Награди на јубилејното, 40-то издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Синоќа во Битола беа доделени наградите за најдобрите кинематографери на 40-то издание на „Браќа Манаки“. Жирито составено од Ед Лакман, Калојан Божилов, Доминик Велински, Фејми Даут и Ненад Дукиќ ги донесе следниве одлуки:

Читај повеќе

Стрип и графити во Драма

Најпознат настан од областа на културата во Драма е Фестивалот на кратки филмови, кој годинава се одржува по 42 пат. Но, со своето прво издание и големиот интерес пред се’ од младите уметници и љубители на деветтата уметност, Стрип фестивалот има тенденција да стане традиционален и на едно место да ги собира како домашните, така и интернационалните стрип уметници. На неколку локации низ градот се поставени табли од грчките стрип мајстори од старата и новата генерација, како и оние на годинашните специјални гости од Италија. Еве ги стрип-таблите поставени во Археолошкиот музеј на тема – Втора светска војна:  

Читај повеќе

Кон 42-то издание на Фестивалот на кратки филмови во Драма

Септемврискиот филмски термин вообичаено со години наназад ме носеше во Битола на „Браќа Манаки“, но годинава ќе го скокнам неговото јубилејно, 40 издание поради поклопувањето на терминот со филмскиот фестивал во Драма, Грција, каде за прв пат ми беше укажана честа да бидам член на ФИПРЕСЦИ жирито. Интернационалното здружение на филмски критичари знае да ги препознае квалитетните фестивали и во соработка со нив да има свои претставници кои доделуваат една од наградите. Филмскиот фестивал на кратки филмови во Драма со својата богата програма и традиција е токму тоа.

Читај повеќе

„Пропаст“ од Владимир Зарев

„Се очекуваше ваква книга да се појави во Полска, Чешка, Унгарија или дури и во Германија, но наместо тоа, се појави во Бугарија. И ако за Западна Европа и остатокот од светот таа беше изненадување, не беше никаков шок за бугарските читатели, оние кои го познаваат и го почитуваат Владимир Зарев и неговите единаесет романи во изминатите неколку децении. Романот низ европските метрополи предизвика бројни осврти, особено во водечките медиуми од германското говорно подрачје, а за самиот автор е снимен документарен филм насловен „Бугарскиот Балзак“, во кој критичката мисла го споредува со Достоевски, Маркез, Ман и Булгаков. Поодделни осврти го доближуваат до Апдајк според начинот на кој се градени и профилирани неговите ликови“. (Од рецензијата за германското издание на книгата)

Читај повеќе

Награди на 76. издание на Венециската Мостра

Претседателката на жирито, аргентинската режисерка Лукреција Мартел, ги соопшти наградените филмови на годинашното издание на филмскиот фестивал во Венеција. Одлуките ги донела заедно со колегите во жирито: режисерката Мери Харон, актерката Стејси Мартин, кинематограферот Родриго Прието и продуцентот Пирс Хендлинг. „Златниот лав“ за најдобар филм во 2019 година на најстариот филмски фестивал во светот го доби „Џокер“ на режисерот Тод Филипс.

https://www.youtube.com/watch?v=-_DJEzZk2pc

Читај повеќе

Приказни за генијалноста и лудилото

Екранизација на животите на славните писатели

Веќе со децении вообичаена практика во седмата уметност е да се екранизираат животите на славните личности, бидејќи публиката секогаш ужива во такви приказни, што, откако ќе бидат ставени на целулоидната лента, стануваат повистинити отколку што навистина се. Но, филмот е магија што може да си го дозволи тоа и во овој текст ви претставуваме еден куп наслови поврзани со животите на секогаш непредвидливите и инспиративни писател(к)и, кои во минатото ни подарија едно чудо прекрасни приказни.

Кои се најконтроверзните писатели во минатиот век, кои со својот боемски живот влегоа во легендите? Токму со филмските приказни за развратниот живот на бонвиваните Хенри Милер и Чарлс Буковски ќе го почнеме овој преглед. Долго време требаше за да излезе првиот филм за славниот Буковски, поточно за неговото алтер-его Хенри Кинаски, маестрално одигран од Мики Рурк. „Барска мушичка“ (1987) е насловот што го потпиша режисерот Барбет Шредер, со што се подотворија вратите на Холивуд за уште некоја екранизација на делата на стариот расипаник. Сепак, дури пред некоја година филмаџиите нè почестија со „Фактотум“ (2005), во кој стариот пес Хенк овој пат го игра Мет Дилон, под режисерската палка на Бент Хамер.

Читај повеќе

New music first, кон „Здраво млади 9“

Лани на први септември, а годинава ден порано, фестивалот „Здраво млади“ со деветтото издание ја докажа својата зацртана траекторија по која се движи сите овие години, преточена во јасниот слоган „New music first“. За разлика од загрепскиот „ИнМјузик“ и новосадскиот „Егзит“, кои годинава ја имаа среќата хедлајнери да им бидат The Cure, па продажбата на влезниците одеше како алва, МКЦ како организатори на овој фестивал на сосема различен начин и’ пристапуваат на музиката и претставуваат вистински свеж здив во регионот, што може и да се препознае по посетеноста, каде реки млади луѓе беа дел од возбудливиот настан синоќа во паркот зад МКЦ.

Читај повеќе

Амулјани

Не го давам Јадранско море, но поради близината, и особено кога имаш деца, Халкидики е пологичен избор. Од пријатели и познаници веќе неколку години наназад добивавме фини оценки за малото островче Амулјани, и оваа година падна одлука да се помине летниот одмор токму таму.

Читај повеќе

Скејт и ајвар

Кон документарниот филм „Тетовски самрак“ на Билјана Гарванлиева и Мануел Цимер

„Ние имаме толку многу интересни животни приказни, а речиси никаква продукција на авторски документарци, кои треба да содржат прецизна структура и јасна слика за тоа како ќе се сними филмот, а притоа да не се изгуби личниот и спонтан однос кон својата приказна, за на крајот филмот да изгледа како се’ да се случува само по себе. Тоа се вика среќата на документаристот“.

Читај повеќе

Водопад ДУФ, Ростуше

Пред влезот во националниот парк „Маврово“ има една табла десно на која пишува „село Дуф“. Немој да се зезнете и да се упатите надолу, таму не се наоѓа еден од најубавите водопади во Македонија (секако, ние ја знаевме приказната  ). Продолжете да возите кон Дебар, и додека уживате крај убавините на дивата Радика, го поминувате велелепниот Свети Јован Бигорски, и доаѓате на крстопатот каде треба да свртите нагоре, кон рустикалното Ростуше. Таму, на влезот од селото, си има уредно наместени табли кои ја означуваат патеката кон водопадот Дуф, кој всушност се наоѓа на Ростушка река. 

Читај повеќе