Возбудливиот албум „I’m a bird now“ во фокусот на овој еклектичен „Мезанин“.
Кон „Вода и оган“ на Киро Урдин
Премиерата на најновиот филм на Киро Урдин, насловен „Вода и оган“, во кој станува збор за човекот како врховно мислечко битие кое милиони години ја ползува земјата доведувајќи ја до деструкција, се одржa во киното „Фросина“. Базирајќи се врз претходните искуства на авторот со мега проектот „Планетариум“, кој беше сниман долги години низ целиот свет, и уште толку долги години промовиран во земјава и во странство по различни поводи, ова е само капка во морето од животот на овој филм, чие битисување на екраните штотуку претстои. „Вода и оган“ е документарен филм кој излегува од општите постулати на жанрот и се движи по свои сопствени насоки. Впрочем како што вели самиот Урдин, тој како автор, во било кој медиум, секогаш се обидува да работи слободно, непретенциозно и без наметнати правила. Читај повеќе
Актуелните случувања во седмата уметност во „Филмополис“ 244
Том Тиквер, Клинт Иствуд и Џеки Чен во главните улоги во вечерашниот магазин. Но најпрво, за случувањата и ревиите во нашата Кинотека.
Читај повеќеThe Orb во „Мезанин“
Од кога не сме ги слушале музиките на д-р Алекс Патерсон. Еве го вечерва во целост неговиот нов проект насловен како и неговата музика, „The Dream“.
Мојот филм е и твој филм
Креативноста и отвореноста што ја овозможуваат новите технологии и медиуми од ден на ден оди се’ подалеку, и затоа последниве години се’ почести се полемиките на тема како сето тоа влијае врз филмот, од оној класичниот па се’ до новиот израз овозможен од современите технологии. Меѓу старите филмски волци се’ уште има автори кои воопшто не сакаат да го помирисаат новото време и кои своите дела се’ уште ги снимаат на „старомоден начин“. Златната средина им припаѓа на оние кои ги користат современите технолошки придобивки, но пристапот кон процесот на снимање на филмовите е оној од „старата школа“, додека последниве генерации со отворено срце ги гушнаа новите средства за реализација на филмските остварувања, и неретко гледаме прилично квалитетни филмови, кои понекогаш се снимени само со мала дигитална камера, и кои многу поефектно ја постигнуваат саканата цел од оние на кои се потрошено брдо пари. Лани, на пример, Скопскиот филмски фестивал како новина воведе конкурс на кој можеше да се ушествува со едноминутен филм на одредена тема изработен на мобилен телефон.
Читај повеќеДарквуд даб во „Мезанин“
Актуелниот албум „Јединство“ на белграѓаните Дарквуд даб! Но, пред тоа, загревање со актуелни музики од Македонија и Балканот. Тјун ин!
Деструкција и љубов
На кого во овој момент му требаше римејк на славниот ес-еф филм од 50-те години на минатиот век? Одговорот на ова прашање може да се бара во неколку насоки. Прво, ваков блокбастер со сигурност ќе донесе (и донесе!) добра заработка за продуцентската куќа „20-th Century Fox“. Второ, во недостаток на добри оригинални сценарија, особено ва научно-фантастичниот жанр кој долги години е во криза, буричкањето по старите проверени теми е особено добредојдено. Трето, но не и помалку битно: можеби луѓето „зад завесата“ конечно решија да не’ подготват за прифаќање на вистината за вонземјаните, кои одамна се меѓу нас… итн, итн. Всушност, попрецизно, ние го бараме одговорот на она меѓупрашање: зошто ваков филм со ваква тематика во овие моменти?
Читај повеќе59. Берлинале во „Филмополис“ 241
Случувањата на новото Берлинале во целост во вечерашниот магазин на ТВ Телма.
Читај повеќеMercury rev во „Мезанин“
Цела емисија посветена на прекрасниот њујоршки бенд, еден од моите омилени. Уживанција!
Читај повеќе„Замена“ на Марија Џиџева во „Филмополис“ 240
Македонската режисерка Марија Џиџева е дел од балканскиот омнибус инициран од Ненад Дукиќ. Присуствувавме на снимањето на краткиот филм во Воената болница во Скопје. Во продолжение, фокус врз актуелното Берлинале.