Во 174 издание на меѓупросторот на Радио Равел, фокус врз новиот албум на бостонските херои Лемохедс, по дури десетгодишна пауза. Во меѓувреме, фин вовед со музики од неколку значајни бендови од американската сцена.
Читај повеќеАрхива за категоријата: Скопје
„Јо Ла Тенго“ во Мезанин
Во 173 издание на магазинот, фокус врз новиот албум „I Am Not Afraid of You and I Will Beat Your Ass“ на прекрасниот бенд Јо Ла Тенго од Хобокен, Њу Џерси. Во воведот осврт кон концертот на Иги Поп и Стуџис на Таксират 8.
Читај повеќеИги Поп во „Мезанин“
По повод гостувањето на мадрфакин Иги Поп во нашиот град, на осмото издание на „Таксират“, заслужена посвета на still alive пункерот. Пред тоа, фино загревање со актуелни музики 😉
Читај повеќе„Тиндерстикс“ во Мезанин
Во меѓупросторот на Радио Равел оваа среда од 22 до полноќ, господата од Тиндерстикс! Загревање – Д Кјур 😉
Читај повеќе„Лембчоп“ во Мезанин
Новиот албум на хероите од Нешвил насловен „Damaged“, во целост, на задоволство на фановите на магазинот. Загревање со Тиндерстикс 😉
Читај повеќеMedley „Мезанин“
Пресек на актуелните музики презентирани во претходните изданија на емисијата – Том Јорк, Нил Јанг, Соник Јут, Ајуо/Хироми…
Читај повеќе„Кротки приказни“, промоција
Текстот со кој настапи промоторката Оливера Ќорвезироска на промоцијата на деби книгата „Кротки приказни“ во ИЛИ-ИЛИ, во тогашниот Центар за култура „Мала станица“:
Првпат кога ги прочитав расказите на Игор Анѓелков, беа КРАТКИ, вторпат – КРОТКИ. Патот од КРАТКИ до КРОТКИ во овој случај беше пат од ракопис до книга, од A до O, од неутралнa дескрипција до поетичка ознака – досетлива, но и функционална и, што е особено важно, соодветна на она што стои зад неа – дваесетината раскази кои почнуваат со број, завршуваат со наслов – непретенциозен, најчесто еднозборен (од 22 расказa сосе нултиот, 4 наслови имаат по два збора, или 5,5 % се двозборно насловени, а 94,5 % имаат еден збор за наслов). Целава оваа математика е тотално непотребна, се разбира, но животот и онака се храни со непотребности, па зошто не би и понудиле малку непотребност и на промоција :-).
Почнувам со навидум бессмислената еволуција на А во О, затоа што ја читам како еволуција сама по себе, како отстојување понекогаш неопходно за вистинскиот вкус. Да се здуши тестото на зборот. Дефинитивно, вистинскиот вкус на расказите на Игор Анѓелков е повеќе кроток и питом, отколку краток и кус.
„Ayuо/Ohta Hiromi“ во Мезанин
Во вечерашното издание музички одиме на далечниот Исток. Дуото од насловот издаде прекрасен современ албум насловен „Red moon“, зачинет со сите традиционални примеси на Ориентот.
„Стринг форсис“ во Мезанин
Во 166 издание на магазинот, разговараме со Доријан и Александар по повод концертот на „Стринг форсис“. Во меѓувреме, еден куп квалитетна музика од домашната и светската музичка сцена.
Соник јут во „Мезанин“
Во меѓупросторот на Радио Равел, фокус врз новиот албум на Соник јут, Rather ripped. Вовед со култните Velvet underground. А кој друг, кога се работи за Њујорк!?