Кога ќе видиш насмеани и задоволни лица по настанот, тоа е знак дека се’ поминало во најдобар ред.
Голема благодарност до Оливера Ќорвезироска, до сите присутни (и оние онлајн) кои одвоија време синоќешната промоција да ја направат незаборавна, и се разбира, до фотографот Горан Михајловски 😉
Драги пријатели, со големо задоволство Ве информирам дека утревечер, на 17 декември во 19 часот, во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи промоцијата на романот „Ветрилиште“. Чинам дека помина доволно време (5 ноември) од објавувањето на јубилејната, десетта книга, па редно беше да Ве поканам на гости и да почестам. Со драгата пријателка Оливера Ќорвезироска ќе се обидеме да ви ја приближиме книгата најдобро што можеме. Оваа дружба на „Максим Горки“ бр. 18 е одлична можност не само за колегите, туку и за сите оние што досега не зачекориле во храмот на книжевноста, конечно да го сторат тоа.
Во очи на десетгодишнината од прераното заминување на мојот омилен македонски поет, еве мал избор на фаворит-песни од Игор Исаковски од неговите збирки поезија.
Кон театарската адаптација на романот „Снег“ од Максанс Фермин
Во понеделникот во МКЦ, популарната „Денсинг сала“ во која вообичаено уживаме во концертните настани беше сосема непрепознатлива. Како да влегувате во временска машина која ве носи пар векови во минатото, во земјата на изгрејсонцето. „Виновникот“ за оваа поинаква реалност е сценографијата за претставата „Снег“, која по минатомесечната премиерна изведба повторно се врати на сцената, на исклучително задоволство на пристутните.
Како да се заокружи 30-годишниот јубилеј од постоењето, освен со уште еден триумфален настан. Браво момци, браво Суперхикси! Во неделата се случи првиот од двата најавени „анплагда“ на бендот кој на музичка сцена како нашата, на која нема правила на игра, успева да опстои полни три декади со еден куп албуми и песни зад себе. По големиот концерт летото во паркот во Кисела вода, овој пат во истата општина, но во прекрасниот Дом на култура „Билјана Беличанец“, деветчлената банда успеа да направи акустична прошетка низ материјалот кој супериорно го градеше од година во година, за на крајот да станат една од ретките македонски групи со вистински интегритет.
Деновиве од печат излезе новиот роман „Простување“ од нашата еминентна писателка Кица Колбе. По романите „Земја на бегалци“, кој доживеа и второ издание, потоа, „Витезот и Византијката“, како и дополнетото реиздание на „Жените Гаврилови“, Колбе со нов ракопис за своите верни читатели.
На денешен ден во 1979 година, на Скопјанката Гонџа Бојаџиу, попозната како Мајка Тереза, во Осло и’ беше доделена Нобеловата награда за мир. Во нејзиниот спомен-музеј во Скопје, на видно место се истакнати копијата од дипломата од овој настан и фотографијата која датира токму од 10 декември, кога Мајка Тереза лично ја примила наградата од Нобеловиот одбор.
„Стварноста останува грдо пајче, се’ додека вниманието не ја претвори во лебед“. Владимир Пиштало
„Ветрилиште“ е најновото и најзрело дело на Игор Анѓелков, со кое се нареди во редот на моите омилени писатели од балканскиот книжевен простор – Јерговиќ, Басара, Маџунков, Миневски, Великиќ, Пиштало, Господинов, Картареску и др. Да, признавам, јас сум пристрасен и субјективен навивач на Анѓелков, но има вистина во таа констатација. Што би рекол Горан Бреговиќ : „Ма све вам могу речи мирно, мене и онако нико не узима за озбиљно…“
Вечерва во Луцерн, Швајцарија, ќе се одржи 37-то доделување на Европските филмски награди. Неколку месеци претходно, европската филмска академија соопшти дека „Наградата за животно дело“ му ја доделува на легендарниот германски режисер Вим Вендерс. „Со оваа награда го славиме извонредниот опус на Вим Вендерс, кој продолжува да истражува и да експериментира со љубопитно око и отворен ум“, изјави Матијс Воутер Кнол, директорот на ЕФА. „Како еден од основачите на Европската филмска академија, нејзин претседавач од 1990 до 1995 година и претседател до 2020 година, Вендерс има силна врска со академијата и ние сме дополнително среќни што исто така ја славиме неговата извонредна посветеност и му благодариме за тоа“. Честитки, маестро!
Се чини како оваа година сите да објавија албуми. Го слушам интервјуто на „стариот лисец“ Дејвид Гилмур кој јасно нагласува дека клучни биле тие година-две од пандемијата, кога бевме затворени дома и сакал-нејќел, за да не полудиш, почнуваш да твориш. Ник Кејв, Меркјури рев, Тиндерстикс, Бет Гибонс, Прл џем, Лори Андерсон, Смешинг пампкинс… се само дел од имињата кои не’ почестија со нов материјал. Дури и јас издадов пет книги(!) Сепак, од сето наброено, за мене албум на годината е „Songs of a lost world“ на Кјур, не затоа што стана број еден на релевантните листи од оваа и онаа страна на океанот, туку затоа што слушањето на ова ремек-дело и уживањето во него е најмалку што можам да сторам за Илиќот, првиот што од мојата генерација замина на оној свет.