Архива за категоријата: Музика

Радиото е мојата прва медиумска љубов, и како долгогодишен водител на музички емисии на Канал 103 и Радио Равел (1997-2009) продолжувам да ја следам музиката во сите нејзини возбудливи форми на изразување, пишувајќи за моите минати и моментни музички фасцинации ;-)

Воскреснување на митот

Кон „Кога си необичен: Филм за Дорс“ на Том ди Сило

Употребувајќи ја на почетокот познатата носталгична констатација, „како вчера да беше“ кога во 1991 година се појави филмот „The Doors“ на Оливер Стоун, кој врз нас, средношколците, делуваше хипнотички, разнесувајќи ни го умот без пардон. Распадот на Југославија беше во тек, наоколу – хаос, а од киноплатното врескаше харизматичниот Морисон (одлично одигран од Вал Килмер) кој таму некаде, кон крајот на 60-те, кога мојата генерација се’ уште не беше ниту родена, безрезервно го практикувал светогледот на новото време: „Живеј брзо и умри млад“. Долго време по гледањето на филмот не можевме да се собереме, а магијата продолжуваше во ситните саати низ градските кафулиња, кои го користеа моментот и правеа музички ривајвл токму на Дорси.

Читај повеќе

Искрено, јасно и гласно!

Минатиот месец се случи една интересна коинциденција. На 14 август, само еден ден по смртта на легендарниот изумител на гитарата „Гибсон“, Лес Пол, се случи светската премиера на филмот „Мора да биде гласно“, во кој тројцата главни протагонисти се музичари-предводници на своите генерации на кои гитарата им е во крвта. Славниот член на Лед цепелин, Џими Пејџ, креаторот на звукот на глобално популарните Ју-ту, Ди Еџ, и лидерот на Вајт страјпс и Рикаунтерс, Џек Вајт, со своите искрени приказни раскажани пред камерата се доволна провокација за сите музички фанови овој едноиполчасовен филм да им стане вистинска Библија.

Читај повеќе

Чувства, поезија и екстаза

Многу убав потег е кога големи режисерски имиња ќе одлучат да направат рокументарец посветен на своите омилени музичари и бендови. Мартин Скорсезе во 1978 година во историјата ги испрати славните музички имиња од групата „The Band“ со филмот „The Last Waltz“, во следната декада Џонатан Дем на светот му го подари „Stop making sense“ за њувејв-хероите Токин’ хедс, Џим Џармуш ги следеше Нил Јанг и Крејзи хорс на нивната светска турнеја во 90-те насловена како и филмот „Year of the Horse“, додека во новиот милениум, Антон Корбијн конечно ја раскажа приказната за култните Јан Кертис и Џој дивижн во прекрасниот „Control“.

Читај повеќе

Последното издание на „Мезанин“

Иако ненајавено, ова беше последното, 284 издание на „Мезанин“, во кое судбината сакаше да слушаме три ЛП-ја од мистер Боби Марли. Hey Bobby Marley, say something good to me, ooo, this world go crazy, it’s an emergency…

Читај повеќе

Претпоследното издание на „Мезанин“

Во претпоследното издание на меѓупросторот на Радио Равел слушаме актуелна музика од домашни и бендови од светската музичка сцена: The John, Glasvegas, Frank Black, Franz Ferdinand, Foals… Вистинска уживанција 😉

Читај повеќе

Вим Вендерс во „Мезанин“

Во ова издание на меѓупросторот на Радио Равел слушаме музика од филмовите на германскиот режисер Вим Вендерс, а во целост актуелниот саундтрак од филмот „Palermo shooting“.

Читај повеќе

Нови женски џез вокали во „Мезанин“

Во првото мајско издание на меѓупросторот на Радио Равел преслушуваме еден фантастичен проект на кој се застапени сите нови женски џез вокали кои значат нешто на светската музичка сцена.

Читај повеќе

Елбоу во „Мезанин“

Во последното априлско издание на меѓупросторот на Радио Равел, новиот албум на Британците Elbow. За загревање, многу музики од Spiritualized, Jonathan Richman, American music club, Lambchop, Bonnie Prince Billy…

Читај повеќе

Деби бендови во „Мезанин“

Звукот на новите дечки од музичката сцена + музики од бендови со актуелни концерти кај нас и во околината. И да, Пети Смит ни гостува во јули во Скопје, јеееееееееееееееееее 🙂

Читај повеќе