„Книгата „Филмско око“ на Игор Анѓелков (2025, Скопје: Или-Или), ја проследува продукцијата на седмата уметност во текот на последните неколку години. Претставува критичка хроника на дадениот период на македонскиот, европскиот и американскиот филм.

„Книгата „Филмско око“ на Игор Анѓелков (2025, Скопје: Или-Или), ја проследува продукцијата на седмата уметност во текот на последните неколку години. Претставува критичка хроника на дадениот период на македонскиот, европскиот и американскиот филм.

Одамна на овие страници не не’ заплиснале мудростите на скопските графити, но се чини дека дојде време за тоа. Низ 19 селектирани фотографии од Водно преку Центар до Карпош, ова е Скопје за почетници… и идиоти… и „пегли“… извајан од очај и чемер… но и полн со љубов. Ова е Скопје во некоја од можните стварности 😉

Избор од стихозбирката објавена во 2025 година од „Креативна верига“
под друго небо
(скопје, август 2022)
седиме на една клупа во паркот, гласно
џвакаме наполитанки, и ги гледаме облаците.
еден облак онаму ти личи на кит.
денот е топол и голем колку детско срце.
еден ден ти исто ќе седиш на клупа со твојата
ќерка и исто ќе се смеете, само се надевам тоа
ќе биде некаде далеку, под друго небо, не тука.
овде отсекогаш останувале само будалите,
колку за на смртта да не и’ биде здодевно.

Кон романот „Ветрилиште“; пишува: Марија Трифуновска Тасеска
Драг Борис,
Првично, делуваш како обичен човек, ако обичен е нешто што навистина постои. Не знам по кои критериуми би се утврдила обичноста или необичноста кај некој. Дали можеби тоа што си опишан како човек кој живее обичен живот и станува со кукуригањето на петелот, па слуша музика користејќи грамофон и го пие кафето на балконот, те прави само обичен човек? Или тоа што сакаш „обични, секојдневни нешта – како редење дрва, косење трева, чистење олуци?“
Ако е тоа критериум, тогаш, кој е посебен?

Деновиве уживам во повторното читање на легендарниот албум „Angel’s breath“ на Милан и Суба од 1994 година. Нивната соработка под светлото бразилско сонце од деценија во деценија добива се’ поголемо значење, па „препрочитувањето“ на материјалот со универзални вибрации е сосема очекувано, па дури и пожелно. Минатата година „Менарт“ го објави ЛП-то „Angel’s Breath de/re/konstrukt“ на проектот „Жива вода“ во соработка со Дарко Рундек, кој и во претходни наврати сакал да преработи песни од неговиот добар пријател од ЕКВ. Кога го слушнав материјалот, буквално одлепив со каков авангарден пристап музичарите на песните им дале сосема нов живот и здив. Тргнувајќи да најдам повеќе информации за проектот, наидов на еден прекрасна рецензија која ги содржи повеќето работи кои и јас сакав да ги напоменам во текстот. Затоа одлучив да го „позајмам“ освртот од колегите на страницата „Тhoughts Words Action“, кој можете да го прочитате подолу.

Кога се наоѓате во пазувите на првиот главен град на Италија, неизбежно е да ги посетите знаменитостите во центарот на градот, како „Кралскиот музеј“ и Музејот и црквата на Светиот покров, но уште подобро е доколку нешто пријатно Ве изненади. Тоа ми се случи со сосема неочекуваното откривање на музејот посветен на планината во Торино, како прво искуство од ваков вид во животот. Веројатно низ светот постојат многу вакви тематски музеи посветени на убавините на нивните величества – планините, но еве, судбината сакаше за мене тоа да се случи токму на северот на Италија и токму во подножјето на величествените Алпи, кои гордо стојат на кровот од Европа.

Вчера светот го одбележа заминувањето на американскиот актер Роберт Дивал. Тоа е оној човек во холивудските филмови кој секогаш е некако во позадина, но со своите перформанси често пати ја „крадеше“ магијата од главните актери. Тој е актер кој се трансформираше во уверлив адвокат на мафијата во легендарниот „Кум“, командантот од Виетнам опседнат со сурфање во „Апокалипса сега“, изговарајќи ја незаборавната реплика „го сакам утринскиот мирис на напалмот“, и многу други филмски, театарски и телевизиски ликови. Почина во неделата на 95-годишна возраст.

Во четвртокот стартуваше 76-тото издание на „Берлиналето“, кое секогаш е непредвидливо и нуди интересни наслови. Во оваа прилика се потсетуваме на легендарното издание од 2013 година, кога неочекувано наградата за најдобар актер ја доби босанскиот Ром, натуршчикот Назиф Мујиќ, за неговата ролја во филмот „Епизода од животот на собирачот на железо“ од Данис Тановиќ.

Кон „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска
По двojната оскаровска номинација за „Медена земја“, сосема очекувано беше режисерката Тамара Котевска да ја продолжи својата приказна во рамките на креативната документаристика и повторно да предизвика внимание не само во регионот, туку и во светски рамки. Во изминатите месеци нејзиното име повторно беше актуелно благодарение на новиот документарен филм „Приказната за Силјан“, кој освои еден куп фестивалски награди и на крајот, за жал, не влезе во најтесната конкуренција за „Оскарот“. Да потсетиме, во меѓувреме од нејзината работилница ја добивме филмуваната верзија на приказната за куклата Амал („Патување пеш“, 2024), а со нетрпение го очекуваме и првиот долгометражен филм на авторката, кој (треба да) е во постпродукциска фаза.

Тргнувајќи од текстот на народната песна, домаќинот треба да ги отвори ширум вратите, но и срцето, особено кога најавено доаѓаат добри гости, а досега многу пати се покажало и докажало дека Охрид како домаќин знае како тоа да го стори. „Издавачката куќа „ПНВ Публикации“, во соработка со „Поетска ноќ во Велестово“ и „Култура Бета“, в сабота, на 7 февруари, во Охрид ќе го реализира проектот „Добри гости“, преку кој иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители“, се вели во соопштението на издавачката куќа која по осми пат го реализира овој настан.
