Јавување во живо од 71 издание на Венециската Мостра.

Преглед на она што ги очекува филмофилите на новото издание на најстариот филмски фестивал во светот.

Филмовите за кои највеќе се коментираше, вклучувајќи ги и годинашните лауреати, во новото издание на филмскиот магазин на ТВ Телма.

Случувањата на отворањето на јубилејната 70-та венециска Мостра и оние на 19 издание на Сараевскиот филмски фестивал, во вечерашниот филмски магазин на Телма.

Во фокус случувањата на најновото издание на најстариот филмски фестивал во светот, вклучувајќи ги и годинашните лауреати.

Режисерот кој на најдобар можен начин ја интернационализира кинеско-тајванската кинематографија, Анг Ли, со филмот „Страст, внимание“ како да ја сними својата верзија на „Казабланка“, притоа постигнувајќи полн погодок. По прекрасните остварувања од 90-те години, меѓу кои се издвојуваат наградуваниот „Свадбена прослава“ и забавниот „Јади-пиј, маж-жена“, и по поставувањето на основите на новиот жанр, во кој главните протагонисти покрај тоа што одлично ги практикуваат боречките вештини, без проблеми и летаат („Притаен тигар, скриен змеј“), Ли замина на печалба во Холивуд, кадешто по неколку (условно) промашувања, ги чепна срцата на многумина со хомодрамата „Скршенгрб планина“, која му го донесе Оскарот. И кога еден автор толку бргу ќе стигне до врвот, веројатно му треба мала оддишка, што на некој начин и претставува актуелниот филм „Страст, внимание“, со сета негова романтичност и грандиозна раскошност.
