Луѓето заминуваат од домот поради разни причини: економски, социјални, политички, еколошки… поради подобра животна средина, подобри услови за работа, подобра иднина за поколението… но, за жал, и поради војна. Воените мигранти одамна станаа наша реалност, и нивната интеграција во новите контексти е еден од најголемите предизвици на современието во кое живееме. Токму со оваа горлива тема во својот најнов филм се зафатил и генијалниот режисер Кен Лоуч, кој во соработка со сценаристот Пол Лаверти, во последниве неколку децении ни ги „подарија“ најдобрите социјални драми на големиот екран. Многумина велат дека ова му е последен филм на британскиот ветеран, но знаејќи ја неговаа упорност и возбуда секогаш да се фаќа во костец со проблемите на современиот човек, ништо чудно да видиме уште некое негово остварување во годиниве што следат, само ако го послужи здравјето.
Читај повеќеТаг архива: Синедејс
Кон „Бајка“ на Александар Сокуров
Еден од највозбудливите филмови прикажани на 22-иот „Синедејс“ дефинитивно беше новото остварување на рускиот режисер Александар Сокуров, кој по седумгодишен пост се враќа на големиот екран. Ученикот на Тарковски кого го сакаме поради неговите ремек-дела „Мајка и син“, „Руска арка“, „Татко и син“, „Александра“, „Фауст“… повторно се враќа на својата стара пасија, „поигрувањето“ со историските фигури, како и во неговата антологиска трилогија од почетокот на милениумот, „Молох“, „Бик“ и „Сонце“, каде ги „разголува“ Хитлер, Ленин и Хирохито на начин дотогаш невиден во филмската, и воопшто, во историјата. Овој пат на сцената ги имаме креаторите на човековата судбина во 20 век: Сталин, Хитлер, Мусолини и Черчил, а во споредни улоги се појавуваат Наполеон и Исус Христос.
Кон „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски
По редицата анимирани проекти, меѓу кои најуспешен е серијалот „Светот на Биби“, а во очекување на амбициозниот „John Vardar vs The Galaxy“ кој уште од 2017 година се најавува како првиот македонски анимиран игран филм и најголемиот копродукциски анимиран проект на Балканот досега, режисерот Гоце Цветановски деновиве ни го претстави својот прв долгометражен филм насловен „Бизнисот на задоволството“. Македонската премиера на ова остварување се случи на затворањето на „Синедејс“, а пред тоа филмот, за загревање, беше прогласен за најдобар долгометражен филм на фестивалот „Во палатата“ во Софија, каде што ја имаше и светската премиера.
Кон „Совршени денови“ на Вим Вендерс
Германскиот режисер во последниве две декади си игра падни-стани со својата кариера, но тоа е разбирливо поради возраста и различните интереси и ангажмани од кои беше дел во новиот милениум. Тој брилјираше со двата документарни филма: „Пина“ (2011) посветен на славната сонародничка, кореографката Пина Бауш, како и со „Солта на Земјата“, приказна за фотографот Себастајо Салгадо кој четириесет години го архивирал животот во скриените катчиња на земјината топка. И кога нештата веќе беа јасни, мислејќи дека тоа е жанрот преку кој германскиот мајстор ќе се изразува до крајот на кариерата, бидејќи, и покрај неколкуте обиди, не сними добар игран филм уште од „Пукање во Палермо“ (2008), еве го стариот добар Вендерс, онаков каков што го знаеме уште од времето кога Миро (Мирослав Поповиќ) во симпатичното кино во Музејот на современа уметност во Скопје, на средината од 90-те години на минатиот век, организираше ревија на неговите генијални остварувања од 70-те и 80-те години, и кога Вендерс на скопските љубители на седмата уметност им влезе под кожата.
Читај повеќеКон „Стела“ на Стојан Вујичиќ
Најавуван како прв долгометражен филм за деца и млади во македонската кинематографија, „Стела“ не успеа да доживее соодветна премиера во предвидениот термин оваа пролет поради корона вирусот. Уште долги месеци потоа тажно изгледаа автобусите на ЈСП развозувајќи ја платената реклама насекаде низ градот, а беше неизвесно и дали филмот воопшто и ќе се прикаже оваа година. Но, добрите вести стигнаа во септември, и по премиерата на отворањето на „Синедејс“, тој можеше да се погледне и на редовниот репертоар на ре-отворените кина во „Синеплекс“.
Кон „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски
На затворањето на „Синедејс“ во неделата се случи македонската премиера на „Исцелител“, дебитантското остварување на режисерот Ѓорче Ставревски, кој по долгогодишна работа на ова негово прво чедо конечно ни го подари нам, на публиката, надевајќи се дека на моменти непријатните пост-продукциски искуства сепак на крајот ќе имаат исцелувачка моќ врз неговиот филмски ентузијазам, зашто, едноставно, мора да биде така и никако поинаку. Филмот веќе игра на редовен репертоар во „Милениум“ и „Синеплекс“, а прекрасна увертира имаше само две недели претходно, кога на Солунскиот филмски фестивал екипата ја доби наградата од фестивалската публика, што понекогаш е далеку подрага, посуштинска и со многу поголема тежина отколку официјалните награди доделени од жирито, кои честопати се мерат на некаков си (лоби/политички) кантар. Затоа сега Ставревски слободно може да викне: „Солун е НАШ!“, бидејќи, според информациите, само еден филм пред „Исцелител“ добил поголем број на гласови од публиката во долгогодишната историја на престижниот фестивал.
Кон српскиот филм „Ветер“ на Тамара Дракулиќ
Селекцијата „СинеБалкан“ на Синедејс финишираше со српскиот филм „Ветер“ на режисерката Тамара Дракулиќ. По прилично темните приказни од балканските простори во изминатите денови, овој филм беше вистинско освежување, бидејќи изобилува со прекрасни кадри од Ада Бојана, крај легендарната плажа во Улцињ, каде престојуваат и фламинго-јата, како доказ дека Медитеранот си има свои скриени бисери кои, за среќа, сè уште опстојуваат како нечепнати еко-системи.
„Филм.мкд“, промоција, press release
Почитувани,
утревечер започнува 14. издание на фестивалот на европски филм (Хотел) Синедејс, во чии рамки во понеделник, на 16 ноември, во 19 часот, во Галеријата на МКЦ, ќе се случи промоцијата на книгата ФИЛМ.МКД на Игор Анѓелков. За книгата ќе зборуваат Роберт Насков и Мими Ѓоргоска Илиевска.
12. Cinedays во „Филмополис“ 462
Дванаесеттото издание на скопскиот филмски фестивал во новото издание на магазинот.
Читај повеќе11. „Синедејс“ во „Филмополис“ 416
Понудата на единаесеттото издание на скопскиот филмски фестивал „Синедејс“ во вечерашниот филмски магазин.
Читај повеќе