Избор од актуелни музики во вечерашниот 207 меѓупростор на Радио Равел.

Легендарната њујоршка панкерка Пети Смит издаде прекрасен албум со преработки на нејзини, но и наши омилени теми. Вечерва го преслушуваме во целост.
Во 205 издание на меѓупросторот на Радио Равел, кавер верзии на познати теми од Пласибо. Уживајте!
Инетрвју со долгогодишниот проследувач на музиката на овие простори. Причина: „Гледај најгласно“, патувачка филмска ревија на музички документарци.
Емисијата е емитувана на 12 септември 2007 година, на 96 ФМ.
Во новото издание на меѓупросторот на Радио Равел, прво во петтата сезона, во целост го слушаме новиот албум на Вајт страјпс, Icky thump. Уживајте 😉
Во последното издание за оваа сезона, избор на прекрасни кул музики: Симон Трчевски, Balanesqu quartet, Air… Enjoy yourself!
Во 201 издание на меѓупросторот на Радио Равел, кул музика заокружена со триото Медески, Мартин и Вуд. Пред тоа, вовед со регето на г-нот Боби Марли.
Во изданието бр. 200 на меѓупросторот на Радио Равел, уживајте во изборот на музиката во јубилејната емисија на 96 ФМ, со фокус на албумот „EKV revisited“.
Во меѓупросторот на Радио Равел, уживаме во музиката на Џеф Бакли, Џон Фрушанте и Џој дивижн. Ова е сериозно „3-Џ“ издание на „Мезанин“, колку и смешно да звучи насловот 🙂
Кон „Контрола“ на Антон Корбијн
Очигледно Манчестер во последниве години е прилично интересна тема за филмаџиите. По одличниот „24 час луѓе за забава“ на Мајкл Винтерботом, во кој ја разголува музичката сцена на овој град од 80-те години на минатиот век, овој пат дојде редот и за едно биографско остварување. Долги години откако сопругата на пејачот и текстописец на Џој дивижн, Дебора Кертис, ги објави мемоарите поврзани со нејзиниот сопруг, харизматичниот Јан Кертис, оваа приказна под наслов „Контрола“ се појави и на големото платно.