Една од најпријатните и најрелаксирани планинарски патеки која е близу до Скопје, а не бара особено напрегање, туку е наменета за рекреативци, е онаа до манастирот Свети Никола Шишевски од десниот брег над реката Треска и вештачкото езеро Матка. Пред две декади до овој манастир се стигнуваше влегувајќи во дворот на хидроцентралата, патем ѕирнувајќи во големите базени преполни со риби, па одејќи долж браната до карпата, каде имаше скалила, се качувате по нив и набргу стигнувате до првата чешма од која нагоре продолжуваше патеката до крајната дестинација. Но откако влезот во дворот на хидроцентралата веќе не е доволен, освен за туристичка посета на музејот, до шишевскиот манастир може да се стигне на три начини: од мостот на реката Треска во близина на кајакарските терени кај манастирот Света Богородица вo Долна Матка (половина час пешачење), од езерото Матка, откако со чамец ќе ве префрлат на другата страна на брегот (дваесетина минути), како и од врвот на планината Водно (2 часа и 30 минути). Ние, секако, го избравме првиот.
Читај повеќеАрхива за месец: ноември 2020
„Ши“ од Сашо Кокаланов
Деновиве од печат излезе новиот, петти роман од Сашо Кокаланов егзотично насловен „Ши“. Се работи за 190 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „ИЛИ-ИЛИ“, која го издава Кокаланов по втор пат, по романот „Ние сме лудаци“ од 2016 година.
Читај повеќе„Филм.мкд“ и „Филмски град“ на Игор Анѓелков, исклучително книжевно-филмско доживување
пишува: Мерсиха Исмајлоска
Пријатен предизвик. Можност да пишувам за книгите на Игор Анѓелков „Филм.мкд“ и „Филмски град“. Ми стигнаа по пошта, ги разгледував и уште првиот впечаток беше дека ќе понудат читателско искуство што се граничи со визуелно. Одеднаш добиваш и текст, и филм, како текстот да се конвертира во филмот за кој пишува Анѓелков.
Читај повеќе„Витезот и Византијката“ од Кица Колбе
Приказнава се одигрува првпат на моите страници. Личностите и настаните подлежат само на моите закони. Имињата на местата, градовите и земјите се реални. Секоја друга сличност со реалноста е плод на непредвидливоста на мојата творечка фантазија. Романот
На овој начин започнува новиот роман од Кица Колбе распослан на 340 страници, како 189 книга во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ. По „Земја на бегалци“ од 2018 година, Кица Колбе ни подарува нов роман во кој приказната е сместена во современието и се случува во Бон, Рим и едно гратче близу Фиренца. Главните протагонисти се докторанти по филозофија и историја на уметност на Универзитет во Бон.
Читај повеќеСтари билети од фудбалски натпревари
Со серијалот „Стари концертни билети“ во пет продолженија, во изминатиот период се потсетивме на некои убави времиња кога одењето на свирки беше нормална работа. Овој пат еуфоријата околу пласманот на Европското првенство на нашата фудбалска репрезентација наложи повторно да ги отворам архивите, и низ сочуваните билети од фудбалските натпревари, да направам една мала реминисценција на патот на нашите репрезентативци до фамозниот шампионат на Стариот континент следната година.
Читај повеќеЧувството на победа и радост, но и на пораз и тага преку спортот како драгоцени животни искуства
„Чуден начин на додавање, силно и никому.“
Звонко Михајловски, спортски коментатор
Времето е облачно, со овде-онде понекој сончев зрак. Рана пролет, 13 април 1983 година. Градскиот стадион во Скопје е подготвен да ги прими сите љубители на фудбалот, кои дојдоа да го проследат натпреварот од 24 коло на Првата југословенска фудбалска лига помеѓу Вардар и Осиек. Иако навивавме за белградски Партизан, го сакавме и го поддржувавме и Вардар како наш, локален клуб, кој таа година, според дотогашниот развој на настаните, гледаше да заврши таму некаде, на средината од табелата, без амбиции за европските купови, но и без страв од испаѓање, бидејќи од претходната година на повидок беше една нова, интересна генерација, која во комбинација со „старите волци“, не би требало да има проблем со послабите од себе. А со подобрите, оние од големата четворка: Црвена звезда, Динамо, Хајдук, Партизан? Па, во Скопје секогаш беа можни изненадувања. Ќе видиме.
Читај повеќеКераца Висулчева – спојувач на уметнички светови
Една од постојаните сликарски поставки која треба да се посети доколку патот ве води кон југот од земјава е онаа на сликарката Кераца Висулчева, изложена во импозантниот Сарај на Нијази бег во Ресен. Во денешниот Дом на културата „Драги Тозија“ се наоѓа спомен собата во која се изложени дел од цртежите и сликите од творештвото на Висулчева, како и фотографии, предмети, медали и одликувања и други признанија кои уметницата ги добила во разни европски држави. Тука е, секако, и последната нејзина слика, недовршениот портрет на Киро Глигоров, кој сесрдно и’ помогна да се пресели во Скопје и последните години од својот живот да ги помине во Македонија. Висулчева, пред својата смрт, шетајќи низ Македонија, изразила желба нејзините слики како постојана поставка да бидат изложени токму во оваа зграда во Ресен, бидејќи зградата ја потсетувала на годините и спомените од нејзините долги престои во Франција.
Читај повеќеКон „Хомо“ на Игор Иванов Изи
По премиерната проекција на затворањето на годинашниот „Синедејс“ на кровот на ГТЦ во септември, новото остварување „Хомо“ на режисерот Игор Иванов Изи деновиве е на редовниот репертоар во „Синеплекс“. Нестварно делуваше последната вечерна проекција во „Сити мол“, кој по 22 часот веќе беше празен, а десетината филмофили во најголемата кино сала беа единствените гости во трговскиот центар во моментот.
Читај повеќе