Синоќа заврши 71-то издание на Венециската Мостра, каде престижниот „Златен лав“ го доби американската драма „Nomadland“ на кинеската режисерка Клои Жао. Но, овој пат нема да правиме кавер на случувањата на најстариот филмски фестивал во светот, туку ќе одиме на едно заедничко патување во светот на уметноста, благодарение на репрезентативниот музеј „Пеги Гугенхајм“ сместен на „Grand canal“ во најмагичниот град на планетата.
Преспа како носталгија, реалност и потенцијал
„Немој во Охрид, хаотично е!“ беа советите кои ги слушав од пријателите и оние кои ги читав на социјалните мрежи. Како да се работеше за некој преспански заговор против Охрида града 🙂 Така, единствена алтернатива за летен одмор, кога веќе границите се затворени, остана Преспа. Веднаш се вратија сеќавањата на безгрижните 80-ти години од минатиот век, на Претор, Крани, Асамати… Којзнае како е сега таму преку лето? Но, во предел во кој фигурираат имиња како Подмочани, Дупени, Стење, Змиски остров – мора да е весело.
„Сплавот Медуза“ на Теодор Жерико
Најпосетена и најфотографирана слика во „Лувр“ дефинитивно е „Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи. Дури и не може да се пристапи до неа од гужвата која ја создаваат Азијатите, кои штракаат на дистанца од неколку метри од неа со своите мобилни и фотоапарати. Но славниот париски музеј крие уште многу вредни дела кои треба да се видат во живо. Едно од нив е „Сплавот Медуза“ на генијалниот Теодор Жерико.
Прецизна вивисекција на генерацијата родена во ’70 и некоја
(Кон „Шрапнел“ од Игор Анѓелков, Скопје: Или-или, 2020)
пишува: Ана Мартиноска
Новиот роман на Игор Анѓелков „Шрапнел“ се чита лесно, барем онолку колку што е тоа случај и со неговите раскази, претходните два романи „Крај-пат“ (Или-или, 2010) и „Фото синтеза“ (Или-или, 2013) или бројните филмски, музички или книжевни критики. И овој пат Анѓелков продолжува да пишува искрено, ненаметливо, едноставно во најпозитивната смисла на тој збор, или ако ја употребиме одредбата на Јакимовска – нормално. „Под „нормално“ подразбираме дека дур го читате не се чувствувате како некој да ви се додворува, како да сака нешто да ви „продаде“, како да ве матка, како да се прави паметен, како да не знае кај тера. Човекот си ја раскажува својата приказна, и тоа е тоа. Таква базична чесност во пристапот кон пишувањето е она што го нарекуваме јунаштво.“ (Јакимовска, 2011: без пагинација, веб)
„На враќање“ од Фросина Пармаковска
А јас ги отворам очите за да ја запаметам таа последна слика и гледајќи некаде низ прозорецот, пишувам со рацете на кои тогаш не им требаат очи. Утрото без да ме предупреди и без да се збогува, одамна беше заминало, а јас сум бескрајно среќен и исполнет од сите места на кои што бевме, целиот свет што ни припаѓаше и можевме да го изменуваме дотолку да уништуваме натрапници и да оживуваме трупови на умрени објекти со помош на големи историски личности. Не можев ништо повеќе да посакам и за ништо не можев да се пожалам. Како да патував на летечки килими што можат секаде да ме однесат, каде и да посакам.
Мирно лето во Маврово
Доколку здравствената состојба не беше ваква каква што е, веројатно не би ги вкусил мавровските убавини во лето, освен на еден ден. Но, ете, се случи и тоа, неколкудневен престој во македонскиот (зимски) туристички бисер, кој покажува дека може да функционира пристојно и во летните месеци, по урнек на една Словенија, да речеме, која своите планински убавини добро им ги продава на туристите од сите континенти.
„Небо без ѕвезди“, хаибуни
КОМАРЕЦ СО СЛУХ
Утрово преку мобилниот ми стигна одлично тазе хаику од еден пријател: Еј комарецу, / дај прво да заспијам, / потоа касај. Можеби не би инсистирал да го цитирам, ако не стигнеше баш во моментот кога го чистев ѕидот.
Лидија Димковска и Алеш Мустар, поезија
Во овој поетски прилог, по една ангажирана песна од македонската поетеса и романсиерка Лидија Димковска и словенечкиот поет и преведувач Алеш Мустар, од нивните збирки „Црно на бело“ и „Средни години“, дел од едицијата „Поеза“ на ИЛИ-ИЛИ.
BLACK IS BASIC – 50 години творештво на Мице Јанкуловски
Од 18 август до 15 септември, љубителите на ликовната уметност се во можност да проследат една изложба од светски калибар. Во Националната галерија на Македонија, објект „Мала станица“, во тек е изложбата насловена „МИЦКО, Мице Јанкуловски, 50 години творештво“, со која уметникот го одбележува своето присуство на уметничката сцена пет декади во континуитет. Иако првично најавена до 28 август, сепак поставката која содржи 150 слики во 50 полиптиси, под кураторство на Корнелија Конеска, доби зелено светло за уште петнаесетина изложбени денови, што е одлична можност за оние кои не ја посетиле, да го сторат истото во следниот период.
Сарајот на Нијази бег – дом на Ресенската керамичка колонија
Поради големите турканици на охридското крајбрежје, ова лето вистински избор за летување (беш)е Преспа поради нејзината природа и убавините кои ги нуди. А кога сте веќе таму, секако дека мора да го посетите Ресен, кој се наоѓа на петнаесетина километри од крајбрежјето, и особено неговата репрезентативна знаменитост, Сарајот (Дворецот) на Нијази бег, кој денес претставува градски Дом на култура, во чии рамки може да се видат две исклучителни поставки. Во овој текст ќе ја претставиме онаа на првиот кат, која содржи преку 400 експонати од угледната и почитуваната Ресенска керамичка колонија.