Збирката „Даблинци“ (1914) од Џемс Џојс е една од најпознатите збирки раскази во книжевноста на 20 век. Секоја приказна си има своја вредност, но на мене највеќе ми се допаѓа расказот „Араби“, што е поетското име за Арабија. Во случајов насловот има само симболичко значење, бидејќи се работи за приказна за полнолетство која ги истражува темите на младешкиот занес, разочарувањето и контрастот помеѓу идеализмот и реалноста.
Романот „Кон светилникот“ објавен во 1927 година е едно од врвните дела на европскиот модернизам. Критиката го смета за најавтобиографски роман на Вирџинија Вулф, речиси психолошка поема. Во нејзините изјави за причините како дошла до точката да го напише ова дело, писателката вели дека се случил поради преголемата опседнатост со нејзините родители. Едноставно, и додека биле живи (мајка и’) и по нивната смрт (татко и’), таа вели дека „не можела да ги извади од нејзините мисли“. Но, откако го напишала „Кон светилникот“, таа опсесија исчезнала. Светилникот фигурира на кориците од мојот најнов роман „Ветрилиште“ како метафора за „враќањето дома“, таа вечна тема уште од Хомеровата „Одисеја“, и тоа беше доволна провокација да му се навратам на ова дело објавено пред речиси еден век.
Александриската библиотека во древниот Египет била една од најголемите и најзначајните библиотеки на античкиот свет. За да се зголеми колекцијата, се запленувале сите книги од бродовите што се вкотвувале во пристаништето, се правеле копии од нив, а потоа токму копиите ги враќале на сопствениците, додека оригиналите се зачувувале во библиотечната колекција. Оваа агресивна стратегија за стекнување на што повеќе пишани добра помогнала да се собере речиси сето знаење од целиот познат свет.
Отсекогаш сум бил љубител на научно-фантастичната литература. Можеби не сум прочитал онолку колку што сум сакал, но автори како Филип К. Дик и Вилијам Гибсон, барем до оние дела до кои можев да дојдам, ги прочитав и уживав во нив. Се разбира, тука се и филмот и стрипот како логично надоврзување на литерарната киберпанк предлошка, за комплетна експлоатација на жанрот до крајни конзумеристички граници. Деновиве наидов на прекрасни кибер-панк илустрации кои се дизајнирани од различни светски уметници и кои комплетно го доловуваат духот на овој популарен жанр, па инспириран од нив (ќе ги гледате низ текстот), решив да направам краток осврт кон значењето на кибер панкот во уметноста.
Читањето на одличните романи на Јун Фосе (Нобелова награда за 2023 година) ме натера да се навратам на делата на најголемиот скандинавски писател Кнут Хамсун (роден на 4 август 1859 година), почнувајќи токму од неговата дебитантска книга. „Глад” е револуционерен роман прв пат објавен во 1890 година. Ова дело се смета за книжевно отворање на 20 век и важи за извонреден пример на модерна литература водена од психологијата. Според Исак Башевис Сингер, „Хамсун во секој поглед е татко на модерната книжевност“.
Наутро, напладне, попладне, навечер… Секое возење со лифтот ми предизвикува вртоглавици поради „остарената“ Мадона, која го рекламира познатиот хотелски бренд повикувајќи ги гостите „да се изразат себеси“, останувајќи во квалитетна „состојба на умот“.
За многумина вљубеници во ликот и делото на Кафка, оти едното без другото не може, расказот „Преобразба“ е оној најпрепознатливиот во неговиот книжевен опус. Меѓутоа, постои и едно друго ремек-дело на кое денес ќе му обрнеме внимание. Тоа е расказот со провокативен наслов „Уметник во гладување“ (германски: „Ein Hungerkünstler“), кој премиерно е објавен во 1922 година во списанието „Die neue Rundschau“.
Повеќе од 25 години, Хозе Алберто Гутиерез работел како возач на камион за ѓубре во главниот град на Колумбија. Во студените рани утрински часови, тој успеал да собере илјадници книги, претворајќи го својот дом во бесплатна јавна библиотека.
„Зарем сме судени да умираме сами на ова парче земја? Зарем растеме нови генерации, кои едвај ќе чекаат да заминат од оваа пустелија?“ Овие прашања ги поставува Игор Анѓелков во најновиот роман „Ветрилиште“, а тие фучат како силен студен ветер низ листањето на неговото прозно дело. Празните предели и простори… сиви предградија. Таква е и мојата преокупација во сликарството на пејзажизмот. Ќе остане ли навистина овде жива душа, или како во последниот филм на Романецот Мунгиу, луѓето ќе исчезнат, а населбите ќе се наполнат со мечки и диви ѕверки од планините. Устите се затвораат полека, како да ги сошива времето, не толку стареењето, туку бесполезноста од нештата да се кажат од предолгото премолчување на зборовите. Атрофирале нашите усти и ја изгубиле својата најзначајна функција – да кажат нешто вистинито.
Библиотеката е опасна – не влегувај внатре. Доколку влезеш, знаеш што ќе се случи. Таа е како продавница за миленичиња или пекарница – секој пат кога ќе излезеш оттаму држиш нешто во рацете.