Кон романот „Мина“ од Игор Анѓелков; пишува: Тони Ќосев
Во деведесеттите години на минатиот век, на Балканот беснееја страшни војни. Во Белград почна да излегува неделникот „Време“, интелектуален светилник кој фрлаше светлина надалеку во тоа мракобесие. Последна рубрика во весникот беше „Време на уживање“, во која на лирски начин беа опишувани разни предмети, појави и активности кои помагаат за бегство од стварноста, како начин на преживување. Мене најмногу ми се допадна написот за дебелите книги. Читањето како библиотерапија.
Читај повеќе