Овој филм иако е комплетно снимен во Чешка, сепак, претставува македонска копродукција, која соодветно беше промовирана и во нашата држава. Она што Трајков претходно го спомена во интервјуто за „Големата вода“, релативно набргу и се оствари. Недовршениот проект што беше тргнат настрана токму поради екранизацијата на романот на Живко Чинго, конечно ја виде светлината на сребрениот екран. „Movie“ e експеримент пар екселанс, при чие гледање, без исклучок, треба да се вклучат сите сетила, бидејќи станува збор за филозофско промислување на филмската уметност преку концепт зад кој целосно стои Трајков, и како автор и како лик во филмот во кој (наводно) се игра себеси (режисерот). Поради специфичноста на овој едноиполчасовен филм, тој играше во терминот од 22.30 во киното „Милениум“, или во превод: исклучиво за филмофили, иако, ќе прочитате, Трајков не мисли баш така за своето интимно чедо. Читај повеќе
Архива за категоријата: Македонски филм
Кон „Боли ли?“ на Анета Лешниковска
По долгогодишно учење на филмскиот занает во Холандија, минатото лето режисерката Анета Лешниковска ги окупираше улиците на Скопје, снимајќи го својот прв долгометражен филм со интересен наслов, всушност, прашање: Боли ли? Па да, боли кога се снима дебито, бидејќи од него зависи развојот на целата понатамошна кариера, а според она што можеме да го видиме на големото платно во киното “Фросина”, авторката е на добар пат кон остварување на својата цел.
REVIEW: DOES IT HURT? (БОЛИ ЛИ?)
After years of honing her filmmaking craft in the Netherlands, last summer director Aneta Lešnikovska occupied the streets of Skopje, making her first feature-length film with an interesting title, which is in fact a question: Does It Hurt? Yes, it does hurt when a director shoots her debut since the rest of her career hangs in the balance. But, from what we were presented on the big screen at the Frosina Theatre, the author is well on her way towards her goal.
Enthusiasm is the key element of the entire project. After signing the Vow of Chastity in Copenhagen, agreeing to follow the principles of the Dogma 95 Manifesto, Lešnikovska gathered a group of friends, amateur actors, an interesting mix of Skopje’s crème de la crème and Skopje’s underground, and with a very small budget set off on an uncertain adventure—in search of a story to further develop into a film. The story seems to be unsteadily permeating the structure of the film, through the various uncompleted themes: whether to stay or to go, the reasons for the conflict between Macedonians and Albanians, pornography, drugs, paedophilia, false political heroes, etc.
Интервју со Анета Лешниковска, „БОЛИ ЛИ?“
Како и 2004-та, и 2007-та година беше онаа по која ќе се паметат многу квалитетни моменти во домашната кинематографија, бидејќи своја македонска и светска премиера доживеаја неколку домашни остварувања, кои со своето шаренило ја збогатија филмската карта на Македонија. Започнуваме со куриозитетот насловен „Прва македонска догма“, за кој директен виновник со својот непресушен ентузијазам беше авторката Анета Лешниковска.
Разговор со Владо Цветановски, „ТАЈНАТА КНИГА“
Филмот што во новата македонска историја најдолго се снимаше и околу кој се кршеа копјата пред сè на финансиски план, бидејќи постојано се зборуваше за исцрпен буџет, на неколкупати го коментиравме во магазинот и колку што можевме, го следевме неговиот пат до финална реализација.
Разговор со Сергеј Станојковски, „КОНТАКТ“
„Контакт“ на Сергеј Станојковски го следевме уште од неговиот зачеток. Првата клапа се случи на 8 ноември, а последната на 18 декември 2004 година. Се снимаше на локации во Скопје и околината. Сè тоа беше во ред, освен приказната за Сергеј Станојковски, кој беше тотална непознаница за пошироката македонска јавност. Човекот што студирал камера на филмската академија во Загреб, па се префрлил на документарен филм и режија на славната ФАМУ во Прага, доби шанса да го сними своето прво целовечерно остварување со тежината на фактот дека неговиот филм е прв од Македонија што доби поддршка од европската Еуроимаж, сон на секој европски филмаџија. Продуцент од германска страна беше Марчело Бусе, а од македонска Томи Салковски.
Кон „КАКО УБИВ СВЕТЕЦ“ на Теона Митевска
За жал, филмот на Митевска е единствениот македонски филм за кој не успеав да интервјуирам барем еден од авторите на филмот или членовите на екипата. Подоцна, кога кинематограферот Ален Маркоен ќе биде гостин на фестивалот „Браќа Манаки“ (оној контроверзниот, што се одржа во Скопје) го прашав за искуството од снимањето во Македонија, но тој не кажа ништо особено што би можело да влезе како импресија и која вреди да се спомене и запише.
Интервју со Антонио Митриќески, „КАКО ЛОШ СОН“
По официјалната светска премиера на фестивалот во Монтреал во 2003 година и едногодишната одисеја по другите светски фестивали, „Како лош сон“ на Митриќески конечно есента 2004 година ја доживеа и својата скопска кинопремиера, по што следуваше и интервју во магазинот. И за да нема забуни, токму поради времето во кое е правено интервјуто, филмот во оваа книга влезе во поглавјето „2004“, иако официјалниот продукциски датум на реализација е 2003 година.
Интервју со Иво Трајков, „ГОЛЕМАТА ВОДА“
Македонскиот режисер со чешко педигре, Иво Трајков, беше еден од првите кој го откри филмскиот потенцијал на Хамзи-пашините конаци во Бардовци за снимање на поголемиот дел од сцените во филмот „Големата вода“. За таа цел беа ангажирани многу локални натуршчици, особено од помладата генерација, поради потребата за снимање масовни сцени, кои во рамките на стариот турски конак и тоа како добија на автентичност.
Интервју со Дарко Митревски, „БАЛ-КАН-КАН“
Голема прашина се крена околу снимањето на новиот филм на Дарко Митревски, кој неколку недели со својата екипа ги анимираше жителите на скопските маала, снимајќи сцени во кои претежно Сека Саблиќ на сет глас требаше да вика: „Џангооооооо“. Паметам дека Митревски беше (и остана) еден од ретките филмаџии, кој 15 минути пред закажаниот термин дојде во Телма и пријатно ме изненади со неговата професионалност, која сепак направи воздржаноста кај него да остане до крајот од интервјуто, не дозволувајќи му духовито да се расприкаже како што само тој знае и умее.