Трите најдобри македонски албуми во 2003 според „Мезанин“: ги свират План Б, Фолтин и ТБ Трачери.

Трите најдобри македонски албуми во 2003 според „Мезанин“: ги свират План Б, Фолтин и ТБ Трачери.

Мистер Џон Лури и неговата банда „Лаунџ лизардс“ во вечерашниот меѓупростор на Радио равел. Но и Нилс Петер Молваер, кој растури на СЏФ пред два месеци.

Њујоршкиот андерграунд херој со откачени музики во вечерашниот меѓупростор на Ради Равел.

Новиот албум на британската женска рокенрол-сајкаделик атракција во новото издание на меѓупросторот на Радио Равел.

Со маркетиншкиот потег на продуцентите на „Матрикс“ третото и последно продолжение истовремено да го прикажат во стотици градови ширум светот, вклучувајќи го и Скопје, глобализацијата не само што зема се’ поголем замав и ја разработува машинеријата, туку се обидува и да ни го наметне својот ритам на егзистирање. Но, по гледањето на филмот, сепак сфаќаме дека трилогијата во филмската терминологија означува заокружување на успешниот почеток, а останатото понатаму е само машина за правење на пари, матрица многу пати апсолвирана досега.

Новиот албум „Гриндејл“ на рокенрол-ветеранот во фокус во вечерашниот меѓупросторот на Радио Равел. Но, и Елбоу со новиот материјал.

Пет години беа потребни да се расипе впечатокот и да се упропасти една интересна идеја, која во времето кога се појави, претставуваше вистинско освежување. Филмот „Такси“ кој се најавуваше како ново остварување под покровителство на продуцентската куќа на големиот Лик Бесон, во 1998 година не само што беше најуспешна француска комедија, туку успеа да ги поднасмее и студените Британци, нарцисоидните Американци и останатата публика ширум светот. Французите уште еднаш покажаа дека нивната кинематографија во последните десет години и тоа како е витална, произведувајќи филмови и со уметнички и со комерцијален карактер, за момент засенувајќи ја доминацијата на Холивуд.

Новиот албум на магичниот британски бенд во фокус во вечерашниот меѓупростор на Радио Равел.

Легендарниот комичар Џери Луис веќе десетина години има свој достоен наследник во Канаѓанецот Џим Кери. По толку многу гримаси и успеси, почнувајќи од 1994 со „Глупавиот и поглупавиот“ и „Ејс Вентура – детективот за миленичиња“, тешко дека титулата на Кери како најпопуларен комичар на светот ќе биде загрозена од некого во догледно време. По излетите во неколку „сериозни“ улоги во филмови како „Шоуто на Труман“ (1998) и „Човек на месечината“ (1999), комичарот повторно соработува со режисерот Том Шедијак, со кого го снимија мега-успешниот „Лажго, лажго“ пред шест години. Иако приказната за бескрупулозниот адвокат кој одеднаш „се разболува“ од зборување на вистината изгледаше поразиграно и покомпактно, и нивното ново чедо, „Семоќниот Брус“, е комедија која наиде на одлични критики и реакции, и дефинитивно е еден од најкоментираните и најгледаните филмови во годинава што изминува.
