Недоизградени филмски ликови

Вклучувајќи го и последниот филм на режисерот Дејвид Твој, „Под површината“, во последниве три години Холивуд не’ опседна со исто толку, помалку или повеќе, успешни „подводни“ филмови. Се’ започна со раскошната екранизација на класичната приказна на Жил Верн за капетан Немо и неговиот Наутилус во далечната 1954 година, прекрасната Дизни продукција „20 илјади милји под морето“, за да продолжи со „Подморница“ (1981) на Германецот Волфганг Петерсен, во кој се прикажува тешкиот живот на германската посада во Втората светска војна, зачинета со црн хумор и фантастична музика, како и со „Црвениот октомври“ девет години подоцна, првиот од серијата филмови според романите на Том Кленси за херојот Џек Рајан (Алек Болдвин).

Читај повеќе

Акција, комедија и детективски сплетки

Дваесет години по трејдмарк улогата во „Блејдранер“, актерот Харисон Форд повторно се враќа на големото платно во улога на полицаец, но не како истребувач на роботи, туку како холивудски џандар кој треба да ги разреши убиствата во овој, за многу загубени души, град на соништата. Но одговорот на загатката лежи во тоа што Гавилан, ликот што тој го толкува, е вистинска иронија на сето она што во сите години наназад претставуваше Декард за голем број на фанови. Тој е едноставен „холивудски“ полицаец со три разводи зад себе, со куп долгови врз грбот, обидувајќи се сето тоа да го надополни со работа во областа на недвижностите. Но и таму не му оди баш сјајно. Ова го потврдува одличниот потег на Форд кога ја прифатил оваа улога, бидејќи зборува за неговиот либерален став кон филмскиот занает, бидејќи не секој актер би прифатил да се иронизира самиот себе.

Читај повеќе

Романтична приказна во старомоден манир

„Четирите пердуви“ е адаптација на истоимениот роман на Мејсон, четиво што ја доживува петтата филмувана верзија на големото платно, по двата неми филма (1915 и 1928), верзијата на Золтан Корда од 1939-та и ТВ филмот од 1977 година. Напишана во 1902 година, приказната нуди универзална тема, во која се испреплетени воениот еп, романсата и англофилството, истакнувајќи ги, пред се’, индивидуалниот дух, љубовта и пријателството.

Читај повеќе

Интервју со Светозар Ристовски, „ИЛУЗИЈА“

Шанса да сними дебитантски долгометражен филм, Светозар Ристовски (1972) доби релативно рано во својата штотуку започната кариера. Тој шансата добро ја искористи снимајќи интересен филм, кој на не толку познатиот, но ценетиот „Anchorage film festival“ во 2005 година беше прогласен за најдобар филм, а декада подоцна имавме можност да го гледаме и на филмски канали како „ТВ 1000“, заедно со редица други квалитетни авторски остварувања. „Илузија“ својата премиера ја доживеа на Филмскиот фестивал во Торонто во 2004 година, каде што денес режисерот живее и работи. Авторот најави дека македонската премиера ќе се случи на фестивалот Браќа Манаки, но тоа не се случи.

Читај повеќе

Елбоу во „Мезанин“

Во 31 издание на меѓупросторот на Радио Равел, доминација на британската современа сцена. Хероите од Б’ри, Елбоу, имаат нов албум. Стеј тјунд 😉

Читај повеќе

Janes addiction во „Мезанин“ 28

Мадрфакин Пери Фарел и компанија по 10 години се враќа на сцената со одличниот албум „Стрејс“. Во вториот дел, новиот бенд на Били Корган, Zwan.

Читај повеќе

Соник јут во „Мезанин“ 27

Летото 2003 фасциниран од живите настапи на Масив атак во Загреб и Соник јут во Белград, правам пресек на нивната музика во првото есенско издание на меѓупросторот на Радио Равел.

Читај повеќе

Небулозен филм направен со „тешка“ рака

Во Холивуд ништо ново: приказната со масовните стрип-екранизации продолжува како резултат од недостигот на добри сценарија и издржани стории. Овој пат сме сведоци на една малку поинаква приказна која претставува одлична идеја, но само во рамките на стрипот, а не и на големото платно. Токму затоа во првиот дел од текстот поголем простор ќе му отстапиме на Алан Мур, човекот чие стрип-сценарио излуде многумина, и заедно со цртежите на неговиот соработник и пријател Кевин О’Нил, ги принудија филмските продуценти да водат борба помеѓу себе околу прашањето кој побргу ќе го купи тоа „шарено“ парче хартија за да го пренесе на сребреното платно.

Читај повеќе

Акција сместена во замислена одисеја

Една од најзначајните фигури на европскиот авторски филм во изминативе декади е Кшиштоф Кишловски, режисерот што во културно наследство ни ги остави фантастичниот „Декалог“ од неговата рана, полска фаза, и трилогијата „Три бои“ работена во Франција. Неговата прерана смрт во 1996 година, на 55-годишна возраст, го спречија и понатаму да ни ги раскажува своите прекрасни приказни на големиот екран. Едно од неговите последни сценарија, дел од новата (нереализирана) трилогија, која освен актуелниот „Рај“ требаше да ги содржи и Дантеовите „Пекол“ и „Чистилиште“, за жал, остана недовршено. Меѓутоа, неговиот добар пријател и долгогодишен соработник, сценаристот Кшиштоф Пишевич, седна и ја доврши креативата.

Читај повеќе