Архива за категоријата: Скопје

Скопје како љубов, Скопје како инспирација, Скопје како движење, Скопје како омраза… Скопје како начин на живот!

Кон изложбата „Panic room“ во Музејот на современа уметност

  1. IДеновиве во Музејот на современа уметност во Скопје може да се проследи изложбата насловена „Соба за паника“ со поднаслов „Скок во мислењето“. Во неколку изложбени простори, вклучувајќи ја и кино салата, уметниците со своите дела, под кураторство на Љиљана Неделковска, се осврнуваат на последиците од климатските промени, на чии процеси во голема мера влијае нaчинот на кој човекот се однесува, ја искористува и уништува природата, забрзано менувајќи ги животните услови, истовремено тематизирајќи ја состојбата на глобалната опасност што му се заканува на светот.

Читај повеќе

Посветено на Фернандо Труеба

Шпанската кинематографија е една од најмоќните и најконзистентните на стариот континент. Репрезентативен претставник на оваа ценета филмска школа е Фернандо Труеба, чии незаборавни филмови се дел од филмската лектира за сите оние кои сакаат подобро да се запознаат со спецификите на шпанската и европската кинематографија.

Читај повеќе

Посветено на Билјана Гарванлиева

Македонската документаристика во минатото ги испиша своите ѕвездени моменти во домашната кинематографија, неретко освојувајќи многу награди и на светските фестивали. Врвот се случи оваа година со двојната номинација за Оскар на „Медена земја“. Но, пред да се случи успехот благодарение на сјајната приказна за Атиџе, последната одгледувачка на диви пчели во Европа, во тој меѓупростор од една ипол декада, по осамостојувањето на државава, не се случуваше речиси ништо на планот на документаристиката. По долгогодишно затишје, се појавија неколку интересни млади автори на документарци, кои даваа надеж дека малку подзаборавениот жанр повторно ќе се врати на старите патеки. Најсветла точка меѓу нив беше драматургот-режисер Билјана Гарванлиева, која, соочувајќи се со неможноста авторски да се реализира во сопствената држава, замина во Германија.

Читај повеќе

Главна натпреварувачка програма на „КинеНова“ 2020

Што е она по што особено се издвојува „КинеНова“ од другите фестивали? Секако, по супер квалитетната филмска програма. Моќта на подвижните слики во новиот милениум дефинитивно е во рацете на дебитантите, оние чии први и втори филмови содржат свежина, енергија и нов поглед кон светот кој постојано се менува.

Читај повеќе

„КинеНова“ РЕТРОСПЕКТИВА

Официјалниот старт на петтото, јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на дебитантски филм „КинеНова“ е на 08, а финалето на 18 октомври. Меѓутоа, годинава поради новината фестивалот комплетно да се пресели на телевизискиот екран (ТВ24), од вечерва, 01 октомври, следи загревање за љубителите на седмата уметност. Во следните седум дена гледачите ќе имаат можност секоја вечер во 21 часот да изгледаат по еден филм кој оставил печат во претходните фестивалски изданија. Вклучете се, бидејќи следат еден куп квалитетни филмови кои ќе ги задоволат и најистенчените вкусови. Уживајте 😉

Читај повеќе

Кон „ТМ“ на Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов

На актуелниот „Синедејс“ имавме можност да присуствуваме на скопската премиера на филмот „ТМ“ на веќе докажаниот тандем Димитријевиќ-Иванов. По нивниот прв самостоен проект „Копање“ од 2018 година, релативно бргу, тие ни подаруваат нов „no budget“ филм, на кој може да му позавидат многу домашни автори. Филмот е скапа играчка, но кога финансиите ќе го анулираат ентузијазмот, резултатот на големото платно е далеку од задоволувачки. Спротивно на тоа, (секако, не секогаш, но) кога работите со ентузијазам и со љубов кон филмската уметност, притоа добро владеејќи го филмскиот занает, резултатот на крајот од денот е неизбежен.

Читај повеќе

„Кога заминав од Карл Либкнехт“, расказ

Ирена, 21, Скопје, Македонија – Тирана, Албанија

Од „Карл Либкнехт“ во Скопје заминав лани, штотуку дипломирана на студиите по меѓународно право, со познавање на англиски, германски, француски и албански јазик, и без поинаква иднина. Сето време се пријавував на конкурси за работа, и во Македонија и во странство, и на крај ми беше понуден едногодишен проект во канцеларијата на една германска фондација во Тирана, Албанија. Фондацијата се труди во албанскиот правен систем да имплементира повеќе закони од законодавството на Европската Унија и работи пред сѐ на поврзување на албанското општество со соседните.

Читај повеќе

Прецизна вивисекција на генерацијата родена во ’70 и некоја

(Кон „Шрапнел“ од Игор Анѓелков, Скопје: Или-или, 2020)
пишува: Ана Мартиноска

Новиот роман на Игор Анѓелков „Шрапнел“ се чита лесно, барем онолку колку што е тоа случај и со неговите раскази, претходните два романи „Крај-пат“ (Или-или, 2010) и „Фото синтеза“ (Или-или, 2013) или бројните филмски, музички или книжевни критики. И овој пат Анѓелков продолжува да пишува искрено, ненаметливо, едноставно во најпозитивната смисла на тој збор, или ако ја употребиме одредбата на Јакимовска – нормално. „Под „нормално“ подразбираме дека дур го читате не се чувствувате како некој да ви се додворува, како да сака нешто да ви „продаде“, како да ве матка, како да се прави паметен, како да не знае кај тера. Човекот си ја раскажува својата приказна, и тоа е тоа. Таква базична чесност во пристапот кон пишувањето е она што го нарекуваме јунаштво.“ (Јакимовска, 2011: без пагинација, веб)

Читај повеќе

„На враќање“ од Фросина Пармаковска

А јас ги отворам очите за да ја запаметам таа последна слика и гледајќи некаде низ прозорецот, пишувам со рацете на кои тогаш не им требаат очи. Утрото без да ме предупреди и без да се збогува, одамна беше заминало, а јас сум бескрајно среќен и исполнет од сите места на кои што бевме, целиот свет што ни припаѓаше и можевме да го изменуваме дотолку да уништуваме натрапници и да оживуваме трупови на умрени објекти со помош на големи историски личности. Не можев ништо повеќе да посакам и за ништо не можев да се пожалам. Како да патував на летечки килими што можат секаде да ме однесат, каде и да посакам.

Читај повеќе

BLACK IS BASIC – 50 години творештво на Мице Јанкуловски

Од 18 август до 15 септември,  љубителите на ликовната уметност се во можност да проследат една изложба од светски калибар. Во Националната галерија на Македонија, објект „Мала станица“, во тек е изложбата насловена „МИЦКО, Мице Јанкуловски, 50 години творештво“, со која уметникот го одбележува своето присуство на уметничката сцена пет декади во континуитет. Иако првично најавена до 28 август, сепак поставката која содржи 150 слики во 50 полиптиси, под кураторство на Корнелија Конеска, доби зелено светло за уште петнаесетина изложбени денови, што е одлична можност за оние кои не ја посетиле, да го сторат истото во следниот период.

Читај повеќе