Архива за категоријата: Книжевност

Како долгогодишен ко-сопственик и уредник во ИЛИ-ИЛИ, во оваа рубрика ќе се обидам да го претставам најдоброто во нашето издаваштво, но и интересот како писател за книгите кои ме воодушевиле и оние кои штотуку треба да ги откријам.

Библиотеката „Моќта на зборовите“ во Богота

Повеќе од 25 години, Хозе Алберто Гутиерез работел како возач на камион за ѓубре во главниот град на Колумбија. Во студените рани утрински часови, тој успеал да собере илјадници книги, претворајќи го својот дом во бесплатна јавна библиотека.

Читај повеќе

Кон романот „Ветрилиште“

пишува: Никола Пијанманов

„Зарем сме судени да умираме сами на ова парче земја? Зарем растеме нови генерации, кои едвај ќе чекаат да заминат од оваа пустелија?“ Овие прашања ги поставува Игор Анѓелков во најновиот роман „Ветрилиште“, а тие фучат како силен студен ветер низ листањето на неговото прозно дело. Празните предели и простори… сиви предградија. Таква е и мојата преокупација во сликарството на пејзажизмот. Ќе остане ли навистина овде жива душа, или како во последниот филм на Романецот Мунгиу, луѓето ќе исчезнат, а населбите ќе се наполнат со мечки и диви ѕверки од планините. Устите се затвораат полека, како да ги сошива времето, не толку стареењето, туку бесполезноста од нештата да се кажат од предолгото премолчување на зборовите. Атрофирале нашите усти и ја изгубиле својата најзначајна функција – да кажат нешто вистинито.

Читај повеќе

„Не влегувај во библиотеката“ од Алберто Риос

Библиотеката е опасна –
не влегувај внатре.
Доколку влезеш, знаеш што ќе се случи.
Таа е како продавница за миленичиња или пекарница –
секој пат кога ќе излезеш оттаму
држиш нешто во рацете.

Читај повеќе

Некролог

Горан беше вљубен до уши. Тајната ја делеше со малку другари, најмногу двајца, и тие беа негови сојузници кои правеа сè за да се оствари љубовта, да добие фидбек и од другата страна. Но, тоа, за жал, никако не се случуваше. Тој секое утро се будеше со мислата за неа, за прекрасната Миа со сини очи, остар поглед и прекрасна насмевка. Кога добро размисли, всушност, таа беше неговата прва вистинска љубов. Многу девојки од одделението потајно го сакаа, но Горан беше до уши вљубен во Миа од другото одделение, врсничка и сопатничка од другата, соседна училница.

Читај повеќе

„Левата рака на темнината“ од Урсула Легвин

На денешен ден пред седум години почина славната американска писателка Урсула Легвин (21.10.1929 – 22.01.2018). Таа се прослави со нејзините научно-фантастични дела сместени во универзумот „Ханиш“, како и со серијалот за „Земјоморието“ (Earthsea). Дебитираше во 1959 година, а нејзината книжевна кариера траеше речиси шеесет години, објавувајќи повеќе од дваесет романи и над сто раскази, покрај поезијата, книжевната критика, преводите и книгите за деца. Според добрите познавачи на СФ-литературата, нејзино клучно дело е „Левата рака на темнината“, на кое ќе се фокусираме во понатамошниот дел од текстот. Имав среќа во истото да уживам уште во 90-те години на минатиот век, кога во едно од последните интервјуа, Милан Младеновиќ (ЕКВ) на прашањето на новинарката да наведе омилена книга, го посочува токму овој роман.

Читај повеќе

Филип К. Дик, електричните овци и „Блејдранер“

Мојот омилен научно-фантастичен писател е Филип Киндред Дик (1928-1982). Во многу наврати во минатото сум пишувал за неговата поетика и значење, а повторното навраќање на неговите лик и дело е писмото што Дик го испратил до еден од продуцентите на филмот „Блејдранер“, неколку месеци пред неговата смрт. Во него писателот, кој зад себе остави 44 романи и 121 расказ, повеќето објавени во научно-фантастичните списанија, отворено зборува за неговите чувства, и затоа сметав дека е важно повторно, и по четири децении од неговата смрт, да се вратиме на темата “Блејдранер“, особено и поради тоа што најдобриот СФ филм на сите времиња во меѓувреме доби продолжение, а се планира и уште едно во годините пред нас.

Читај повеќе

Андреј Тарковски (4 април 1932 – 29 декември 1986)

На денешен ден пред триесет и осум години не’ напушти еден од најзначајните филмски режисери во минатиот век, Андреј Тарковски. Зад себе остави седум филмови, седум ремек-дела кои и ден-денес се задолжителна филмска лектира на многу универзитети ширум светот.

Читај повеќе

Читањето како потреба и начин на живот

Проживеав илјада животи, доживеав илјада љубови. Патував до далечни светови и го видов крајот на времето. Затоа што читам“. Џорџ Р. Р. Мартин

Читањето е составен дел од нашиот секојдневен живот, кое ни отвора порти кон знаењето, забавата и личниот раст. Читањето е повеќе од хоби или потреба, тоа има длабоки ефекти врз нашите умови, емоциите и благосостојбата. Со читањето го прошируваме нашето знаење, ја негуваме емпатијата и водиме поздрав живот, велат истражувачите. Сепак, и покрај неговата блискост, има многу фасцинантни аспекти на читањето кои за многумина остануваат непознати . Во продолжение наведуваме неколку интересни факти поврзани со читањето.

Читај повеќе

Божиќната молитва на Мирко Ковач

Мирко Ковач (26.12.1938 – 19.08.2013) беше наградуван и ценет писател и сценарист. Автор е на неколку романи, збирки раскази, есеи, ТВ драми и филмски сценарија. Познат е по тоа што беше против изградбата на мавзолејот на Његош. Тој сметаше дека постојната капела е добро инкорпорирана во традицијата и дека проектот на Мештровиќ е поврзан со монументалните египетски храмови, кои немаат никаква врска со христијанството, кое било столбот на животот на епископот. Сценарист е на славните филмови „Окупација во 26 слики“ (1978) и „Падот на Италија“ (1981) во режија на Лордан Зафрановиќ, а ко-сценарист, заедно со Живојин Павловиќ и Столе Попов, на култниот филм „Тетовирање“ од 1991 година.

Читај повеќе

Интервју во „Културен печат“ за новиот роман „Ветрилиште“

Новинарот и публицист Тони Димков е ретката светла точка во печатените медиуми кога станува збор за настаните од уметноста и културата. Во последниот, 261 број на „Културен печат“, додатокот на осум страници кој излезе во викенд изданието на „Слободен печат“, зборувавме за процесот низ кој поминав пишувајќи го „Ветрилиште“, но загатнавме и други теми релевантни за актуелната книжева сцена во Македонија. Всушност, сето она што беше (или требаше да биде) кажано на промоцијата на книгата, е фино сублимирано во ова интервју.

Читај повеќе