Архива за категоријата: Градови

Секој град си има своја сопствена приказна. Овие текстови се обид да се долови моето искуство во дел од градовите кои сум ги посетил. И за сите нив можам да кажам: навистина вредеше!

Прашкиот Планетариум

Денеска се навршува 51 година од првите чекори на човекот на Месечината. Нил Армстронг го стори тоа токму на овој датум во 1969 година, во 20ч17м40с според американско време. По тој повод, денеска ќе ѕирнеме зад магичните врати на Планетариумот во Прага како еден од најинтересните во централна Европа, место кое има голема традиција зад себе.

Читај повеќе

Салвадор Дали во Париз

Секако дека најдобар начин за запознавање одблизу на Надреализмот е посетата на „Театарот-музеј Дали“ во Фигуерес, Каталонија, меката за љубителите на откачената уметност на големиот Салвадор, но и неговата париска приказна не е за потценување. Иако скриен во пазувите на Монмартр, музејот „Espace Dali“ претставува врвно доживување за секој посетител, затоа што на едно место може да се видат дури 300 експонати од овој славен уметник, еден од најпознатите во минатиот, 20-ти век.

Читај повеќе

(Во) Главата на Кафка

Книжевен туризам! Колку тоа интересно звучи, особено доколку добро е осмислен, бидејќи дел од туристите не се секогаш заинтересирани да ги посетат само оние, најизвиканите места во понудата, туку сакаат да видат и нешто друго, поинакво. За мене првата асоцијација на Прага отсекогаш била Франц Кафка. Познавајќи го неговото книжевно дело, сигурен сум дека тој се превртува во гробот знаејќи на каков комерцијален начин се „користи“ неговата оставина. Но, живееме во 21 век, каде „се’ е дозволено“ и „се’ мора да помине“.


Читај повеќе

Фрида Кало – болка, страст, љубов

За да го одбележи 111 роденден на една од најзначајните жени-уметници во 20 век, „Унгарскиот национален музеј-галерија на убави уметности“ во 2018 година (07 јули – 04 ноември) ја приреди изложбата на селектирани дела од Фрида Кало, според написите, можеби најдобрата и најкомплетна досега на европско тло. Повеќето од изложените дела пристигнаа од Музејот „Долорес Олмедо“ во Мексико сити, а покрај нив имаше и објекти од Етнографскиот музеј во Будимпешта во конткест на животот на Фрида, алудирајќи на мексиканската историја, култура и традиција.

Читај повеќе

Книжарница „Shakespeare and Company“ во Париз

Една од неодминливите дестинации за пријатно поминати моменти во Париз дефинитивно е книжарницата „Шекспир енд компани“. Иако во градот на светлината има безброј книжарници кои ве привлекуваат да ги посетите, сепак оваа е со посебен шарм поради својот богат историјат. „Шекспир енд компани“ се наоѓа од другата страна на брегот на Сена, отспротива славната „Богородична црква“, и нема шанси да ја одминете. Ова место со постојана динамика секојдневно е посетено од стотици туристи кои поминуваат по половина час, еден час, а некогаш и многу повеќе, читајќи книги и дружејќи се со љубители на пишаниот збор од целиот свет.

Читај повеќе

Книжарница „Alta Acqua“ во Венеција

Задолжителни места за посета при шетање низ некој европски град се безбројните книжарници расфрлани ваму-таму низ центарот и по квартовите. Секоја од нив си има свој шарм и раскажува своја автентична приказна, но една од највпечатливите дефинитивно е „Alta acqua“ во Венеција, самопрогласената „најубава книжарница во светот“ поради можноста, доколку имате среќа, да ја  посетите токму во моментите кога е поплавена, односно, кога настапува период на… погодувате – acqua alta!

Читај повеќе

„Музеј на играчки“ во Прага

Едно од најпопуларните и најпосетуваните места во Прага е Музејот на детски играчки, кој содржи колекција од околу  5000 различни примероци, со што се смета за втор по големина од ваков вид во светот.

Читај повеќе

„Национален технички музеј“ во Прага

Прекрасната Прага нуди многу можности, а за љубителите на музејските поставки особено атрактивен за посета е Националниот технички музеј. Оформен во далечната 1908 година, овој музеј е најголемата чешка институција специјализирана за музејски поставки од техничка природа. Векови наназад исполнети со технички иновации се презентирани во оваа атрактивна зграда на неколку ката, во која можат да се посетат 14 постојани поставки и неколку периодични изложби, секогаш тематски поврзани со намената на музејот.

Читај повеќе

Славните париски гробишта „Пер Лашез“

Кога си во Париз, една од неодминливите туристички атракции се славните гробишта „Пер Лашез“. Иако, според многумина, посетата на домот на мртвите спаѓа во т.н. „бизарен туризам“, бидејќи оние со послаб стомак не можат туку-така да се шетаат меѓу надгробните плочи, сепак на ова парче земја кое се простира на 44 хектари во 20-от париски арондисман се погребани славни имиња од француската и светската историја и токму затоа е вредно за посета, а тоа во просек го прават три ипол милиони туристи годишно, со што претставува најпосетувана некропола во светот.

Читај повеќе

Музеј на Иван Мештровиќ

Кога сте во Сплит, морате да одвоите барем половина ден, ако не и повеќе, за посета на „Музејот на Иван Мештровиќ“ и неговото ателје/летниковец. Со тоа барем одредено време ќе ги задоволите сите духовни потреби за уметност, затоа што она што ќе го видите и доживеете е нешто навистина исклучително. Најзначајниот хрватски скулптор, сликар, архитект и писател во 20 век со своето дело ги воодушевува сите кои случајно или намерно ќе го посетат некогашното престојувалиште, а денес дом на она што тој ни го остави како културно наследство.

Читај повеќе