Интервју со Иво Трајков, „ФИЛМ“ (MOVIE, 2007)

Овој филм иако е комплетно снимен во Чешка, сепак, претставува македонска копродукција, која соодветно беше промовирана и во нашата држава. Она што Трајков претходно го спомена во интервјуто за „Големата вода“, релативно набргу и се оствари. Недовршениот проект што беше тргнат настрана токму поради екранизацијата на романот на Живко Чинго, конечно ја виде светлината на сребрениот екран. „Movie e  експеримент пар екселанс, при чие гледање, без исклучок, треба да се вклучат сите сетила, бидејќи станува збор за филозофско промислување на филмската уметност преку концепт зад кој целосно стои Трајков, и како автор и како лик во филмот во кој (наводно) се игра себеси (режисерот). Поради специфичноста на овој едноиполчасовен филм, тој играше во терминот од 22.30 во киното „Милениум“, или во превод: исклучиво за филмофили, иако, ќе прочитате, Трајков не мисли баш така за своето интимно чедо.  Читај повеќе

White stripes во „Мезанин“

Во новото издание на меѓупросторот на Радио Равел, прво во петтата сезона, во целост го слушаме новиот албум на Вајт страјпс, Icky thump. Уживајте 😉

Читај повеќе

Непристоен предлог

Констатацијата дека американската независна филмска продукција отсекогаш била посилна и поквалитетна од европската, за многумина филмофили навистина држи вода, а еден од најавтентичните ликови на таа сцена е вечно привлечното момче со авантуристички вкус за модата, Винсент Гало. Неговиот втор авторски проект „Кафено зајче“ предизвика многу контроверзии во Кан и во него тој фигурира како (речиси) комплетен автор (снимател, монтажер, композитор, сценарист, актер, режисер). Сепак, поради смелиот пристап, како да предизвика контраефект, затворајќи му ги вратите кај финансиерите. Но тоа Гало не го загрижува, бидејќи човек кој толку многу зборува за себе без да каже нешто навистина важно секогаш ќе биде интересен за јавноста, особено за легијата од фанови која го следи секој негов следен потег.

Читај повеќе

Славното анимирано семејство и на големото платно

Конечно летово, по повеќе од 400 емитувани полчасовни епизоди, најславното анимирано американско семејство си доби и свое целовечерно шоу, едноставно насловено „Филмот за Симпсонови“. Гласовите ги позајмуваат легендарните Дан Кастеланета (Хомер), Џули Кавнер (Марџ), Ненси Картрајт (Барт) и Јердли Смит (Лиза), кои и овој пат перфектно си ја извршија својата слатка обврска која ја исполнуваат без престан веќе 18 години.

Читај повеќе

Илузија што ја победи реалноста на големото платно

Јубилеј – 20 години од премиерата на филмот „Кој го намести зајакот Роџер“: Токму овој наслов беше пробниот балон кој ги постави темелите на иднината на филмот, за едни логична и перспективна, за други – празна и декадентна

Читај повеќе

Треш-естетика на пиедесталот

Во време кога со филмот владее дигиталната технологија, која дури и на нискобуџетните филмаџии им овозможува олабавено да снимат некој наслов кој потоа рамноправно им парира на филмовите во кои се вложени многу пари, „лошите деца“ на Холивуд Роберт Родригез и Квентин Тарантино не се задоволуваат со ваквото, условно, олеснување на работата, туку влегуваат во авантура наречена кино-без-срам-и-перде, носталгично навраќајќи се на Бе-продукцијата од 70-те години на минатиот век, во која нема никакви правила, освен многу крв, луѓе-зомбија и желба за добра забава. Се работи за лудото тричасовно патување насловено „Целовечерна претстава“, дводелен филм кој својата премиера ја доживеа во април, а дефинитивно на светската публика кон него ќе биде целосно свртено во текот на летово.

Читај повеќе

Еклектично издание на „Мезанин“

Во последното издание за оваа сезона, избор на прекрасни кул музики: Симон Трчевски, Balanesqu quartet, Air… Enjoy yourself!

Читај повеќе

Заокружување на трилогијата

Со осовременување на филмската технологија, стана популарно (читај: исплатливо) еден успешен проект да се истурка барем до трилогија, тој толку посакуван збор од продуцентите. Питер Џексон дури и паралелно ги снимаше трите дела на „Господар на прстените“, за потоа, година по година, на светот да му ја подари легендарната бајка на Џ.Р.Р. Толкин на големиот екран. Можеби не со тој интензитет, но сличен е случајот и со „Пиратите од карибите“, кој стана ултрапопуларно четиво особено за помладата генерација љубители на филмот. Веројатно најзаслужен за овој статус е г-нот Џони Деп, кој на маестрален начин го игра главниот лик Џек Врапчето, интересна комбинација од имиџот на Кит Ричардс од Ролинг стоунс и неколкуте негови поранешни улоги во филмовите на Тим Бартон, кадешто исто така брилјираше.

Читај повеќе

Во 201 издание на меѓупросторот на Радио Равел, кул музика заокружена со триото Медески, Мартин и Вуд. Пред тоа, вовед со регето на г-нот Боби Марли.

Читај повеќе

„EKV revisited“ во jубилеjниот „Мезанин“ бр. 200

Во изданието бр. 200 на меѓупросторот на Радио Равел, уживајте во изборот на музиката во јубилејната емисија на 96 ФМ, со фокус на албумот „EKV revisited“.

Читај повеќе