Освен регуларните студиски и лајв албуми, британските трип-хоп херои снимаат и добра филмска музика 😉

Освен регуларните студиски и лајв албуми, британските трип-хоп херои снимаат и добра филмска музика 😉

Како и „Сенки“ на Манчевски, и второто остварување на Теона Митевска „Јас сум од Титов Велес“ го следевме во неколку етапи. Првата од нив беше фестивалската премиера во Битола. Сестрите Митевски ги интервјуиравме во горниот хол, веднаш по импресиите од првата прикажувачка претстава на нивниот нов филм. И додека Лабина загрижено гледа и внимава што ќе каже нејзината сестра, Теона опуштено зборува за истражувањето, градот Велес и машко-женските односи во филмот. Еве ги интегрално текстот на прилогот и изјавите на соговорничките.
Читај повеќе
Во ова октомвриско издание на меѓупросторот на Радио Равел, фокус на изборот на музика на компилацијата уредена од Нувел Ваг. Уживајте 😉

Кон „Превртено“ (UPSIDE DOWN, 107 мин.) на Игор Иванов Изи
улоги: Милан Тоциновски, Сања Трајковиќ, Славиша Кајевски, Никола Ристановски, Инес Бојаниќ, Јордан Симонов, Елена Серафимович, Јовица Михајловски, Марија Кондовска, Ѓорѓи Јолевски
Од првата клапа на „Превртено“ во Дебар маало, која ја покривме во „Филмополис“ број 93, па сè до премиерата на филмот на отворањето на „Браќа Манаки“ („Филмополис“ бр. 177), Иванов како да имаше константна трема, загрижен како сето тоа ќе помине. И да, помина како што треба. Откако падна каменот од срцето, по проекцијата, во холот на Домот на културата во Битола направивме еден краток разговор со него и со Јовица Михајловски, еден од носителите на значајна ролја во филмот на дебитантот.
Читај повеќе
Легендарната њујоршка панкерка Пети Смит издаде прекрасен албум со преработки на нејзини, но и наши омилени теми. Вечерва го преслушуваме во целост.

Во 205 издание на меѓупросторот на Радио Равел, кавер верзии на познати теми од Пласибо. Уживајте!
