ретро слушателско искуство ;-)

Медли „Мезанин“ 113

Соник јут, Бен Харпер, Том Вејтс и еден куп супер музики во овој колажен меѓупростор на Равел. Начулете уши и уживајте 😉

Читај повеќе →

Mercury rev во „Мезанин“ 112

Во пресрет на концертот на деценијата во нашиот град, емисија посветена на моите музички херои Меркјури рев. Не можам да ја опишам радоста!!!

Читај повеќе →

Thievery corporation во „Мезанин“ 111

По повод настанот „Скопје звучи добро“, вечерва ги слушаме Faithless, Express 2, и секако, фаворитите Тивери. Енџој 😉

Читај повеќе →

Nouvelle vague во „Мезанин“ 110

Француската босанова кавер атракција „Нувел ваг“, крстена според „Новиот бран“ во француската кинематографија на Годар, Шаброл, Мал и останатите махери, во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел. Опуштено и фино поминато време крај радио приемникот 😉

Читај повеќе →

Колаж од убави музики во „Мезанин“ 109

Како што кажува и самиот наслов, една медли емисија со домашни и странцки музички убавини. Ставајте слушалките и уживајте 😉

Читај повеќе →

Interpol во „Мезанин“ 104

Доволно темни за да ги споредат со Џој дивижн, доволно модерни за да фураат свој звук. Дами и господа, во вечерашниот фокус неизбежните њујоршки даркери „Интерпол“.

Читај повеќе →

ГрејтеСхитс во јубилејниот „Мезанин“ 100

Сто емисии, сто двочасовни шоуа со ултра квалитетна музика, време е за прослава и за слушање на Грејтес хитс, или Грејтес шитс, како сакате. Бидете со нас на 96ФМ!

Читај повеќе →

Azra во „Мезанин“ 97

Џони Штулиќ со интервју повторно ги разбранува страстите на екс-ЈУ просторите. Вечерва посветa на неговата Азра, но и на останатите музики кои ги сака(в)ме и со кои пораснавме и созреавме.

Читај повеќе →