Таг архива: награда

FIPRESCI review: A Fox Under a Pink Moon

in 23rd Millennium Docs Against Gravity Film Festival by Igor Angjelkov

At the 23rd edition of Millennium Docs Against Gravity in Warsaw, the FIPRESCI Award went to A Fox Under a Pink Moona documentary by Iranian filmmakers Soraya Akhalaghi and Mehrdad Oskouei. Through phone footage, animation, and deeply personal testimony, the film transforms one Afghan girl’s refugee journey into a powerful reflection on art, survival, and human dignity.

Читај повеќе

Наградата „ФИПРЕСЦИ“ за филмот „Лисица под розева месечина“

Синоќа во Варшава, на затворањето на 23 издание на фестивалот „Millennium Docs against gravity“, беа доделени наградите за најдобрите документарни филмови. Во силна конкуренција од 12 актуелни остварувања, со колегите Силвија Шостак и Барт Арментано, како претставници на „ФИПРЕСЦИ“ жирито, едногласно решивме наградата од нашето здружение да му ја доделиме на документарниот филм „Лисица под розева месечина“ на тандемот Мердад Оскојеи и Сораја Акалаги. Во продолжение е нашето образложение за оваа одлука.

Читај повеќе

Кон „Сите го викаат Реџо“ на Ибер Деари

На почетокот од годината премиерно се прикажа дебитантското долгометражно остварување на режисерот Ибер Деари насловено „Сите го викаат Реџо“. Во соработка со ко-сценаристот Артин Селмани, авторите успеале да снимат филм кој совршено кореспондира со публиката, вовлекувајќи ја длабоко во приказната облагородена со реалноста што секојдневно ја живееме. „Никој не го напушта домот, освен ако тој не е устата на ајкулата“ е влезниот цитат на Warsan Shire на почетокот од ова двочасовно патување, цитат кој ги поставува темелите на филмското сиже кое се движи од семејна драма до црна комедија.

Читај повеќе

„Златниот лав“ во Венеција за Џим Џармуш!

Во последниве години, знаејќи кон каде се движи светот наметнувајќи одредени агенди кои мораат да се протнат на голема или мала врата, малку работи ме израдувале во однос на филмската уметност, особено кога се работи за фестивалските награди. Оваа е една од нив!

Кој би рекол дека еден од омилените филмаџии ќе ќари „лав“ во Венеција. But, never say never! Со својата континуирана и посветена работа, Џармуш докажа дека кога ќе останеш свој, на крајот неминовно ќе си дојдат и резултатите. Затоа што тој, како старее, станува се’ подобар и подобар, како црвеното рујно вино. Честитки друже!!!

Читај повеќе

На стогодишнината од ФИПРЕСКИ – почесна награда за Клаус Едер во Минхен

Минатиот месец, на 42то издание на Филмскиот фестивал во Минхен, довчерашниот генерален секретар на ФИПРЕСКИ, Клаус Едер, заслужено ја доби почитта од меѓународната заедница на филмски критичари. Почесниот говор го одржа германскиот критичар Тило Видра, кој потоа му ја додели статуетката на славеникот. Од неговиот текст објавен на веб-сајтот на ФИПРЕСКИ го пренесуваме текстот посветен на г-нот Едер, кој зад себе има 38-годишно искуство во водењето на најстарата и најценетата организација на филмски критичари во светот.

Читај повеќе

Наградата од ФИПРЕСЦИ за „Април“ на Деа Кулумбегашвили

Денес завршува 35. издание на филмскиот фестивал во Љубљана, а синоќа на свеченоста во „Цанкарјевиот дом“ беа доделени годинашните награди. Жирито на најстарата организација на филмски критичари ФИПРЕСЦИ, во која членував заедно со Маруша Курет (Словенија) и Хамед Солајманзадех (Иран/Германија), во селекцијата „Перспективи“ составена од десет филмови на режисери во подем, наградата му ја додели на грузискиот филм „Април“ на филмаџиката Деа Кулумбегашвили.

Читај повеќе

За загрозената слобода на уметноста, отпорот и духот на времето во кое живееме

„Воодушевување“ е мал збор за да се опише говорот на годинешниот лауреат, австрискиот сценарист, режисер и продуцент Улрих Зајдл, кој го прочита на отворањето на „КинеНова#9“, прецизно опишувајќи го духот на времето во кое живееме и она кое ни претстои. Затоа во продолжение го пренесувам во целост, за уште еднаш да се увериме во моќта на изговореното како храбар став, како бистар поглед врз загрозената слобода на уметноста и воопшто, како став за самиот живот кој треба да го живееме и обликуваме како што треба и доликува.

Читај повеќе

Интервју со Улрих Зајдл, лауреат на „КинеНова#9“

Кога станува збор за австриската кинематографија, несомнен суверен е омилениот и наградуваниот филмски автор Михаел Ханеке. Меѓутоа, паралелно со неговата работа течеше и онаа на Улрих Зајдл, ништо помалку квалитетен и провокативен автор, чии филмови, како и неговиот писател сонародник Томас Бернхард, ја соголуваат малограѓанска Австрија. Ја имав честа да го интервјуирам добитникот на наградата за исклучителен придонес во филмската уметност на годинешниот фестивал, чии филмови „Рај: Надеж“ и „Рај: Љубов“ ќе имате можност да ги гледате во среда (20:30) и во петок (22:30) во Домот на култура „Билјана Беличанец“ (Киноверзум) во Кисела вода.

(c)IngoPertramer_2022_2023
Читај повеќе

FIPRESCI Grand prix 2024

На актуелниот филмски фестивал во Сан Себастијан, кој трае до 28 септември, традиционално, на отворањето беше доделена највисоката награда „Филм на годината“ на меѓународното здружение на филмски критичари „ФИПРЕСЦИ“. Годинашен лауреат е грчкиот режисер Јоргос Лантимос за неговиот филм „Poor things“, кој имаше фестивалска проекција вечерта по доделувањето на ова значајно признание.

Читај повеќе

Кон романот „По забавата“ од Стево Грабовац

Претпоставувам дека секој читател што ревносно ја следи книжевноста добро знае што претставува НИНовата награда „Роман на годината“, која го прослави 70-иот роденден.  И после сите случувања, реакции и контраверзи во изминатите десетлетија, оваа награда го задржа своето реноме и понатаму претставувајќи репер за квалитетна литература. Од моето скромно следење на наградените романи, во последниве години можев да забележам дека членовите на жирито беа прилично отворени и либерални, неретко наградувајќи романи кои си поигруваат со жанровите, и токму во тој импулс лежи храброста да се препознаат новите тенденции во книжевноста, за разлика од повеќето уредници во домашните издавачки куќи чие чувство не е далекусежно, туку во рамките на очекуваното и најчесто – здодевното. Актуелен добитник на „НИНовата награда“ за книга објавена во 2023 година е писателот Стево Грабовац за романот „По забавата“, во издание на „Имприматур“. Ова е едно од можните доживувања на овој стилски едноставен, но истовремено комплексен концепсиски роман.

Читај повеќе