Архива за категоријата: Мезанин

Мојата прва радиска музичка емисија беше „Анексија“ на Стотројка, која одеше од 1997 до 2003 година. По трансферот во Радио Равел, до 2009 година ја уредував и водев „Мезанин“. И ден-денес слушателите знаат да се/ме потсетат на ова радио-шоу, кое навистина го водев со срце. Од зачуваната архива на емисии може да се забележи во какви граници во тие години се движел мојот музички вкус. Башка, има и многу интересни интервјуа со домашни бендови како значајна музичка архива, а тука се и драгоцените извештаи од фестивалот „Егзит“ во 2008 година, каде настапија и Секс пистолс. Ѕирнете, случнете, истражете… во години кога класичните радио емисии на нашите радија речиси и да ги нема, „Мезанин“ може да ви претставува фино ретро слушателско искуство ;-)

Nick Cave & The Bad Seeds во „Мезанин“ 95

Мистер мадрфакин мјузик Гад со неговата дружина има нов албум, и тоа двоен! Дами и господа, време е за прослава!!!

Читај повеќе

Madredeus во „Мезанин“ 94

Португалските фадо легенди со новиот албум во меѓупросторот на Радио Равел. Емисија за вистинските музички сладокусци 😉

Читај повеќе

Tuxedomoon во „Мезанин“ 93

Во меѓупросторот на Радио Равел преслушуваме неколку актуелни албуми, а во фокус е новиот материјал на легендарниот авангарден бенд Таксидомун.

Читај повеќе

Ретро 2 во „Мезанин“ 92

Во второто издание на меѓупросторот на Радио Равел во новата 2005 година, преглед 2 на најинтересните музики во минатата година. Стеј тјунд 😉

Читај повеќе

Ретро 1 во „Мезанин“ 91

Во првото издание на меѓупросторот на Радио Равел во новата 2005 година, преглед 1 на најинтересните музики во минатата година. Стеј тјунд 😉

Читај повеќе

Чинч во „Мезанин“

Во 51 издание на меѓупросторот на Радио Равел, многу пост-рок, со фокус на белградската уметничка атракција Чинч и нивниот албум „Понашање“.

Читај повеќе

Џон Кејл во „Мезанин“

Една од креативните сили на Велветите во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел. Вечниот џентлмен и шизик, г-нот Џон Кејл!

Читај повеќе

Bozoo Bajou во „Мезанин“

Иако е јануари, вечерва сме сончево расположени. Слушаме реге со новото откритие Bozoo Bajou, и секако, неизбежниот Боби Марли.

Читај повеќе

Ретроспективен „Мезанин“ 2003

Во првото издание на меѓупросторот на Радио Равел, на 04 јануари правиме ретроспектива на албумите кои сметаме дека беа вредни за слушање во изминатата година. Стартуваме со мистер Лаврбој, г-нот Ник Кејв.

Читај повеќе

The ORB во „Мезанин“ 49

Во предјубилејното издание на меѓупросторот на Радио Равел во целост го преслушуваме амбиенталното ремек дело на др. Алек Патерсон пред 10 години, The Orb’s adventure beyond the ultraworld. Уживајте 😉

Читај повеќе