Архива за категоријата: Книжевност

Како долгогодишен ко-сопственик и уредник во ИЛИ-ИЛИ, во оваа рубрика ќе се обидам да го претставам најдоброто во нашето издаваштво, но и интересот како писател за книгите кои ме воодушевиле и оние кои штотуку треба да ги откријам.

Кон романот „Ветрилиште“

пишува: д-р Тони Ќосев

„Стварноста останува грдо пајче, се’ додека вниманието не ја претвори во лебед“. Владимир Пиштало

„Ветрилиште“ е најновото и најзрело дело на Игор Анѓелков, со кое се нареди во редот на моите омилени писатели од балканскиот книжевен простор – Јерговиќ, Басара, Маџунков, Миневски, Великиќ, Пиштало, Господинов, Картареску и др. Да, признавам, јас сум пристрасен и субјективен навивач на Анѓелков, но има вистина во таа констатација. Што би рекол Горан Бреговиќ : „Ма све вам могу речи мирно, мене и онако нико не узима за озбиљно…“

Читај повеќе

За „Ветрилиште“ во „Наш подиум“ на МРТ

Во попладневните часови на Македонската радио телевизија, од понеделник до петок, може да се проследи колажната емисија „Наш подиум“ во која, меѓу другото, повремено може да се погледнат и прилози за литературата. На покана од Сандра Титизова, која долги години го уредуваше и водеше „Витраж“, промубаетивме за новиот роман „Ветрилиште“ и приказните што тој ги носи.

Голема благодарност за поканата, петминутниот прилог (кој, за жал, не е со сјаен квалитет) може да се погледне на следниот линк:

„Јод“ од Снежана Младеновска Анѓелков

Денеска од печат излегува новиот роман од Снежана Младеновска Анѓелков насловен „Јод“, како 231 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. Лауреатката која за својата прва книжевна објава „Единаесет жени“ ја доби престижната награда „Роман на годината “ на „Утрински весник“ за 2011 година, и овој пат со нејзиниот бескомпромисен и директен стил на пишување, ни раскажува за светот околу нас и она во што тој се претвори. Иако нејзините романи се куси, по нивното читање се чини како да содржат многу повеќе страници од онолку колку што тие навистина се. Тоа упатува на густината на текстот и пораките што истиот сака да ни ги пренесе.

Читај повеќе

„Тито: вечниот партизан“ од Мари-Жанин Чалиќ

Денеска од печат излезе книгата „Тито: вечниот партизан“ во издание на ИЛИ-ИЛИ. Со дистанца од 40 години, германската историчарка Мари-Жанин Чалиќ напиша интересна биографија за овој необичен владател. На околу 400 страници таа пишува за комплексниот, но и многу флексибилен политички лик, типичен производ на ерата на крајностите, што Тито лично ја доживеал и во чиешто обликување учествувал.

Читај повеќе

„Слобода“ од Леа Ипи

Деновиве од печат излезе книгата „Слобода“ од Леа Ипи во издание на „Или-Или“, која постигна завиден успех во изминативе години и беше закитена со еден куп награди. Се работи за моќна мемоарска книга во која се истражува сложената и бурна патека на растењето и созревањето во посткомунистичка Албанија. Имено, како млада ученичка Ипи била воспитувана под строгиот режим на тоталитарна власт која им ветувала на своите граѓани иднина во совршена слобода. Но, кога падна режимот во Албанија, основите на нејзиното општество се урнаа и светот на Ипи беше изненадно прекинат. Нејзината приказна ги води читателите низ период на интензивни лични и политички превирања, додека таа го сведочи распадот на комунизмот, појавата на неолиберализмот и своето сопствено созревање.

Читај повеќе

Кон романот „Ветрилиште“

пишува: Благородна Димовска-Буџакоска

Кукурииикууу! Го најавува петелот новиот ден, а во тој ден јас го запознав Борис Писателот кој ме освои на првата страница за да ме воодушевува се’ до последната. Борис е веќе на прагот на седмата деценија од својот живот, писател непрепознаен, неафирмиран, и никогаш не добил награда за своите романи, се’ до овој ден за кој ни пишува Анѓелков. Конечно Писателот ќе си го добие заслуженото, наградата за неговиот труд, тоа што му следува. И така ние како читатели тргнуваме да го изодиме патот заедно со Борис во овој за него најважен ден заедно да ја земеме наградата, од рано наутро се’ до вечерта. Дејството на овој роман временски толку и трае, само 16 часа…

Читај повеќе

„Амфора“ од Луиџи Пирандело

Деновиве од печат излезе новата збирка од мајсторот за пишување раскази, Луиџи Пирандело. По „Гол живот“, ИЛИ-ИЛИ со уште една прекрасна книга за македонските читатели од класикот на италијанската литература, во превод на Катерина Сотирова.

Читај повеќе

За „Ветрилиште“ на ТВ Алфа

Објвувањето на една книга поминува речиси незабележително на домашните телевизии, затоа пријатно ме изненади желбата на ТВ Алфа да направиме прилог за новиот роман „Ветрилиште“. Значи, во морето јавувања од загрижени пензионери за status quo состојбата во нашата земја, во „Утринската програма“ имало простор и за книжевноста. Убаво.

Читај повеќе

„Ветрилиште“, медиумско пакетче

Деновиве излегувањето од печат на новиот роман „Ветрилиште“ беше проследено и во домашните медиуми. Еве едно мало медиумско информативно пакетче кое стартува со објавата во „Културен печат“ на почитуваниот Тони Димков 😉

Читај повеќе

Романот „Ветрилиште“ како јубилејна, десетта објавена книга

Драги пријатели, денеска од печат излезе десеттата, јубилејна објава од мојата работилница, романот „Ветрилиште“. Спакувана во невообичаен формат, со тврд повез и шиени внатрешни страници, книгата навистина изгледа прилечно. Сепак, многу поважно е она што таа го содржи, па како провокација, во продолжение го споделувам текстот од задната корица, а потоа и извадок од прекрасниот поговор на Оливера Ќорвезироска кој на соодветен начин го заокружува ова издание.

Читај повеќе