Авторска архива: Игор Анѓелков

Божиќната молитва на Мирко Ковач

Мирко Ковач (26.12.1938 – 19.08.2013) беше наградуван и ценет писател и сценарист. Автор е на неколку романи, збирки раскази, есеи, ТВ драми и филмски сценарија. Познат е по тоа што беше против изградбата на мавзолејот на Његош. Тој сметаше дека постојната капела е добро инкорпорирана во традицијата и дека проектот на Мештровиќ е поврзан со монументалните египетски храмови, кои немаат никаква врска со христијанството, кое било столбот на животот на епископот. Сценарист е на славните филмови „Окупација во 26 слики“ (1978) и „Падот на Италија“ (1981) во режија на Лордан Зафрановиќ, а ко-сценарист, заедно со Живојин Павловиќ и Столе Попов, на култниот филм „Тетовирање“ од 1991 година.

Читај повеќе

Интервју во „Културен печат“ за новиот роман „Ветрилиште“

Новинарот и публицист Тони Димков е ретката светла точка во печатените медиуми кога станува збор за настаните од уметноста и културата. Во последниот, 261 број на „Културен печат“, додатокот на осум страници кој излезе во викенд изданието на „Слободен печат“, зборувавме за процесот низ кој поминав пишувајќи го „Ветрилиште“, но загатнавме и други теми релевантни за актуелната книжева сцена во Македонија. Всушност, сето она што беше (или требаше да биде) кажано на промоцијата на книгата, е фино сублимирано во ова интервју.

Читај повеќе

ТВ Телма за „Ветрилиште“

Од поранешните редакции за култура во електронските медиуми не остана речиси ништо. Телевизија Телма е еден од ретките бастиони кои во својот дневник практикуваат да покријат културни настани актуелни во моментот. Тие беа пријатното изненадување на промоцијата на „Ветрилиште“ во ДПМ, емитувајќи го прилогот веднаш по настанот, во третото издание на вестите, со што ги испочитуваа основните правила на новинарската професија.

Читај повеќе

Фото галерија од промоцијата на „Ветрилиште“

ДПМ, 17.12.2024, 19ч.

Кога ќе видиш насмеани и задоволни лица по настанот, тоа е знак дека се’ поминало во најдобар ред.

Голема благодарност до Оливера Ќорвезироска, до сите присутни (и оние онлајн) кои одвоија време синоќешната промоција да ја направат незаборавна, и се разбира, до фотографот Горан Михајловски 😉

Читај повеќе

Промоција на „Ветрилиште“ во ДПМ

Драги пријатели, со големо задоволство Ве информирам дека утревечер, на 17 декември во 19 часот, во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи промоцијата на романот „Ветрилиште“. Чинам дека помина доволно време (5 ноември) од објавувањето на јубилејната, десетта книга, па редно беше да Ве поканам на гости и да почестам. Со драгата пријателка Оливера Ќорвезироска ќе се обидеме да ви ја приближиме книгата најдобро што можеме. Оваа дружба на „Максим Горки“ бр. 18 е одлична можност не само за колегите, туку и за сите оние што досега не зачекориле во храмот на книжевноста, конечно да го сторат тоа.

Читај повеќе

Песни од Игор Исаковски

Во очи на десетгодишнината од прераното заминување на мојот омилен македонски поет, еве мал избор на фаворит-песни од Игор Исаковски од неговите збирки поезија.

Читај повеќе

Заводливата длабочина на едноставноста

Кон театарската адаптација на романот „Снег“ од Максанс Фермин

Во понеделникот во МКЦ, популарната „Денсинг сала“ во која вообичаено уживаме во концертните настани беше сосема непрепознатлива. Како да влегувате во временска машина која ве носи пар векови во минатото, во земјата на изгрејсонцето. „Виновникот“ за оваа поинаква реалност е сценографијата за претставата „Снег“, која по минатомесечната премиерна изведба повторно се врати на сцената, на исклучително задоволство на пристутните.

Читај повеќе

Суперхикс анплагд

Како да се заокружи 30-годишниот јубилеј од постоењето, освен со уште еден триумфален настан. Браво момци, браво Суперхикси! Во неделата се случи првиот од двата најавени „анплагда“ на бендот кој на музичка сцена како нашата, на која нема правила на игра, успева да опстои полни три декади со еден куп албуми и песни зад себе. По големиот концерт летото во паркот во Кисела вода, овој пат во истата општина, но во прекрасниот Дом на култура „Билјана Беличанец“, деветчлената банда успеа да направи акустична прошетка низ материјалот кој супериорно го градеше од година во година, за на крајот да станат една од ретките македонски групи со вистински интегритет.

Читај повеќе

Нобелова награда за мир

На денешен ден во 1979 година, на Скопјанката Гонџа Бојаџиу, попозната како Мајка Тереза, во Осло и’ беше доделена Нобеловата награда за мир. Во нејзиниот спомен-музеј во Скопје, на видно место се истакнати копијата од дипломата од овој настан и фотографијата која датира токму од 10 декември, кога Мајка Тереза лично ја примила наградата од Нобеловиот одбор.

Читај повеќе

Кон романот „Ветрилиште“

пишува: д-р Тони Ќосев

„Стварноста останува грдо пајче, се’ додека вниманието не ја претвори во лебед“. Владимир Пиштало

„Ветрилиште“ е најновото и најзрело дело на Игор Анѓелков, со кое се нареди во редот на моите омилени писатели од балканскиот книжевен простор – Јерговиќ, Басара, Маџунков, Миневски, Великиќ, Пиштало, Господинов, Картареску и др. Да, признавам, јас сум пристрасен и субјективен навивач на Анѓелков, но има вистина во таа констатација. Што би рекол Горан Бреговиќ : „Ма све вам могу речи мирно, мене и онако нико не узима за озбиљно…“

Читај повеќе