пишува: Лидија Димковска
Најновиот роман на Игор Анѓелков, „Шрапнел“ (Или-Или, Скопје, 2020), се чита во еден здив од неколку часа и како што ми се допадна мене мислам дека ќе им се допадне на многумина читатели. Во романот две приказни течат најпрво одделно, како разговор помеѓу двајца писатели кои се подготвуваат секој да го напише својот роман, а потоа со договор помеѓу нив, се слеваат во една приказна во која, сепак, ги зачувуваат своите автентични карактеристики.