Авторска архива: Игор Анѓелков

Стрип трип #3: фајнал фронтир

Третото издание на меѓународниот фестивал кој ја слави деветтата уметност годинава се одржа од 6 до 8 јуни на стандардното место, во Младинскиот културен центар во Скопје. Викендот во метрополата, почнувајќи од петокот, беше богат со настани, па по фудбалот на „Градски“ со Белгија и Африканците на „ОфФест“, редно беше во последниот ден, на „финалната граница“, да се посетат и поддржат познаниците и пријателите кои со години… море, со децении ентузијастички ја туркаат стрип-приказната на овие простори. Во услови кога немате вистинска индустрија поврзана со стрип културата, исто како и со другите уметности, тогаш и самото постоење и одржување на овој настан претставува вистински успех, со надеж дека во годините што следат истиот уште повеќе ќе расте и ќе станува се’ позначаен и на регионално ниво.

Читај повеќе

„Летни приказни со ИЛИ-ИЛИ“

Летото веќе е на прагот, а тоа изискува добра книга покрај себе. По минатонеделниот фокус на едицијата „Виртус“, ИЛИ-ИЛИ ги продолжува традиционалните „Летни приказни“ со седмица посветена на моите книги. Понудата ги содржи сите изданија, и прозните и оние посветени на седмата уметност.

Читај повеќе

Нек си го терат колајо

Кон претставата „Деца на светот“ од Стефан Цанев, во режија на Васил Михаил

пишува: д-р Тони Ќосев

„Каде што ми е добро – таму ми е татковината“. Аристофан

„Смеа со солзи“, рекол Пушкин за Гогољ. Во времето на стереотипи, клишеа и излитени фрази, Стефан Цанев направил црнохуморна драма, толку искрена и горчлива. Моќна сатира за продолжената општествена криза. Налик на фадо мелодија – плач, полн со меланхолија и безнадежност. Темата е општобалканска – иселувањето на младата популација во современиот Елдорадо – развиените земји на Западот и Северот.

Читај повеќе

„Аладин и волшебната ламба“ на „Бродвеј јуниор“ во МКЦ

Синоќа во киното „Фросина“ во МКЦ се случи претпремиерата на мјузиклот за деца и младинци „Аладин и волшебната ламба“ во изведба на екипата од „Бродвеј јуниор“, под супервизија на Наташа Јанкова и Радо Алексовски.

Премиерата на преставата ќе се случи вечерва на истото место од 19 часот, во рамките на Фестивалот на детски мјузикли – Скопје 2025! „Аладин“ се изведува во препев на македонски јазик, а утревечер во рамките на фестивалот ќе се изведе мјузиклот „Убавицата и ѕверот“ на англиски јазик.

Срдечна препорака за родителите и нивните деца да си поминат убави заеднички моменти пред завршувањето на училишната година 😉

Читај повеќе

Ѓорче и Битола – две винилни компилации за едно големо задоволство!

Вчера во „Дајмонд мол“ се случи пазар на плочи на кој присуствуваа десетина изложувачи кои, според реакциите на посетителите, имаа сосема задоволувачка понуда. Со тоа уште еднаш се докажа дека винилот во последнава деценија и кусур е единствениот носач на звук за кој се’ уште има интерес и кој се’ уште е на цена. Убаво беше да се видат старите колекционери-мрчатори на едно место како повторно ги преџвакуваат веќе слушнатите приказни, но и новите генерации како си бираат албуми оригинално објавени во години кога тие воопшто не биле ниту идеја, а веројатно и нивните родители се’ уште не си беше фрлиле мерак. Се разбира дека во таква пријатна атмосфера човек може да потроши вистинско богатство пополнувајќи ги дупките во својата домашна колекција која функционира како бунар без дно, па затоа се одлучив да им дадам шанса на две тазе компилации од домашни артисти, чија вредност во следните години може само да расте. И не згрешив!

Читај повеќе

Нов филмски манифест „Догмa 25“

Викендов беа доделени престижните награди на филмскиот фестивал во Кан, како врв на дванаесетдневното фестивалствување по 78 пат. Една од работите по кое ќе се памети ова издание е старо-новиот манифест на данските Догмe-филмаџии, кој им овозможува на професионалците да ги реализираат своите замисли на еден поинаков, поприроден начин. „Screen daily“ информира дека триесет години по лансирањето на филмското движење „Догмe 95“, пет дански филмски режисери во подем на 17 мај во Кан го лансираа „Догмa 25“, манифестот со кој се обврзуваат на слични строги правила на натуралистичкото филмско творештво со цел „да се зачува оригиналноста на киното и да се создаде филм според негови услови“.

Читај повеќе

ФИПРЕСКИ награди во Кан 2025

На годинашното 78. издание на филмскиот фестивал во Кан, престижната „Златна палма“ ја освои филмот „Едноставна несреќа“ на режисерот Џафар Панахи. Ова воопшто не е изненадување бидејќи секогаш кога феноменалната иранска кинемтографија има нешто да понуди, тоа вообичаено на крајот станува лауреат. Меѓутоа, во овој текст се осврнуваме на одлуките на колегите од ФИПРЕСКИ, кои речиси секогаш се разликуваат од оние на официјалното жири, откривајќи нови таленти и нови пристапи во филмската уметност. Во продолжение ги претставуваме трите ФИПРЕСКИ лауреати на годинашниот Кан.

Читај повеќе

ИЛИ-ИЛИ на „Саемот на книгата“ 2025

Традиционалниот годишен „Саем на книгата“ во Скопје е место каде што заинтересираните издавачи го реализираат замисленото најдобро што можат. Се чини дека оваа наша најпосетена манифестација од културата, со одминување на времето, како се’ повеќе да се врти кон домашните автори, давајќи им простор за средба со читателите, што е навистина убаво. Гостувањата од странство се бројат на прстите од едната рака, а она што се случи со присуството на германскиот автор на психо-трилери Себастијан Фицек може да го сместиме во редот на „феноменолошки исклучок“. Тоа, се разбира, може само да радува, бидејќи гледаме еден куп млади луѓе со книги во рацете како со часови чекаат автограм од авторот, но истовремено е некако и тажно, особено за издавачи како ИЛИ-ИЛИ, кои четврт век се обидуваат да создадат една критична група на читатели која од година во година треба да станува се’ побројна, со регрутирање на млади сили, кои очигледно повеќе преферираат читање на комерцијална литература. Но, би рекле некои, важно е да се чита, па макар и водич за нова машина за перење алишта. Во продолжение на текстот ќе се обидам од субјективен аспект на доживеаното да ги доловам битните моменти поврзани со претставувањето на ИЛИ-ИЛИ на годинашниот саем на книгата.

Читај повеќе

Човек, најобичен

Претежно добар како лепче,

понекогаш бесен на цел свет.

Најчесто мирен како бубачка.

Неретко луд, здивен и лут како

ранет лав во савана.

Читај повеќе

Политичката авантура на Зоран Аврамчев

– Зошто! Зошто! Зошто! – си ја чукаше главата Зоран Аврамчев, чија приказна заслужува роман или барем некое социолошко-политиколошко истражување, ама ајде, еве ја вака, накратко.

Почна додека тој брзаше накај Агенцијата за вработување, да го фати рокот за поднесување документи за вообичаената предизборна еднократна помош за невработени. Значи, нема потреба од опис на неговото расположение.

Читај повеќе