Славната американска актерка има и одлична музичка кариера, вечерва ја слушаме со нејзиниот бенд The Licks. Загревање со музика на жени на работ од нервниот слом 😉

Славната американска актерка има и одлична музичка кариера, вечерва ја слушаме со нејзиниот бенд The Licks. Загревање со музика на жени на работ од нервниот слом 😉
На почетокот од новата сезона на меѓупросторот на Радио Равел, интервју со дечкото што го направи хитот за оваа година. Стартуваме!
Скопскиот гитарист и автор Влатко Стефановски во саботата на 30 август со своето трио го промовираа најновиот блуз албум. По тој повод беше гостин во Радио Равел и со Игор Анѓелков си муабетеа за суштината на блузот како музички стил и инспирација
По повод излегувањето на новиот албум на неговото трио, го угостивме Влатко во „Извесен поглед“ на Радио Равел и си направивме квалитетен муабет.
Во 250 издание на меѓупросторот на Радио Равел, „Бајк“ на Пинк Флојд како годишница од крадењето на мојот точка пред радиото во Тафталиџе. Во фокус – новиот албум на Тиндерстикс.
Освен што е многу привлечна, таа знае и да одлично да пее. Скарлетка вечерва им парира на Битолчаните „Фолтин“ и „Три минути на дождот“. Лудило!!!
Гласноговорникот на Југотон, Владимир Лазоровски Адо, ќе ни раскаже за годинашниот фестивал „Егзит“ во Нови сад, кој во целост ќе го проследи и екипата на Радио Равел.
Мојата декада, во која „се навлеков“ на музиката. Слушнете го изборот на музика кој го дефинираше мојот вкус за век и вјеков.
Легендарниот дарк-вејв бенд со нов материјал во меѓупросторот на Радио Равел, но и Телевижн и Бернајс пропаганда. Внимавајте – добра музика!
Повторно францускиот кавер бенд во фокус на меѓупросторот на Радио Равел. Пред тоа, малку актуелна мкд музика 😉