Драги пријатели, со задоволство го најавувам излегувањето на мојата нова прозна книга, збирката раскази “Двојна експозиција”. Овие приказни одамна ги носев во себе, дел од нив имаа потенцијал за роман, но сепак се одлучив за компактна збирка раскази, во која низ 12-те приказни раскажувам за растењето, созревањето, бизарноста, кризата на средните години и умирањето. Некако чувствувам дека ќе ви се допаднат, зашто ги напишав со кеиф и од срце
Се гледаме од денес во книжарница… но пред тоа, да видиме што вели издавачката куќа









