Давид Ангелевски издаде прекрасен деби албум, вечерва e наш и Ваш гостин на 96 мегахерц. Stay tuned 😉

Давид Ангелевски издаде прекрасен деби албум, вечерва e наш и Ваш гостин на 96 мегахерц. Stay tuned 😉

Со мјузиклот „Девојки од соништата“, кој ги размрда газовите на публиката во еден вокално-танцувачки транс, случајот е поинаков од останатите филмови од овој тип. Се работи за остварување реализирано претежно од Афро-Американци, што беше доволен сигнал за членовите на Академијата да го искористат моментот и повторно да ја докажат својата демократичност, доделувајќи му неколку актерски номинации, но не и онаа главната, за најдобар филм.

Вечерва во магазинот француските електронски херои, бендот Air, и нивниот нов албум Pocket symphony.

Како и 2004-та, и 2007-та година беше онаа по која ќе се паметат многу квалитетни моменти во домашната кинематографија, бидејќи своја македонска и светска премиера доживеаја неколку домашни остварувања, кои со своето шаренило ја збогатија филмската карта на Македонија. Започнуваме со куриозитетот насловен „Прва македонска догма“, за кој директен виновник со својот непресушен ентузијазам беше авторката Анета Лешниковска.
Читај повеќе
Босановата во последниве години ја освои светската музичка сцена. Вечерва го слушаме во целост албумот посветен на темите на славните металци Ганс енд роузис, но во Босанова руво.

Во 190 издание на меѓупросторот на Радио Равел, колаж од нови музики. На стартот простор за генијалецот со темен вокал, Марк Ланеган, затоа фигурира и во насловот.

Во вечерашното издание посвета на прекрасниот албум Ballad of the broken seas на Изобел Кемпбел и Марк Ланеган. Уживанција!

Во меѓупросторот на Радио Равел, фокус врз легендарниот албум „My life in the bush of ghost“ од 1981 година на Брајан Ино и Дејвид Брн.

Во 186 издание на магазинот, повторно музика од ЛП-ја, и тоа Б-страни од албуми на Кокто Твинс, Баланеску квартет, Ник Кејв и Кејт Буш.
